Автор: инфодеск
Post Views: 342 Вечерва во Џез Ин со почеток во 20 часот, најновото соло стендап шоу на Никола Тодороски „Да БолиТ” во рамки на Summer Comedy Marathon “22.Во секоја секунда од секој ден на секого му се случува нешто Да БолиТ. Си се споредил со некој подобар – Да БолиТ. Другарка ти се мажила ти не – Да БолиТ. Другар ти замина странство ти не – Да БолиТ. Ти замина странство другар ти не – Да БолиТ. Уште живејш со родители и сите дома вкупно имате 1947 години – Да БолиТ. Михаела имат поубо точаче – Да БолиТ. Ти слушаш метал комшијата Аца Лукас – Да БолиТ. Новото шоу на...
Автобус со полјаци се преврте во Хрватска
Post Views: 432 Хрватската полиција потврди дека досега најмалку 12 лица го загубиле животот, а десетици се повредени во автобуската несреќа која се случи утринава во Хрватска, кога автобус со полски регистарски таблички, од засега непознати причини, излетал од автопатот А4 додека се движел кон главниот град Загреб.Шест повредени лица се пренесени во КБЦ „Загреб“, клиничката болница во Дубрава, како и трауматолошката клиника, пренесува хрватски „Јутарни лист“.Потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ, на прес-конференција...
Охриѓани и туристите се едуцираа за хепатитис
Post Views: 382 На градскиот плоштад во Охрид, денеска граѓаните и туристите можеа бесплатно да се тестираат за хепатитис Б, Ц и ХИВ. Настанот е по повод Светскиот ден на хепатитот за подигнување на свеста за ова заразно заболување, а во организација на ХЕПАР Центар Битола во соработка со пациентска организација за ретки болести „Ретко е да си редок” од Охрид.На секои 30 секунди еден човек како резултат на вирусот на хепатитис Б и Ц добива карцином на црниот дроб од кој секој ден во светот умираат околу 3000 луѓе. Нагорниот тренд на ширењето на ова вирусно заболување се...
Тепачка на булеварот Туристичка
Post Views: 489 На 05.08.2022 година во 02:10 часот во близина на угостителски објект на бул. „Туристичка” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир.Извршен е физички напад од Е.И. и А.И. врз А.М.(24), сите од Охрид. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Возило излетало од патот кај Бел мост
Post Views: 338 На 04.08.2022 година околу 05 часот, кај месноста „Бел мост”, атар на селото Волино, општина Дебрца, Е.Ф.(21) од Кичево, управувајќи патничко возило „хонда акорд” со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н.О.(24) со привремен престој во Швајцарија, констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Маж паднал од мопед на ул. Јане Сандански
Post Views: 391 На 04.08.2022 во 11:45 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на ул. „Јане Сандански” во Охрид, М.П.(59) од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид – информираат од СВР Охридд.
Спектакуларно шоу на Фламенко балетот
Post Views: 353 Со спектакуларно шоу на Фламенко балетот „Луксуриа“ од Шпанија, фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер на Античкиот театар го прослави 62-от роденден.Бројни љубители на уметноста уживаа во ритамот и емоцијата на музичарите и танчерите од шпанскиот Фламенко балет „Луксуриа“, во одличната кореографија и перфектната изведба.На почетокот на концертот се обрати Амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија, Хозе Луис Лозано Гарсија.Амбасадата на Шпанија е спремна да продолжи со зајакнување на одличните односи со оваа пријателска земја Северна...
Импровокација вечерва на својата матична сцена
Post Views: 346 „Импровокација“ на Summer Comedy Marathon ’22 повторно се враќа во Народен Театар Охрид – сцена КЕРАЛ. Шоуто е закажано за вечерва со почеток во 20 часот.Култното шоу во кое додека не започне никој, дури ни изведувачите не знаат што ќе се случи, повторно се враќа на својата матична сцена.Неверојатна театарска импровизација која веќе 7 сезони се случува секогаш премиерно затоа што вие предлагате во која насока ќе се одвива шоуто. Шоу во кое за ваше трајно задоволство ќе се погрижат импровокаторите: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип...
Виенска камерна симфонија на Охридско лето
Post Views: 372 Музичката програма на 62-то „Охридско лето“ продолжува вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ со концерт на квинтетот „Виенска камерна симфонија“ од Австрија.Овој камерен состав го сочинуваат Лаура Лози – прва виолина, Естеле Вебер – втора виолина, Џорџиа Венециано – виола, Серџо Мастро – виолончело и Дамиан Посе – контрабас.Виенската камерна симфонија е ансамбл составен од талентирани музичaри кои живеат и работат во Виена. Овој состав има широк репертоар на класични дела почнувајќи од XIX век, па сѐ до современи дела, како и дела од композитори...
Силвестри во посета на Градската библиотека
Post Views: 449 Италијанскиот амбасадор во Македонија, Андреа Силвестри беше во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.При посетата тој беше запознаен со нејзиниот историјат, книжниот фонд, тековните преземања и проекти.Покрај амбасадорот Силвестри во посета на Библиотеката беше и заменикот шеф на италијанската мисија Марио Де Роза.Директорот Јованоски ги запозна гостите и со проектот „Италијанско катче во библиотеката“ започнат во август, минатата година, благодарение на Венко Трпески, синдикален службеник во одделот што ги следи градежните...
УЈП со информација за апликацијата Мој ДДВ
Post Views: 420 Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата Мој ДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер на скенирање на фискални сметки.Прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery, а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Google.Корисниците на апликацијата Мој ДДВ ќе треба најпрво да направат ажурирање (update) на апликацијата на apple Appstore/Huawei gallery, а потоа да се најават во апликацијата во делот „Профил“ во прозорчето...
Вечерва изложбата Остров на осаменост
Post Views: 321 „Остров на осаменост“ е насловена изложбата со цртежи на авторите Мирко Вујисиќ, Лидија Вујисиќ и Сашо Блажес, која што вечерва ќе биде отворена во Куќата на Робевци во Охрид.Завод и музеј – Охрид соопшти дека ќе бидат изложени 40-тина дела изработени во различни цртачки техники и медиуми.Изложбата „Остров на осаменост“ си зема задача да ја отвори креативната лабораторија на цртежот кој неретко, од страна на современите текови во уметноста е сметан за конзервативен медиум, резистентен на иновативни идеи и екстензии, анализирајќи ја границата меѓу...