Автор: инфодеск
Post Views: 63 По повод рамазанскиот пост и во пресрет големиот верски празник Рамазан Бајрам, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, синоќа приреди Ифтарска вечера за граѓаните со муслиманска веросиповед.Во своето обраќање пред бројните гости, градоначалникот Пецаков ја истакна важноста на меѓусебното почитување и одржување на верските традиции.-Искрено се радувам што организирањето на оваа Ифтарска вечера стана дел од нашата традиција со која продолжуваме да ги негуваме заедништвото, взаемното почитување и хуманоста.Светиот месец Рамазан претставува...
Во охридско струшкиот регион се намалува интересот за земјоделство
Post Views: 38 Се намалува интересот за земјоделие во охридско струшкиот регион. Нивите „зјаат” празни, а младите немаат интерес за обработување на почвата. Земјоделците велат причините се малата заработувачка, штетите од временските непогоди, скапите препарати, неизвесниот пласман и ниските цени.Интерес има само за одгледување на Охридската цреша која е попрофитабилна и има пласман, велат земјоделците.„Добар дел од младите си заминуваат се повеќе обработливи површини остануваат празни со самото тоа ќе дојде и до поскапување на земјоделските производи за...
Од денеска пензионерите ќе добиваат пензија зголемена за 5,3%
Post Views: 62 Започна исплатата на мартовските пензии. На сметките на пензионерите легнаа и дополнителни 5,3 проценти усогласување со движењето на животните трошоци и просечната плата. Тоа значи дека пензиите се зголемени за износ од 664 до 4.029 денари, зависно од висината на примањата.Најбројни се пензионерите кои се корисници на најниските законски пензии, од 12.528 до 16.058 денари кои ќе добијат покачување најмногу до 851 денар. Пензиите од 20.175 денари добиваат 1.069 денари, од 31.859 се со плус 1.688 денари, додека 2.893 денари покачување ќе добијат пензионерите...
Отворен за сообраќај патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица
Post Views: 68 Од денеска е повторно отворен за сообраќај патниот правец Охрид-Ресен, преку Националниот парк „Галичица“. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, информират од Авто-мото сојузот на Република Македонија.Патниот правец беше затворен за сообраќај за сите видови на возила од 15ти ноември 2023 година.
Ценовници за платено политичко рекламирање на Портал ТВМ за претседателски и парламентарни избори 2024
Post Views: 122 Во пресрет на претседателските и парламентарни избори 2024, а согласно Изборниот законик (Член 75-ѓ, став 4), Портал ТВМ ги објавува Ценовниците за платено политичко рекламирање (втора јавна објава).Согласно Изборниот законик, во периодот од утврдување на ценовниците до започнување на изборната кампања, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се должни најмалку двапати јавно да ги објават ценовниците на своите програми, односно во своите изданија или интернет страници.
Во тешка сообраќајна несреќа утрово во Кичево згаснаа три млади животи
Post Views: 42 Три млади лица, едно од Кичево и две од кичевското село Трапчин Дол го загубија животот утрово во страотна сообраќајна несреќа, што се случи на улицата Магистрален пат во Кичево. Уште четири други, од кои едно малолетно лице се тешко повредени и хоспитализирани, дел на скопските клиники, дел во специјалната болница Свети Еразмо Охрид. Сообраќајката се случи во 04 50 ч. Утрово. Според првичните информации дошло до директен судир мегу две патнички возила „голф ” и „пежо”. Неофицијално, едно од возилата од непознати причини се...
Надминати се административните бариери, Охрид ќе добие Дневен центар за деца со посебни потреби
Post Views: 45 Охрид ќе добие Дневен центар за згрижување на децата со посебни потреби. Просторот до Инклузивната игротека „Радост“ ќе се доопремува. Во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги до јули годинава се очекува конечно и овие лица да го добијат заслуженото катче. Проектот се реализира со помош на Грант за развој на социјална услуга – Центар за дневен престој и индивидуална работа за лица со попреченост во Општина Охрид. Со поддршката на ТВМ, надминати се административните бариери околу добивањето на просторот за реализација на овој значаен...
Нападната и ограбена 53 годишна жена на ул. „Марко Несторовски“ во Охрид
Post Views: 62 На 28-ми март 2024 година, во 10:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички нападнало 53-годишна жена од Охрид и ѝ одзел пари.-Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.







