Skip to main content

Автор: инфодеск

Дечињата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ го одбележаа Светскиот ден на литерaтурата за деца

Post Views: 52 Педесеттина децата на возраст меѓу пет и шест години од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – објект централна  предводени  од  воспитните тимови: Ружица Томоска, Габи Дејкоска; Зорка Димоска,Весе Блажеска, Катарина Довлева во Библиотеката „Григор Прличев“ се дружеа со книгите. Така на еден убав и непосреден начин го одбележава Светскиот ден на литературата за деца.-На радоста и немаше крај. Низ полиците преполни со книги малите гостинчиња г и водеа колегите Весна Симоноска и Коста Трифуноски. Посебна возбуда за нив претставуваше посетата на одделението со книги за...

Продолжи со читање

Кариерно советување во петок во Младински Центар Охрид

Post Views: 37 На 5 април, петок, со почеток во 11 часот во Младински Центар Охрид ќе се одржи кариерно советување со сертифициран кариерен советник со осврт на нова методологија за процесот на кариерно советување.Дел од истиот проект е и методологија под назив – Sport4employability, која повторно е со осврт на личен и кариерен раст и развој кај младите. Овие две алатки служат за саморефлексија, препознавање и валидирање на сопствените вештини. Помагаат во личниот развој на младиот човек и со тоа придонесуваат за подобар кариерен избор, велат од Младинскиот Центар.Преку...

Продолжи со читање

ДИК го заклучи избирачкиот список, запишани околу 1,8 милиони гласачи

Post Views: 55 Државната изборна комисија (ДИК) го заклучи Избирачкиот список за  спроведување на претседателските и парламентарните избори.За претседателските избори на 24 април во избирачкиот список се запишани 1.814.317 гласачи, а за парламентарните избори на 8 мај, 1.815.350.Од запишаните гласачи за претседателските избори, 1.713.758 се пријавени за гласање во државата, пријава за гласање во дипломатско козуларните претставништва на државава во странство поднеле 2569 избирачи, 95 116 гласачи кои се на привремена работа или престој во странство не поднеле пријава...

Продолжи со читање

Не го занемарувајте емоционалното здравје

Post Views: 41 Во современиот брз начин на живеење, се повеќе граѓаните го занемаруваат емоционалното здравје. Барањето помош од психотерапевти се уште е табу тема. Подолготрајно занемарување на менталното здравје доведува до сериозни здравствени проблеми, затоа терапевтите апелираат да се бара навремено помош.Во земјава изминатава деценија е достапна и Гешталт терапијата, при која  лиценцираните психотерапевти со сеанси  помагаат да се совладаат емоциите.„ Секој денес во овој брз начин на живеење некако се помалку има време да размислува за тоа како...

Продолжи со читање

Албански државјанин затекнат при незаконит риболов на Охридско Езеро

Post Views: 68 На 01.04.2024 во 06.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Eзеро“ го лишиле од слобода албанскиот државјанин Ј.А.(26).-Tој претходно во водите на Охридското Eзеро на македонска страна е затекнат при незаконит риболов, информираат од МВР. За настанот е известен јавен обвинител, а со решение од полициски службеници при Регионален центар за гранични работи Запад изречена му е мерка забрана за влез во државата до 31.03.2025 година.

Продолжи со читање

Нов директен лет од Скопје до островот Крф од јуни

Post Views: 69 Од 1 јуни 2024 година, благодарение на грчката национална авиокомпанија AEGEAN, која е членка на STAR ALLIANCE, нова директна сезонска авиолинија ќе биде воведена од Меѓународниот Аеродром Скопје до Аеродромот Крф, а со тоа ќе се овозможи извонредна и уникатна конекција меѓу енергичниот град Скопје со живописниот остров Крф во Грција, известуваат од ТАВ Аеродроми.Почнувајќи од 1 јуни, патниците ќе имаат можност да ја искусат убавината и шармот на Крф, неговите историски споменици, прекрасните природни пејзажи и кристално...

Продолжи со читање

Се чисти трасата и се крпат дупки во рамки на рехабилитацијата на патот Охрид – Св Наум 

Post Views: 48 Во тек се зафати за рехабилитација и поправка на државниот пат Р1301, делница Охрид-Свети Наум.Делницата Охрид-Свети Наум со децении не беше рехабилитирана иако е еден важен крак од аспект на туризмот, но и крак кој не поврзува со соседна Република Албанија. Препознавајќи ја важноста на оваа делница ЈПДП издвои средства и презеде активности за поправка и рехабилитација на државниот пат Р1301 во должина од 24.3 км, – велат од јавното претпријатие за државни патишта.Изведувачот на работите „Илинден“- Струга заедно со надзорот Институт за...

Продолжи со читање

Се поставува нова енергетски ефикасна фасада на ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец

Post Views: 48 Деновиве започна поставувањето на нова енергетски ефикасна фасада на ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец.Со овој зафат значително се подобруваат условите во овај објект и притоа се намалуваат трошоците поврзани со греење.-Дадовме ветување за посветен однос во подобрувањето на условите во сите воспитно – образовни институции и тоа го реализираме, напиша градоначалникот Пецаков во објава на Фејсбук.Финансиските средства предвидени за овој зафат изнесуваат 1 564 984 денари, а се обезбедени од буџетот на општина Охрид.

Продолжи со читање