Skip to main content

Автор: инфодеск

Дигитален паметен споменик на Григор Прличев

Post Views: 899 Охрид доби дигитален паметен споменик кој ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за охриѓани и посетителите.Воскреснувањето на Григор Прличев преку користење на најновите технологии овозможува да ги спознаеме културата и технологијата, минатото и иднината, во непосредна интеракција со дигиталната свест на Вториот Хомер.Иновативниот систем е изработен од страна на компанијата Сефиданис, која неодамна потпиша меморандум за стратешка соработка со Општина Охрид. Решението покрај останатото вклучува и...

Продолжи со читање

Зоран Анчевски со најдобра поетска збирка

Post Views: 487 Познатиот македонски поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на „Струшките вечери на поезијата“ за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија.Анчевски е добитник на наградата за неговата поетска збирка „Збунети компаси“ во издание на „ИЛИ- ИЛИ“.Тој е добитник по вторпат на ова највисоко признание, откако во 2018 година ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за стихозбирката „Небесна пантомима“.Жири-комисијата во состав Наташа Аврамовска (претседател), Иван Додовски...

Продолжи со читање

Физички нападнал женски член на семејството

Post Views: 406 На 09.08.2022 година во СВР Охрид е приведен З.А.(63) од Охрид, кој, во својот дом во Охрид, физички нападнал женски член на семејството.По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Охриѓанец фатен со марихуана на плажа Магнус

Post Views: 441 На 10.08.2022 година околу 02 часот, во СВР Охрид приведен е М.С.(25) од Охрид.Тој, заедно со И.Ѓ.(24) од скопско Ново Село, биле затекнати во патничко возило „Нисан”, со охридски регистарски ознаки, кај плажата „Магнус” во Охрид и при извршен преглед, полициските службеници кај М.С. пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Пет нови наслови од издавачот Книгохоличари

Post Views: 392 Во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид од денеска побарајте ги следните нови наслови:„Ирене“ и „Крвава венчавка“ од Пјер Лемтер, „Овој човек“ од Џоди Елен Малпас, „Париската сопруга“ од Пола Меклејн и „Затвори ги очите“ од Рејчел Абот.Сите книги се од издавачката куќа „ Книгохоличари“.Потсетуваме дека годишната членарина за возрасни е 300, а за деца 200 денари. До почетокот на септември, НУ Библиотека за читатели е отворена секој ден од понеделник до петок од 8 и 30 до 16 часот – велат од Градската Библиотека.

Продолжи со читање

Претставата Балкан Бордело на Охридско лето

Post Views: 352 Поради метеоролошките најави за неповолни временски услови и за врнежи од дожд, Театарска претстава „Балкан Бордело“ од Јетон Незирај, во режија на Бљерта Незирај ќе биде дел од драмскиот репертоар на фестивалот „Охридско лето“ вечерва од 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.Иако беше предвидено претставата да се одржи во Предворјето на црквата „Св. Софија“ од 22 часот, сепак, поради најавите за неповолни метеоролошки услови и за врнежи од дожд, „Балкан Бордело“ ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот.Жалиме...

Продолжи со читање

Грчка вечер со звуците на лира

Post Views: 280 Традиционалната Грчка вечер на 62-то „Охридско лето“ вечерва од 20 часот во црквата „Света Софија“ ќе го донесе триото „LEΣ LYRISTEΣ“.Ова трио го сочинуваат Софија Каракута -вокал и тригином, Роза Фрагорапти – лира и Никос Ксантулис – лира варвитон.Основниот елемент при формирањето на триото LEΣ LYRISTEΣ е античката грчка лира со седум жици која е симбол на музиката во западно-европската традиција. Прекрасниот звук на лирата кој ги маѓепсувал античките филозофи е оживеан низ музицирањето на ова трио во комбинација со основниот човечки инструмент-...

Продолжи со читање

Отворени денови на УИНТ

Post Views: 278 Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ организира отворени денови на 11-ти август (четврток) и 12-ти август (петок) 2022 год. од 11-13 часот.Од УИНТ ги покануваат сите заинтересирани матуранти и нивните родители да го посетат Универзитетот во текот на отворените денови и да се запознаат со условите за упис и студиските програми. Првиот уписен рок ќе се спроведе на 29-ти, 30-ти и 31-ви август 2022 год.Конкурсот за запишување и повеќе информации се достапни на веб страната на Универзитетот (www.uist.edu.mk).

Продолжи со читање

Активен пожарот кај Вапила и Сирула

Post Views: 241 Активен е пожарот кај охридските села Вапила и Сирула – гори борова и дабова шума и ниска вегетација, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).Интервенирано е со едно противпожарно возило на ТППЕ – Охрид со тројца пожарникари и три лица на ЈП „Национални шуми“, подружница „Галичица“.Од утрово од 5 часот на терен се вкупно околу 50 луѓе. Пожарот гори на три страни и се прават напори за негово обиколување, но поради тешкиот терен гасењето оди отежнато, велат од ЦУК.Освен овој активен пожар во Охридско, 26 се изгаснати, соопшти утрово ЦУК за...

Продолжи со читање

Полицијата застрела маж со нож во Париз

Post Views: 392 На аеродромот Шарл де Гол полицијата застрела маж кој бил вооружен со нож, јавува BFMTV, повикувајќи се на неименуван извор.Како што се наведува, на терминалот 2Ф полицијата неколку пати побарала од мажот да го фрли ножот, но тој не сакал да го стори тоа.Кога почнал да се приближува до полицијата, тие отвориле оган кон него.Според првичните информации, напаѓачот имал нож со кој замавнал кон патниците.„Полицијата го неутрализираше лицето кое се закануваше со нож на аеродромот“, соопштија од полициската станица.Пукањето се случило околу 08:20...

Продолжи со читање

Целосно изгаснат пожарот кај Вапила Сирула

Post Views: 301 Шумскиот пожар во планината во реонот на селата Вапила и Сирула кон селото Расино е целосно ликвидиран денеска околу 14 часот, информираат од ЦУК. Пожарот кој започна вчера попладне, се прошири на три фронта на тешко пристапен терен. Гореше деградирана нискостеблена дабова и борова шума, пришто првичните проценки се дека беа зафатени над 12 хектари површина.Околу 40 лица на Национални шуми, подружница „Галичица“ –Охрид екипите на Територијалната противпожарна единица Охрид, Доброволно противпожарно друштво, екипи од сите општински јавни претпријатија и...

Продолжи со читање

Одбележување на денот на органодарителство

Post Views: 316 Национално Здружение ,,Храбро срце” трета година по ред го одбележува Светскиот ден на органодарителството на плоштадот во Охрид.За таа цел, ќе бидат поделени едукативни флаери за подигнување на свеста, ќе бидат присутни истакнати кардиолози, интернисти, анестезиолози, матични лекари и медицински сестри кои секоја година ја даваат својата поддршка на макотрпните заложби на Здружението за подигнување на свеста за кадаверични трансплантации.Отворена е поканата за сите на градскиот плоштад во Охрид на 13.8.2022 (сабота) во 12:00 ч. Вашето малку, за...

Продолжи со читање