Автор: инфодеск
Post Views: 494 На најпознатата плажа во Хрватска, Зрче на островот Паг синоќа избувнал голем пожар.Како што пишува „Јутарњи лист“, со пожарот се борат и пожарникари од Доброволната противпожарна бригада на Новаља.На помош на пожарникарите пристигнало и противпожарно возило.ХАК јавува дека сообраќајот на државниот пат ДЦ106 Паг-Новаља во Новаља е во прекин поради пожарот кој избувнал околу 3 часот утринава.Откако бил забележан пожарот, клубовите на плажата Зрче веднаш ги упатиле гостите кон излезите и кон автобусите и такси-возилата за што поскоро да ја напуштат...
Пожарот кај Вапила-Сирула ставен под контрола
Post Views: 267 Пожарот што вчера попладне избувна на планината кај охридските села Вапила – Расино – Сирула е ставен под котрола и нема опасност од зафаќање на куќите, информира командирот на Територијалната против пожарна единица – Охрид, Борко Јанкулоски.Според него, Охридската пожарна е на терен со три возила и 10 пожарникари, а распоредени се и екипи на Национални шуми, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и доброволци.Пожарот е ставен под котрола. Се надевам дека во текот на денот ќе биде изгаснат. Не постои опасност од зафаќање на...
Остар предмет пронајден кај лице од Охрид
Post Views: 395 На 09.08.2022 година во 01:30 часот, во СВР Охрид приведен е Е.Ш.(42) од Охрид.При преглед извршен на улицата „Кузман Капидан” во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа остар предмет. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Објавен добитникот на наградата Живко Чинго
Post Views: 320 Расказот „Зошто роботите не умеат да љубат“ под шифра „СИНА ПЛАНЕТА 369“ е добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2022 година, што општина Охрид ја доделува по повод Традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.По распишаниот Конкурс на општина Охрид за најдобар расказ биле пристигнати 56 раскази.Жири комисијата во состав, проф. д-р Димитар Пандев- претседател, проф. Славе Ѓорѓо – Димоски член и Перчо Божиноски – член, по разгледувањето на пристигнатите раскази заклучи дека македонските автори на раскази опфаќаат разнородни тематски...
Пронајдена марихуана во домот на охриѓанец
Post Views: 294 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Б.(34) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.При претрес извршен во неговиот дом, полициските службеници прнашле и одзеле опојна дрога Марихуана – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Виолинистот Шломо Минц вечерва во Св. Софија
Post Views: 225 Еден од најдобрите виолинисти на денешницата, Шломо Минц вечерва ќе се претстави пред публиката на „Охридско лето“ во рамките на американската вечер на фестивалот што се одржува со поддршка на Амбасадата на САД во земјава. Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Шломо Минц според многумина, вклучително и според колегите, публиката и критичарите е еден од најзначајните виолинисти на нашето време поради неговата исклучителна музикалност, стилска разновидност и беспрекорна техника.Роден е во Москва, неговото...
За само 5 часа собрани 51-на единица крв
Post Views: 309 На првиот ден од традиционалната крводарителска акција „Плаошник 22“, вчера за само 5 часа, од 19 до 00 ч. беа собрани 51 единицa крв, информираат од Црвен крст Охрид.Им благодариме на крводарителите кои ја искажаа својата хуманост дарувајќи крв. Продолжуваме со крводарителската акција и денес и ги покануваме нашите хуманите сограѓани и гости да си го освежат денот, дарувајќи крв од 9 до 13 ч. во ОУ „Св. Климент Охридски“-спортска сала – додаваат оттаму.
Тепачка на улицата Васил Стефоски во Охрид
Post Views: 277 На 08.08.2022 во 10:40 часот, на улицата „Васил Стефоски” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со расправија и физичка пресметка помеѓу А.Е.(64) и Р.Е.(48), двајцата од Охрид.Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Полицијата во битка со незаконитиот риболов
Post Views: 467 Продолжува битката со незаконитиот риболов на Охридското езеро. Рибокрадците неуморни и покрај засилените полициски контроли и натаму го пустошат рибниот фонд. Забраната за риболов не се почитува, се ловат ендемичните заштитени риби кои се на работ на исчезнување, тие се продаваат на црниот пазар, а се дел и од гастрономската понуда на двата туристички центри.Во последната акција на полицијата на струшкото крајбрежје, на потегот од реката Сатеска до селото Радожда, беа запленети рибарски мрежи долги 3,5 километри. Во нив беа уловени 700 парчиња ендемична...
Нова национална стратегија за млади
Post Views: 778 Агенцијата за млади и спорт ги повика младите луѓе да учествуваат во креирањето на новата Национална стратегија за млади, за време на почетокот на неделата на млади.Преку креирање нова национална стратегија ќе се дефинираат основните принципи и насоки за подобрување на квалитетот на живот на младите луѓе во државата во наредните пет години.Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски посочи дека серијата на настани по повод Неделата на млади имаат за цел да се слушне гласот на младите, да се препознаат нивните заложби, да се поттикнат да бидат...
Охридското езеро остана без марина
Post Views: 403 Иако со децении се најавува изградбата на соодветно паркиралиште за пловните објекти, тоа до денес го нема.Каналот „Билјанини извори“ остана импровизирана марина, небезбедно паркиралиште за пловилата. Најкритичен е влезот во езерото, кој е непрегледен и тесен. Тешко се разминуваат пловни објекти кои испловуваат и впловуваат.Опколени со трски глисери, чамци, кајчиња, бродови и едрилици секојдневно влегуваат во езерото.Потребата од изградба на марина со вода, струја и дотур на гориво, последните години е се поголема, поради зголемениот број на...
Филмскиот дух на летна сцена во Струга
Post Views: 521 Шестото издание на Фестивалот за кратки филмови Дрим Шорт 2022, деновиве го оживува филмскиот дух на Летната сцена во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.И покрај скромниот и негламурозен и прилично неформален пристап, првите два фестивалски денови поминаа со најголема посетеност од сите претходни изданија вели Јаков Поповски, дел од организацијата на фестивалот.До 9 август фестивалот нуди многубројни проекции на кратки филмови во неколку категории, студентска, регионална, меѓународна и специјалната програма „Соочување со минатото“, но и...