Автор: инфодеск
Post Views: 373 Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид . Универзитетот денес и утре организира отворени денови на кои сите заинтересирани матуранти и нивните родители имаат можност да се запознаат со условите за упис и студиските програми.„Во овој универзитет дојдов по препорака од моето друштво и од роднините, го пофалија многу и ќе видиме дали е исто толку добар колку што е пофален“, вели заинтересирана матурантка.Универзитетот основан во 2008мата година, богат со научно истражувачка работа, настапување на бројни...
Античката лира ги воодушеви охриѓани
Post Views: 393 Прекрасните звуци на античката лира вчеравечер прозвучија во катедралната црква „Света Софија“ со триото LEΣ LYRISTEΣ кое музицираше на „Охридско лето“.Настапија Софија Каракута, вокал и тригином, Роза Фрагорапти на лира и Никос Ксантулис на лира варвитон.Како што рече уметникот Ксантулис, прекрасниот звук на лирата кој ги маѓепсувал античките филозофи е оживеан низ музицирањето на ова трио во комбинација со основниот човечки инструмент- гласот и на тој начин лирата го бара своето место на музичките сцени во денешното, модерно време.На...
Одиграна претставата Балкан Бордело
Post Views: 399 Во рамки на драмската програма на „Охридско лето“ вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одигра театарската претстава „Балкан Бордело“ од Јетон Незирај, трансатлантски театарски проект помеѓу САД, Косово и Србија, во соработка со Центар Мултимедија – Приштина, Театар Ателје 212 – Белград и Мој Балкан – Белград/Њујорк. Режисер на претставата е Блерта Незирај.„Балкан Бордело“ е сага за едно балканско семејство и се темели на Есхиловата трилогија „Орестија“.Како аватар на современиот свет, Агамемнон се враќа триумфално од бојното поле,...
Поевтинуваат бензините
Post Views: 376 Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, а цената на дизелот и на мазутот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 90, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 85,5 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и понатаму ќе остане 90...
Концерт на пијанистката Валентина Лисица
Post Views: 380 Музичката програма на 62-то „Охридско лето“ продолжува вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ со концерт на големата украинско-американска пијанистка Валентина Лисица.Лисица многумина ја сметаат за првата Jутјуб ѕвезда на класичната музика, но таа е повеќе од тоа. Таа е првиот класичен уметник кој успеал својот интернет успех да го претвори во глобална концертна кариера во некои од водечките концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка и Азија.Валентина своето прво видео на интернет го постира на Јутјуб во 2007 година-снимка на Етидата оп. 39 од...
Шоу со Тино и Атанас во Џез ИН
Post Views: 495 Утре со почеток во 20 часот, комедија со Тино и Атанас во Џез Ин. Шоуто е во рамки на Summer Comedy Marathon 2022.На ваше огромно задоволство ви ги претставуваме Тино и Атанас. Познатото дуо комичари Валентин Костадиновски и Атанас Атанасовски за првпат ќе згазат на сцената на Jazz Inn. Саат и кусур интензивна комедија која не е за пропуштање – велат организаторите.Summer Comedy Marathon 2022 е помогнат од ресторант Летна Бавча Канео и Irish Pub Five.Картата чини 250 денари, а може да си резервирате на телефонскиот број : 075 283 066.
Архитектонско урбанистички план
Post Views: 469 Општина Охрид организира јавна анкета за Архитектонско-урбанистички план за ГП 7.1.96.ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА за Архитектонско-урбанистички проект за ГП бр.7.1.96 на дел од КП 10888, дел од КП 10885, 10993/3, 9286/20 и 9286/21 КО Охрид 2, во ДУП УРБАНА ЗАЕДНИЦА 7 БЛОК 7.1 Охрид, со намена В1-образование, општина Охрид – стои во соооштението.Јавната анкета ќе трае од 15-ти до 19-ти август.Повеќе информации на следниот линк
Голем шумски пожар на грчкиот остров Тасос
Post Views: 423 Голем шумски пожар во источниот дел на грчкиот остров Тасос е активен од синоќа, а утрово, превентивно е евакуирано приморското село Кинира, јави дописничката на МИА од Атина.Пожарот е во планински непрооден дел, интервенираат 102 пожарникари со пет пешадиски тима и 33 возила, шест авиони и шест хеликоптери од кои еден е за координација, а помагаат и пожарникари волонтери, армијата, како и цистерни и возила од општините.Поголемиот дел од пожарникарите на островот пристигнаа од северна Грција.Преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до...
Емотивни бранувања со Шломо Минц
Post Views: 312 Емотивни бранувања кај публиката која е љубител на класичната музика предизвика синоќешниот концерт на американско-израелскиот виртуоз на виолина Шломо Минц кој се одржа во рамките на Американската вечер на 62-то „Охридско лето“.Пред почетокот на концертот се обрати вршителот на должност Амбасадор на САД во Република Македонија, Ерик Мајер.Почестен сум што сум овде вечерва. Пресреќни сме поради нашето учество на овој фестивал, поради Американската вечер со нашиот многу посебен виолинист. Се надевам дека публиката ќе ужива. Како дипломати тука...
Човечки труп пронајден по течението на Треска
Post Views: 343 Во атарот на кичевското село Вранештица, по течението на реката Треска, кај месноста „Капалиште“, вчера околу 14 часот пронајден е човечки труп, информираат од СВР Охрид.Увид на местото изврши тим од полициски и медицински екипи, предводен од Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Почина фудбалската легенда Кирил Дојчиновски
Post Views: 492 Македонија денеска се збогува со македонската фудбалска легенда, Кирил Дојчиновски. Се збогува и Балканот и сите оние фудбалски колективи кои беа тесно поврзани до легендата на македонскиот фудбал.Емотивна порака, потсетувајќи се и на своето последно интервју со Дочиновски, испрати и белградска Црвена Звезда каде македонската легенда настапуваше од 1967 до 1974 година, достигнувајќи ја својата најголема фудбалска слава.ФК Црвена Звезда со голема жал ја информира јавноста дека уште едно големо фудбалско име не напушти засекогаш, Кирил Дојчиновски кој не...
Забрана за увоз на руски јаглен во ЕУ
Post Views: 378 Од денеска стапува на сила целосната забрана за купување руски јаглен. Мерката беше одобрена како дел од четвртиот пакет санкции усвоени во април против Русија поради војната во Украина.Друга забрана за увоз од Русија треба да се имплементира подоцна оваа година – делумно ембарго на нафта.Испораките од Русија ќе бидат заменети со оние од Северна Америка, Јужна Африка, Колумбија, Австралија и Казахстан. Станува збор за значителни количини, бидејќи 70 отсто од увезениот јаглен во Европа доаѓа од санкционираната земја.Ембаргото влијае на 22,6 отсто од...