Автор: инфодеск
Post Views: 370 Нов случај на напад од куче скитник, овојпат во Лескоец, информираат од СВР Охрид.На 13.08.2022 година во 23:40 часот, С.С.(35) од охридското село Лескоец, во СВР Охрид пријави дека, на локален пат во селото, била касната од куче скитник.
Кумановец приведен во Охрид
Post Views: 389 На 13.08.2022 година во 20:30 часот, во СВР Охрид, лишен од слобода е К.Ж.(22) од Куманово.При претрес извршен во стан во Охрид, што привремено го користел, полициските службеници пронашле и одзеле предмети со остатоци од опојна дрога марихуана и кокаин. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Музичка убавина со Јосифоска и Џермановиќ
Post Views: 329 Со духовна грациозност и нагласен виртуозитет се огласија вчеравечер на „Охридско лето“ младите уметници од Србија, виолончелистката Ирена Јосифоска и пијанистот Александар Џермановиќ.Публиката уживаше во маестралната изведба на Сонатата во Це-дур за виолончело и пијано од Бетовен, во Фантастичните пиеси на Роберт Шуман, во Сонатата за виолончело и пијано од Сергеј Рахмањинов, како и во композицијата „Le grand Tango“ од Астор Пјацола.Подиумот во црквата „Света Софија“ зрачеше од музичката убавина што ја приредија двајцата млади уметници со префинето...
АРМ слави 30 години
Post Views: 338 Македонската армија на 18-ти август одбележува 30-годишен јубилеј. Одбележувањето ќе започне во среда, а во АРМ ве покануваат да ја погледнете воената опрема и да уживате во музика.По повод одбележување на триесет годишниот јубилеј ве покануваме заедно да ја проследиме презентацијата на воена опрема, вештините кои ќе ги прикажат нашите волци, обученоста на службените кучиња и многу музика! Ве повикуваме на отворениот ден по повод одбележување на Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“ – велат од АРМ.Настанот ќе се одржи на воениот стадион...
Одржана манифестацијата Вечер на Живко Чинго
Post Views: 325 Во родното место на великанот Чинго, во атарот на манастирот Св. Петка вчеравечер се одржа традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“.Во рамки на одбележувањето беше доделена наградата за најдобар расказ на авторката Анета Велкоска – ОДА за расказот „Зошто роботите не умеат да љубат“.Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.Почитувано семејство на Живко Чинго, дами и господа, драги Велгоштани,Од година во година иста или слична сценографија за манифестацијата посветена на нашиот великан Живко Чинго. И...
Вечер за паметење со Ридаут и Дупре
Post Views: 310 Младите и извонредно талентирани музичари, виолистот Тимоти Ридаут и пијанистот Франк Дупре беа вистинско изненадување за публиката на фестивалот „Охридско лето“ со концертот што го приредија вчеравечер во црквата „Света Софија“.Тимоти Ридаут е еден од водечките млади солисти во Европа. Дел е од програмата на Би Би Си „Уметници на новата генерација“ од 2019 година и дел од уметничката програма на Линколн центарот во Њујорк од 2021 година. На фестивалот „Охридско лето“, тој уште еднаш потврди дека станува збор за млад уметник со светско реноме.Акустиката е...
Жител на Пештани нападнал повозрасна жена
Post Views: 563 На 12.08.2022 во 20:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во близина на угостителски објект во селото Пештани, Ј.М.(36) физички ја нападнал В.К.(73), двајцата од истото село.Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
На пат секогаш тргнувај одморен
Post Views: 305 Под мотото „На пат секогаш тргнувај одморен”, Одделението за превенција при СВР Охрид и РСБСП ја спроведуваат превентивната кампања „Безбедно лето 2022″.За таа цел, полициски службеници на Граничниот премин „Ќафасан” и на повеќе локации во Охрид низ кратки едукативни разговори со возачите на моторни возила потсетија на потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи како основен предуслов за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, со акцент на подигањето на свеста за влијанието на заморот и на високите летни...
Пецаков со поддршка за органодарителството
Post Views: 313 Во организација на националното здружение „Храбро срце“ на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ се одржа пригоден настан по повод Светскиот ден на органодарителството.На настанот присуствуваше Градоначалникот Кирил Пецаков кој преку видео порака даде јавна поддршка на кампањата за органодарителство.Драги сограѓани, додека ние сме безгрижни и среќни, а вообичаните животни предизвици се наша главна преокупација, покрај нас има луѓе, за кои секој нов ден е исполнет со страв, неизвесност, очај и едно единствено прашање – Дали ќе слушнат позитивна...
Меѓународен музички мајсторски курс
Post Views: 253 Концерт на учесниците на меѓународниот музички мајсторски курс под раководство на пијанистката Тамила Гулијева и виолинистот Емилио Перцан ќе се одржи денеска од 17 часот во црквата „Света Софија“ во рамките на „Охридско лето“.Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика, под уметничко раководство на виолинистот Емилио Перцан постои од 2009 година. Првите три години се одржува во Истра, Р. Хрватска, за од 2014 година со поддршка на Министерството за култура на Р. Северна Македонија да продолжи да се одржува во Охрид. Семинарот го посетуваат...
Концерт на Јосифоска и Џермановиќ
Post Views: 303 Редовниот фестивалски термин од 21 часот во црквата „Света Софија“ вечерва е резервиран за виолончелистката Ирена Јосифоска и пијанистот Александар Џермановиќ од Србија.Ирена Јосифоска е една од најперспективните виолончелистки на нејзината генерација.Добитник е на прва награда на натпреварот „Габриели“ во 2021 година, таа се закитува и со наградата „Жан Никола Фирмених“ доделена од фестивалската академија во „Вербие“.Во 2017 година таа е најмлад полу-финалист на престижниот натпревар „Кралица Елизабета“ во Белгија.Родена е во 1996 година...
Масакр во Цетиње
Post Views: 355 Во масакрот што се случи вчера во Цетиње, во кој Вук Бориловиќ (34) уби десет лица, по што беше ликвидиран, загинаа членови на вкупно пет семејства, меѓу кои и две деца.Денеска беше соопштен идентитетот на жртвите во вчерашниот масакр. Најстарата жртва имала 81 година, додека најмладата имала само 8 години.Данијела Радуновиќ (51), Александра Радуновиќ (52), Милан Митровиќ (37), Рајко Дрецун (56), Димитрије Дрецун (81), Даница Дрецун (74), Горан Ѓуришиќ (54), Наташа Пејовиќ Мартиновиќ (35), М.М. (11) и М.М. (8).Тие биле убиени со ловечка пушка од...