Skip to main content

Автор: инфодеск

ЈЗУ Општа Болница Охрид доби значајна донација

Post Views: 38 ЈЗУ Општа болница Охрид доби донација на ФИБЕРЕНДОСКОПСКИ АПАРАТ за одделот за ОРЛ , со вредност од околу 12.000 €.Директорот Д-р. Асен Шајн кажа дека оваа донација е од огромно значење како за болницата така и за пациентите.Раковододителот на одделот изјави дека Фиберендоскопијата овозможува брза, лесна и точна дијагностика при отоларинголошки преглед. Дијагностиката е безболна и краткотраја со минимална соработка на пациентот.Денес флексибилната оптичка ендоскопија претставува златен стандард во дијагностика на болести на нос и грло. Исто така...

Продолжи со читање

Чествување за ликот и делото на Гоце Жура, по повод петгодишнината од неговото упокојување

Post Views: 37 Во петок, 29.03.2024, во спомен-куќата на Христо Узунов, со почеток во 12 часот ќе се одржи Чествување за ликот и делото на Гоце Ангеличин-Жура (1951-2019), нашиот познат историчар на уметност.Настанот е во организација на д-р Гордана Ангеличин-Жура и Горан Митрески, историчар кустос, во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид. За ликот и делото на Гоце Жура ќе говорат археологот Паско Кузман, историчарот на уметност Јорданка Матова, Директорот на НУБ „Григор Прличев“ Охрид м-р Милчо Јованоски и проф. Д-р Климент Наумов,...

Продолжи со читање

Утре во Охрид пристигнува реактивната мисија на УНЕСКО

Post Views: 49 Утре во Охрид пристигнува реактивната мисија на УНЕСКО, соопшти министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за „Слободен печат”.Мисијата беше најавена уште во септември минатата година кога Македонија доби Извештај дека Охридскиот регион го задржува статусот на заштитено светско природно и културно наследство под Унеско.  Министерката посочи дека чекорите кои беа обврска се преземени. „Првата беше да поднесеме нов ревидиран план за заштита на охридскиот регион, што е направено. Второто беше да донесеме нови...

Продолжи со читање

Свр охрид

Полициски билтен: пожар во близина на Kалишта и запалено возило во Охрид

Post Views: 44 На 24.03.2024 во 19.00 часот во ОВР Струга е пријавено дека на површина со нискостеблеста вегетација во близина на струшкото село Калишта настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, информираат од СВР Охрид.СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.-Тој, на 17.02.2024 на улицата „Серафим Китаноски” во Охрид со запалива течност предизвикал пожар на  паркирано патничко...

Продолжи со читање

Потребно е воведување на нови авио линии на охридскиот аеродром

Post Views: 48 Потребно е воведување на нови авио линии на охридскиот аеродром. Ова е ставот  на повеќето туристички  работници од регионот. Велат моментално охридскиот аеродром е неискористен. Има летови до само 4 дестинации, три со нискобуџетната  Виз Ер до Виена, Дортмунд и Менинген и еден лет со Чер ерлајнс до Цирих.Ги нема летовите за Милано, Базел, Малме и Лондон. Според најавите причината, за намалувањето на летовите на екс ЈУ просторот е во тоа што компанијата приземји 20% од својата флота за инспекција поради пронајдена ретка аномалија во металниот прав кој се...

Продолжи со читање

Најмладите жители на Стар Град Охрид со порака: СТОП за пластиката за еднократна употреба

Post Views: 37 Вредните рачиња на најмладите жители на Стар Град Охрид, на плажата Сараиште, изработија и поделија 100 еко пакети со еколошки прибор за јадење – пикник сет, за предстојните пролетни денови и празници кои граѓаните и туристите ги користат за излети околу крајбрежјето на Охридското Езеро. Со оваа активност дечињата испратија порака “СТОП за пластиката за еднократна употреба”.Целта е подигнување на јавната свест околу штетноста на пластиката за еднократна употреба, како дел од проектот “Зелена младина – Зелена иднина” на Здружение Клуб за нуркање...

Продолжи со читање

Со документарна изложба на 1-ви Април во Охрид ќе се одбележи Денот на Државниот Архив

Post Views: 48 1 Април – Денот на Државниот Архив, Подрачното одделение Охрид ќе го одбележи со документарна изложба: „Промотивен материјал од прикажани проекции на филмови во кино Охридско езеро за период 1939 – 1941 година“.„На оваа изложба охриѓани а и сите посетители на нашиот убав град Охрид ќе имаат можност да се запознаат со рекламниот материјал (плакати) од филмската продукција на познати светски класици од фондот на Никола Герман.“- информира директорот на Подрачното одделение на Државен Архив – Охрид, Никола Митровиќ Бабе.Урбаната изложба ќе биде...

Продолжи со читање

Куратица ќе добие Дом на култура

Post Views: 49 Во селото Куратица во тек е реконструкција и адаптација на објект за Селски културен дом. Од Месната заедница го објавија почетокот на проектот за зачувување и промоција на колективната меморија – сеќавањето на луѓето од селото Куратица.„Продолжуваме со значајни проекти од интерес на целокупната заедница и нашите идни поколенија. Проектот за реконструкција на Домот на Култура во село Куратица како еден од најзначајните културни проекти за заедницата, ни овозможува да продолжиме со активностите кои се дел од собирање на културното – историско наследство...

Продолжи со читање