Автор: инфодеск
Post Views: 45 Изборниот караван на кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска доаѓа во регионот на Охрид и Струга.Пендаровски ќе биде меѓу граѓаните на Дебрца во 16:00 часот, во Вевчани во 17:30, Струга во 18:30, по што ќе се одржи и централен настан во Охрид со почеток од 20:00 часот.
Максим Димитриевски од ЗНАМ од утре до понеделник во Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца
Post Views: 65 Кандидатот за претседател на Република Македонија, Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија ќе ја презентира програмата во охридско струшкиот регион.Според агендата на караванот предвидено е во сабота во 12 часот средба со граѓани во општина Вевчани, додека во 13часот и 30 минути караванот се сели во општина Струга. Од општина Струга, караванот доаѓа во Охрид каде во недела предвидено е од 18 часот да има голем собир на граѓани.„На ден 07.04.2024 година Ве покануваме на јавен собир на граѓани со почеток во 18 часот на плоштадот кај...
Гордана Силјановска Давкова вечерва ќе ја презентира програмата во Вевчани, Струга и Ресен
Post Views: 140 Предизборната кампања за претседателските избори денеска продолжува со презентација на програмите на кандидатите на митинзи, дебати и средби со граѓани.Кандидатката за Претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вечерва ќе ја презентира програмата во Вевчани, Струга и Ресен. Настанот во Вевчани ќе започне во 17 часот, во Струга во 18.30 часот и во Ресен во 20:30 часот.
Продолжува растот на цените на угостителските услуги
Post Views: 55 Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2024 година, во споредба со февруари 2024 година, е зголемен за 0.2 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 % и Алкохолни пијалаци за 0.1 %.Индексот на цените на угостителските услуги во март 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.0 %.Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – март 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е...
Првото кино во Охрид било изградено пред точно еден век
Post Views: 152 Изложбата на старите филмови кои ги гледале охриѓани во минатото, ги врати спомените за старото кино во Охрид. Првото кино во Охрид познато кино „Охридско Езеро” , било изградено во далечната 1924 година, пред точно еден век, од страна на семејството Петкоски- Мартиноски. Тогашната опрема кинопроекторот моментално се наоѓа во кинотека Скопје. Љубителите на филмската уметност, велат тоа треба да биде музеј кој ќе може да го посетуваат и граѓаните и туристите и да може да ја...
Висок процент на вакцинација на децата во охридско струшкиот регион
Post Views: 38 Во струшко висок процент на вакцинација, дури 98,8% од децата се вакцинирани со дитипер и полио. Висок процент на вакцинација има и во Охрид, околу 82% од децата се имунизирани. Малку понизок процент од 80 % има за првата ревакцина, која децата ја примаат на возраст од 1,5 година, причината е во тоа што во истиот период се прима и вакцината за морбили, за која во псоледните години се крена непотребна фама дека таа вакцина влијае врз психофизичкиот развој кај децата. Лекарите велат науката докажала дека нема потреба од двоумење за...
Охрид ќе се збратимува со Варна
Post Views: 88 Охрид ќе се збратимува со најголемиот црноморски град во Бугарија и трет по големина во земјата, Варна. Оваа информација ја откри градоначалникот на бугарскиот приморски град. Општина Варна доби барање од Охрид за збратимување, соопштил градоначалникот Благомир Коцев, на регионалната конференција „Европа на Балканот: Заедничка иднина” што се одржува токму во Варна. Коцев изјавил дека тоа претставува исклучителна можност за зближување не само на двата града, туку и на двете држави. Градоначалникот на Варна, како што објави БТА, уште посочил...
Утре ќе се одржи Јавната презентација и расправа за Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид (2023-2027)
Post Views: 41 Утре (05.04.2024г.) во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 11 часот ќе се одржи Јавната презентација и јавната расправа за Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид (2023-2027).Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид (2023-2027) е објавен на веб страната на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk почнувајќи од 15.03.2024 год. до 14.04.2024 год. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење,забелешки и предлози....







