Skip to main content

Автор: инфодеск

Предавање на тема „Организирани против криминалот“

Post Views: 32 Во просториите на Општина Охрид, во организација на Локален Совет за превенција на општина Охрид и во соработка со Хоризон Цивитас, денес се одржа предавање на тема „Организирани против криминалот“. Предавањето има за задача да го разработи актуелното прашање на организираниот криминал и неговото влијание врз младите во Република Македонија.Целта на предавањето е да се влијае на подигањето на свеста кај родителите/наставниците, но и директно кај  младите генерации, бидејќи неискуството и незнаењето, како и неможноста да се справат со погрешните...

Продолжи со читање

Просечната нето-плата во јуни 36.527 денари

Post Views: 15 Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни годинава изнесува 36.527 денари и во однос на јуни лани е зголемена за 14,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Зголемувањето се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Градежништво (19,6 проценти), Информации и комуникации (17,9 проценти) и Образование (17,5 проценти).Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало,...

Продолжи со читање

Спасовски: Никој нема да биде казнет ако навреме не ги промени личните документи

Post Views: 13 Ќе нема никакви казни за граѓаните кои до февруари 2024 нема да ги сменат личните документи со Северна Македонија, изјави денеска Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.Досега документи со името Северна Македонија извадиле околу еден милион граѓани. Спасовски е убеден дека успешно ќе се завршат промените на личните документи во предвидениот рок.„Во континуитет работи погонот за производство на лични документи двосменски, работи во сабота и во тој законски предвидениот рок од 15 дена се постигнува да се издадат сите лични документи коишто ги...

Продолжи со читање

Зајкова во Охрид, во фокусот е рамномерен развој на општините, квалитетни и самоодржливи проекти

Post Views: 16 Функционален систем и функционали заедници, каде ќе се цени квалитетот и реализација на проекти кои ќе бидат самоодржливи е она што како општество, треба да обезбедиме, доколку сакаме младите да ни останат во земјава, истакна претседателката на ЛДП и пратеник во Собранието на РМ Моника Зајкова, при денешната посета на Охрид. Таа денес направи увид во изградбата на голф терените, проект за кој од Министерството за локална самоуправа се издвоени речиси шест милиони денари.„Денеска сме тука и во посета на она што ќе значи можност за развој на туризмот, да...

Продолжи со читање

Денеска официјално отворање и почеток на забавните содржини на Ohrid water festival 

Post Views: 16 Вечерва започнуваат забавните содржини на Ohrid water festival. Иако викендов се одржаа првите спортски настани во рамки на фестивалот, пливачки митинг, веслачка, кајак и кану регата на мирни води и триатлон, вечерва е официјалното отворање на манифестацијата со концерт на Ѓоко Танески  со почеток во 20:00 часот пред хотелот „Палас“.На програмата денеска е најзабавниот настан на базенот при СРЦ Билјанини извори ова лето. Во 16часот почнуваат Водените лудории 2023 на кои учество ќе земат екипи од најреномираните компании во градот. Интересен настан со многу...

Продолжи со читање

63-тото Охридско лето впиша врвни и импресивни уметнички доживувања во фестивалската историја

Post Views: 16 Со театарската претстава „Лагата“ на Белградскиот театар, синоќа на Античкиот театар во Охрид се спушти завесата на најпрестижната културна манифестација во земјава фестивалот Охридско лето. И 63 то успешно издание во фестивалската историја впиша многу импресивни и возбудливи доживувања на врвни концерти и театарски претстави на автентичните локалитети во Охрид.Тоа е уште една потврда дека фестивалот  останува еден од најистакнатите културни настани во Европа и светот, впишан  меѓу  петте најдобри во Европската асоцијација на...

Продолжи со читање

Петти Балкански поетски камп за деца и млади “ Ванчо Николески” – 2023

Post Views: 14 Во четврток, 24. Август, со почеток во 10 часот, во зградата на ОУ “Ванчо Николески”, во Лескоец, крај Охрид, закажано е свечено отворање на, петтиот, по ред, Балкански поетски Камп за млади “Ванчо Николески”.За овој чин, учениците од училиштето, единствената иституција кај нас, која го носи името на родоначалникот на македонската литература за деца и млади, подготвуваат посебна културно – уметничка програма, додека учесниците – млади, надежни поетски имиња од нашата земја, Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Црна Гора, ќе ги поздрави и ќе им посака...

Продолжи со читање

Расчистена уште една дива депонија во Љубаништа

Post Views: 25 Уште една мапирана дива депонија е исчистена, овој пат во с.Љубаништа, информираат од ЈП Охридски Комуналец. “Во село Љубаништа расчистена дива депонија, каде несовесни граѓани расфрлале непотребна покуќнина, зелен отпад и градежен шут.” – велат од јавното претпријатие.Екипите на Комуналец од локацијата подигнале 12м3 отпад.Од ЈП Охридски Комуналец апелираат до граѓаните да не фрлаат кабаст и зелен отпад во и покрај контејнерите и ги потсетуваат дека на располагање им стојат дежурните телефони 📞075 495 428 и 📞075 397 944...

Продолжи со читање