Автор: инфодеск
Post Views: 292 Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт на Камерниот мешан хор „Св. Климент Охридски“ при соборниот храм „Св. Климент Охридски“ Скопје.Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, под диригентската палка на Панче Јосифов.Солисти на вечерта ќе бидат сопранот Биљана Јосифов, алтот Лидија Пшенко, тенотор Дејан Стоев, како и бас-баритонот Невен Силјановски.Камерниот мешан хор „Св. Климент Охридски“ е формиран во1992 година при Архиепископскиот Соборен храм „Св. Климент Охридски“ во...
Димитрије Бужаровски творештво и време
Post Views: 416 Факултетот за музичка уметност – Скопје во соработка со НУ „Охридско лето“ организираат промоција на циклусот од осум книги „Димитрије Бужаровски – творештво и време“.Промоцијата ќе се одржи во рамки на годинешното 62-ро издание на „Охридско лето“, вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 20 часот.Циклусот од осум книги Димитрије Бужаровски – творештво и време е енциклопедиски авто-музиколошки проект кој го претставува богатото творештво од над 170 опуса на еден од најзначајните македонски современи композитори.Осумте книги групирано ги...
Крводарителска акција по повод Св. Климент
Post Views: 290 Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св. Климент и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св. Климент Охридски“ (спортска сала) во Охрид денес, 8 август (понеделник) во периодот од 19-24 ч. и утре, 9 август (вторник) во периодот од 9-13 ч.Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период, за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална...
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Гостивар
Post Views: 366 На 08.08.2022 во 06:35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај „Тајмишка раскрсница”, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Mан”, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „Хјундаи”, со скопски регистарски ознаки.На местото на несреќата починал возачот на возилото „Хјундаи”, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето. Со тешки телесни повреди се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото...
Едно лице загина во пожар во Хвар
Post Views: 389 Пожарот што изби вчера околу 13 часот на хрватскиот остров Хвар зеде една жртва.Имено, мажот кој бил жител на островот се обидувал од огонот да го спаси багерот, но не успеал во намерата и загинал.Инаку, пожарот утрово е локализиран, откако пожарникарите го обиколиле огнот од исте страни. На терен се сите островски пожарникари, околу 40 луѓе и 10 возила, а на помош им дошле 20 пожарникари од Сплит.Изгореа десетина хектари борова шума, а во еден момент биле загрозени и куќите.На пожарникарите им се помагало и од воздух, при што биле користени...
Кривокапиќ и Церовиќ ја воодушевија публиката
Post Views: 809 Црногорското дуо гитари Горан Кривокапиќ и Данијел Церовиќ вчеравечер ја воодушевија публиката на фестивалот „Охридско лето“ со својот маестрален настап во црквата „Света Софија“ .На фестивалскиот репертоар, двајцата извонредни уметници ја изведоа Шестата англиска свита од Јохан Себастијан Бах транскиптирана за две гитари што ја снимија пред неколку години, а потоа и Свитата Троилеана од Астор Пјацола. Крајот на прекрасната вечер беше резервиран за транскрипција на музиката на Мануел де Фаља.Репертоарот не е оригинално напишан за гитара, но тоа е наш...
Нападнат малолетник во Извидничкиот центар
Post Views: 303 На 06.08.2022 година во 01:20 часот во Извиднички Центар во Охрид, А.А.(40) од Куманово го нарушил јавниот ред и мир.Тој со метален предмет нападнал малолетник од Скопје. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Охриѓанец ја нападнал сопругата
Post Views: 377 На 06.08.2022 година во 02:00 часот во СВР Охрид пријавено е дека на 05.08.2022 година, М.У.од Охрид, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Отекс Фолк на 10 дневна турнеја во Италија
Post Views: 508 Пробите се завршени, кореографиите извежбани.Денес, Фолклорниот Ансамбл „Отекс Фолк“ заминува на голема 10 дневна турнеја во Италија.Ќе учествуваме на Меѓународниот фолклорен фестивал „Pentria“ во регионот Молизе заедно со групи од Хрватска, Словачка, Романија, Кенија и Непал – велат од ФА „Отекс Фолк“.Ние им посакуваме среќен пат и голем успех на натпреварот!!!
Пронајдена дрога кај ресенчанец во Охрид
Post Views: 548 На 05.08.2022 во 22:10 часот на ул. „Стив Наумов” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ф.Ш.(25) од Ресен затоа што кај него била пронајдена и одземена кеса со бела прашкаста материја.Дополнителено, при претрес во неговиот дом во Охрид, извршен со судска наредба, пронајдена и одземена е дробилка со остатоци од марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Охриѓанец нападнат од Пит Бул
Post Views: 569 На 06.08.2022 година во 01:50 часот, Ж.М.(24) од Охрид пријавил дека тој и неговото куче на улицата „Марко Нестороски” во Охрид биле нападнати од куче „Пит Бул” кое излегло од двор.Се преземаат мерки за расчистување на случајот –велат од СВР Охрид.
Одличен концерт на Виенска камерна симфонија
Post Views: 338 Квинтетот „Виенска камерна симфонија“ остави силен впечаток кај публиката со својот концерт што го одржа вчеравечер на „Охридско лето“.Талентираните млади музичари кои живеат и работат во австриската престолнина Виена создадоа прекрасен амбиент во катедралната црква „Света Софија“ изведувајќи дела од класичниот репертоар.На фестивалот „Охридско лето“, виолинистките Лаура Лози и Естеле Вебер, виолистот Џорџија Венецијано, виолончелистот Серџо Мастро и контрабасот Дамиан Посе, уште еднаш ја потврдија својата уникатност во музицирањето со која ги освојуваат...