Skip to main content

Автор: инфодеск

Ивана Пешликовска, Марко Трајкоски и Филип Малезанов учесници на 4. Конференција за младинско претприемништво „Да градиш иднина дома“

Views: 95 Во Младинскиот центар Охрид денес се одржа 4. Конференција за младинско претприемништво „Да градиш иднина дома“, на која младите имаа можност да слушнат лични искуства и совети од охридски претприемачи за предизвиците и можностите за започнување сопствен бизнис.Во рамки на панел-дискусијата „А што ако успееш?“, Ивана Пешликовска од IP Interior Design, Марко Трајкоски од Пицерија Прова и Филип Малезанов од Малезан Филигран ги споделија своите искуства од започнувањето и развојот на сопствените бизниси во Охрид. Тие зборуваа за првичните предизвици, пречките со кои се соочиле и...

Продолжи со читање

Од утре достапна апликацијата м.услуги, на телефон пристап до електронски услуги и дигитални документи

Views: 152 Министерството за дигитална трансформација денеска официјално ја промовираше мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), преку која граѓаните добиваат мобилен пристап до електронски јавни услуги и лични документи. Апликацијата беше претставена во Македонската филхармонија во Скопје, во присуство на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас, претставници на институциите, дипломатскиот кор, деловната и академската заедница.Во почетната верзија граѓаните можат да пристапат...

Продолжи со читање

Охрид урбанистички предизвици

Со почетокот на грејната сезона, Охрид повторно се соочува со аерозагадување

Views: 101 Со почетокот на грејната сезона, Охрид повторно високо котира на листата на загадени градови во земјава. Мерните станици бележат и двојно повисоки концентрации на штетните ПМ10 честички од дозволените, особено во вечерните часови.Според екологистите, меѓу главните извори на загадување се греењето на домаќинствата со огревно дрво и горењето на отпадот.„Ситуацијата е слична како во цела Македонија, но ако разговараме за Охрид, навистина треба нешто да се преземе.Формирањето модерна регионална депонија ќе го реши проблемот со горењето на ѓубрето во Буково, на стрелиштето...

Продолжи со читање

Во Охрид, по четврти пат ќе се одржи турнирот „Ohrid freed 2026″

Views: 138 Во рамки на одбележувањето на 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, ќе се одржи турнирот „Ohrid freed 2026″, во организација на ЈП “Билјанини Извори”, кој ќе ги обедини учесниците во духот на спортот, фер-плејот и меѓусебното дружење.На турнирот ќе учествуваат шест екипи, поделени во две групи со по три екипи. Во квалификациската фаза ќе се игра според системот „секој со секого”, при што ќе се одиграат вкупно шест натпревари.Квалификациските натпревари ќе се одржат на 28, 29 и 30 октомври 2026 година, со почеток во 20:00 и 21:00...

Продолжи со читање

„Да градиш иднина дома“ – охридски претприемачи ги инспирираат младите да започнат сопствен бизнис

Views: 109 Сопствен бизнис, професионален развој и можност за успех во родниот град. Како се гради претприемачка приказна, со какви предизвици се соочуваат оние што решиле да работат за себе и зошто младите не треба да се откажуваат од своите идеи? Ова беа дел од темите на четвртата конференција за младинско претприемништво „Да градиш иднина дома”, во организација на Младинскиот центар Охрид. Локални претприемачи ги споделија своите искуства и испратија порака дека за успехот се потребни храброст, истрајност и љубов кон професијата.„Целта е да ги охрабриме младите да пробаат...

Продолжи со читање

царина куче трагач

Две Перуанки приведени на Ќафасан, пронајдена марихуана во нивниот багаж

Views: 129 На 27 октомври 2026 година, на граничниот премин Ќафасан, на влез во државата, полициски службеници лишиле од слобода две државјанки на Перу, на возраст од 27 и 26 години.При преглед на комбе во кое патувале, во багажот на 27-годишната жена биле пронајдени две пакувања со марихуана, додека во багажот на 26-годишната жена било пронајдено едно пакување со марихуана.Двете жени биле спроведени и задржани во Полициската станица Струга.Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Продолжи со читање

Полициско возило

Притвор од осум дена за државјанин на Египет осомничен за кражба во хостел во Охрид

Views: 117 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишен државјанин на Египет, осомничен за сторено кривично дело „Кражба“.Според информациите од полицијата, на 26 октомври 2026 година, во хостел во Охрид каде што престојувал, осомничениот одзел мобилен телефон и пари од други гости, по што го напуштил местото.По преземените мерки, истиот ден околу 14 часот, на автопатот Тетово – Скопје, бил лишен од слобода од полициски службеници на СВР Охрид, Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал и семејно насилство, како и од СВР Тетово.По...

Продолжи со читање

Гордана Лолеска од Охрид му донираше бубрег на својот син Давид, прва ваква трансплантација во Македонија

Views: 166 Гордана Лолеска од Охрид му донираше бубрег на својот син Давид, кој се соочува со ретката болест Алпортов синдром. Со оваа хумана и мајчинска одлука, таа му даде нова шанса за живот, а по тешката неизвесност, првите вести се охрабрувачки, операцијата поминала во ред.Во кратка изјава за Викимедија, Гордана вели дека е истоштена, но среќна што сè поминало добро. Зад овие зборови стојат денови исполнети со страв, неизвесност и надеж, во кои најважно било нејзиниот син да добие можност за подобар живот.Ова е прва ваква трансплантација во Македонија , од мајка на дете со...

Продолжи со читање