Skip to main content

Автор: инфодеск

Поради дефект утрово без вода „АСНОМ“, „Никола Карев“, „Галичица“, „Карпош Војвода“ и бул. „Туристичка“

Post Views: 45 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 08:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улиците: „АСНОМ“ , „Никола Карев“ , „Галичица“ , „Карпош Војвода“ и бул.„Туристичка“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен , до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Денес прекин во водоснабдувањето на „Кленоец“ и „Српница“

Post Views: 44Од ЈП Водовод најавија дека поради преприклучување на повеќе објекти на новата водоводна линија на улицата „Кленоец“, денес од 08:00 до 14:00 часот без вода ќе бидат корисниците на наведените улици.

Продолжи со читање

Преподобен Лав, епископ Катански

Post Views: 39 Свети Лав им беше добар пастир и милосрден наставник на луѓето во градот Катана, под вулканската планина Етна. Многу се погрижи околу болните и сиромашните. Неговата ревност за верата беше исто толку голема како и неговото милосрдие кон неволните. Во тој град се појави еден магионичар Илиодор, кој го замајуваше народот со разни магиски вештини и ја развраќаше младината во градот. Еднаш за време на литургија влезе во Божјиот храм и се зафати да волшепствува. Светиот Лав му пристапи, го врза со едното крајче на својот омофор и го одведе на градскиот пазар. Овде...

Продолжи со читање

Денес низ целата земја претежно облачно со слаб локален дожд

Post Views: 38 Претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.Денес во Охрид температурите во интервал од 4 до 14 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека за време на викендот и до средината на следната седмица, под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време. Утре ќе дува умерен северен ветер, а во деновите потоа слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Продолжи со читање

Јавен повик за организирање јавна анкета и јавна презентација за нацрт детален урбанистички план за УЗ 8 УБ 8.1 опфат 3 

Post Views: 56 Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02 и 202/24) и член 34 од Статутот на Општина Охрид („Сл.гласник на општина Охри “ бр. 08/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), а во врска сочлен 27 став (5) и член 50 од Законот за урбанистичко планирање(„Сл.Весникна  РСМ“бр.32/20,111/23,  73/24,  171/24,  224/24,   40/25, 101/25 и 127/25), Градоначалникот на Општина Охрид, упатува: Јавен повик за организирање јавна анкета и јавна презентација за нацрт детален урбанистички план за УЗ 8 УБ 8.1 опфат 3.Јавната...

Продолжи со читање

Спортски ден во Велгошти

Post Views: 46 По повод 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров, денеска во Велгошти се одржа „Спортски ден“ во организација на ООУ„Живко Чинго“ и Сојузот за училишен спорт.Во името на Општина Охрид учесниците ги поздрави Катерина Стојаноска, советник во Советот на Општина Охрид.– Ми претставува особено задоволство што денеска сум дел од оваа спортска манифестација, со која се испраќа силна порака за афирмација на спортските дисциплини и промоција на здравите животни навики.Од дополнително значење е што овој спортски собир...

Продолжи со читање

ЈП Водовод: Утре неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на „Кленоец“ и „Српница“

Post Views: 55 Од ЈП Водовод за утре најавуваат неколкучасовен прекин во водоснабдувањето кај корисниците од улиците „Кленоец“ и „Српница“.-Поради преприклучување на повеќе објекти на новата водоводна линија на улицата „Кленоец“, на ден 05.03.2026 година (Четврток) од 08:00 до 14:00 часот без вода ќе бидат корисниците на наведените улици, велат од претпријатието.

Продолжи со читање

Во Охрид ќе се одржи првиот социо-здравствен саем во Македонија

Post Views: 61 Од Здружението на лица со дијабет од Охрид информираат дека во периодот од 3 до 5 април во Охрид ќе се одржи првиот социо-здравствен саем во Македонија, а самиот настан има за цел да ги поврзе здравствените установи, организациите за социјална поддршка и секторот за превенција и здрав живот на едно место.Штандовскиот дел ќе се реализира на 5 април и ќе биде предвиден за посетители кои ќе можат да добијат бесплатни информации но и услуги од учесниците, а учесници може да бидат здруженија и организации од областа на здравството и социјалната заштита, центри за...

Продолжи со читање

Општина Охрид се приклучи кон хуманитарната акција за помош на малата Ева

Post Views: 75 Во овие моменти кога е потребна поддршка и заедништво, Општина Охрид се приклучува кон хуманитарната акција за помош на малата Ева, објави градоначалникот Кирил Пецаков. ‎‎-За таа цел, 150.000 денари од средствата обезбедени преку хуманитарните паркинзи на ЈП „Билјанини извори“ ќе бидат наменети за оваа хуманитарна цел. Веруваме дека со заедничка поддршка и обединети можеме да дадеме помош каде што е најпотребна! Да покажеме уште еднаш дека хуманоста е наша заедничка вредност, напиша градоначалникот во објавата на социјалната мрежа Фејсбук.10-годишната Ева од...

Продолжи со читање

Посебен сообраќаен режим поради санација на улицата „Цар Самоил“

Post Views: 61 Продолжуваат активностите за санација на улицата „Цар Самоил“. За време на зафатите ќе има посебен сообраќаен режим.–Се известуваат жителите на УЗ Стар Град, дека активностите за санација на ул. „Цар Самоил“ продолжуваат. Поради тоа во периодот додека траат активностите на овој дел ќе има посебен режим на сообраќај, информираат од локалната самоуправа.

Продолжи со читање

Денес спортски ден во Велгошти по повод 145 години од раѓањето на Тодор Александров

Post Views: 42  ООУ „Живко Чинго“, во соработка со Сојузот за училишен спорт Охрид организира „Спортски ден“, а по повод 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров. Настанот ќе се одржи денес со почеток во 08:30 часот, во Спортската сала „Тодор Александров“ во селото Велгошти.Организаторите најавуваат ден исполнет со спортски дух, фер-плеј и заедништво и ги покануваат сите љубители на спортот да бидат дел од оваа свечена активност.

Продолжи со читање

Апостоли од 70-те Архип и Филимон и маченичката равноапостолна Апфија

Post Views: 55 Архип беше еден од Седумдесеттемина. Апостолот Павле го спомнува во Посланието до Колосјаните и во Посланието до Филимон, нарекувајќи го другар во војувањето. Во градот Колоси центар на христијанството беше куќата на Филимон. Овде христијаните се собираа на молитва. Ова го спомнува свети Павле пишувајќи му на Филимон: „твојата домашна црква“. Во тоа време апостолите ги ракополагаа своите ученици за епископи, и тоа некои од нив на постојани места, а некои како патувачки мисионери по разни места. Филимон беше од овие последниве. Неговата жена Апфија постеше и ѝ...

Продолжи со читање