Автор: инфодеск
Post Views: 403 Самоукиот охридски гитарист Никола Гугоски објавува музички видео лекции на интернет платформите на кои го следат над 200 илјади луѓе, со над 50 милиони прегледи, претежно странската публика.Неговата дружба со гитарата започнува на 14годишна возраст без претходно музичко образование, период кога се појавуваат онлајн платформите на кои што сега ги објавува гитарските лекции.„ Како тинејџер ми беше интересно да видам што се објавува, учев од некои од тие гитарски видеа, ми беше интересно да пробам, немав ни опрема и не знаев како се креаираат овие видеа, но...
Услуги за бесплатна правна помош
Post Views: 403 Утре во Охрид во 9 часот пред Чинарот и задутре во Струга во 9 часот на Градскиот пазар ќе се организира настан за подигнување на свеста за можностите за бесплатна правна помош и да се осигури подобра искористеност и пристап до овие услуги.Оваа активност е дел од серијата активности за подигање на свеста, чијашто цел е да се промовира користењето на бесплатната правна помош во Македонија. Тие ќе се обидат да допрат до разни локални заедници за да им дадат детални информации за тоа каде и како можат да најдат бесплатна правна помош и кои институции/организации...
Урбаната опрема повторно на удар на вандалите
Post Views: 270 Вандали повторно ја демолираат урбаната опрема во градскиот парк. Превртени се и уништени клупите најверојатно од страна на млади луѓе кои под дејство на алкохол во вечерните часови вршат уништување на клупите кои се потреба за сите граѓани.Како Јавно претпријатие продолжуваме со акцијата за санирање на оштетените клупи и повторно АПЕЛИРАМЕ да се подигне свеста кај несовесните граѓани кои ги уништуваат јавните добра – велат од ЈП „Градски Пазар“ Охрид.
Концерт за виола и пијано на Охридско лето
Post Views: 260 Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва во црквата „Света Софија“ од 21 часот со концерт на виолистот Тимоти Ридаут од Велика Британија и пијанистот Франк Дупре од Германија.Тимоти Ридаут е добитник на инаугуративната награда со името на Сер Џефри Тејт во Хамбург, и носител на стипендија од фондацијата Борлети-Буитони. Тој со сигурност е еден од водечките млади солисти во Европа.Дел е од програмата на Би-Би-Си „ Уметници на новата генерација“ од 2019 година и дел од уметничката програма на Линколн Центарот во Њујорк од...
Холанѓанец излетал од патот со трактор
Post Views: 425 На 11.08.2022 година во СВР Охрид, пријавено е дека на локален пат во охридското село Горно Коњско, излетало возило Т3 трактор, при што повредени се две лица.Од извршениот увид, констатирано е дека возачот У.В.Ј.(25) од Холандија, изгубил контрола, удрил во дрво по што, возилото се превртело. Возачот и сопатникот В.Ј.М(22), од Холандија, со возило на Итната медицинска помош, се пренесени во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде им се констатирани тешки телесни повреди – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Се огласи Централен регистар
Post Views: 376 Централен регистар на Република Северна Македонија во своето работење секогаш постапува и се води согласно постоечките закони во државата, стои во соопштението на Централниот регистар во врска со регистрацијата на здружението Цар Борис III.Во Законот за здруженија и фондации не се предвидени посебни одредби (Регистар) за спорни и негативни личности од историјата.Централниот регистар постапува согласно важечкиот Закон за здруженија и фондации во кој е наведено дека Правото на слободно здружување се остварува преку здружување во здруженија, фондации, сојузи...
Полиција изврши увид кај дигиталниот споменик
Post Views: 315 На 11.08.2022 година во 19:30 часот, во СВР Охрид пријавено е насилно отстранување и одземање на 27 букви од дигиталниот споменик и на македонското знаме, лоциран на улицата „Коста Абраш“ во Охрид.Споменикот, сопственост на општина Охрид, потоа бил исклучен од електрично напојување. По насока на јавен обвинител, на местото на настанот, увид извршија полициски екипи. Се преземаат мерки за расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Струга нема решение за бездомните кучиња
Post Views: 430 Лаежот на бездомните кучиња, секојдневно сее страв во струшко. Туристичка Струга цело лето мака мачи со големиот број глутници низ градот. На социјалните медиуми секојдневно се споделуваат видеа од агресивни кучиња кои бркаат автомобили, велосипеди и граѓани. Искуства од нападнати и повредени граѓани.Лавина реакции и коментари од типот институциите се глуви на горливиот проблем со кој се соочуваат стружани и гостите.Од СВР Охрид велат велат зачестени се нападите од страна на бездомните кучиња.Граѓаните ги пријавуваат нападите, веднаш потоа се...
Поетска ноќ во Велестово
Post Views: 378 Од 19-ти до 21-ви август, ќе се одржи 34-тото издание на Поетска ноќ во Велестово.Во програмата се предвидени три поетски читања на кои ќе учествуваат десетина поети од земјава и од странство, ќе биде отворена ликовна изложба, а ќе има и работилница за креативно пишување и иновативно интерпретирање поезија наменета за млади од регионот, како и дебати за важноста на книжевниот превод и за улогата на пејзажот во книжевноста, односно, за подигање на свеста за екологијата.Официјално, програмата ќе започне во петок, на 19 август од 21 часот, традиционално во...
Тешка сообраќајна несреќа кај Дубровник
Post Views: 512 Неколку лица се повредени во судир на два автомобили со дубровнички регистарски ознаки на државниот пат Д-8, недалеку од кривината за Босанка. Тие со возило на Итна медицинска помош се пренесени во ОБ Дубровник.Полицијата известува како се одвива сообраќајот, од градот преку жичарницата, а излезот е преку Комолц.Сеуште не е познато како дошло до несреќата, пренесе Блиц.рс.
Повреден велосипедист во Охрид
Post Views: 294 На 10.08.2022 во 11:10 часот било пријавено дека во Охрид на крстосницата од ул. „Гоце Делчев“ со ул. „Никола Петров Русински“, велосипед управуван од М.Ќ.(80) од Охрид паднал на коловозот, откако патничко возило му го пресекло правецот на движење.Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.
Шахот ќе биде изборен предмет од септември
Post Views: 456 Од први септември, шахот станува изборен предмет за учениците од прво и второ одделение. Шаховската федерација на Македонија потврди дека постигнат е договор со Министерството за образование и информацијата за вметнување на шахот во наставната програма е веќе објавена. Според Зоран Стојчевски од Шаховската Федерација, на часовите би се изучувале основите на шахот, начинот на движење на фигурите, какви потези постојат и слично, а целта е да се подобри концентрацијата, меморијата, креативноста и критичкото размислување кај децата.Според очекувањата во секое...