Автор: инфодеск
Post Views: 117 На програмата на „Охридско лето“ вечерва е солистичкиот концерт на чешкиот пијанист Лукаш Вондрачек.Неприкосновениот победник и носител на наградата Гран при на Меѓународниот натпревар „Кралица Елизабета“ во 2016 година – Лукаш Вондрачек, повеќе од две децении патува низ светот настапувајќи со најпознатите светски оркестри. Меѓу нив, секако, оркестрите во Филаделфија, Бостон, Кливленд, Чикаго, Балтимор, Лос Анџелес, симфониските оркестри во Сиднеј, Токио, Оркестарот на Франкфуртското радио, Чешката филхармонија, Варшавската филхармонија, Оркестарот...
Светите маченици Козма и Дамјан
Post Views: 123 Лекари, бесребреници и чудотворци. Овие двајца светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат од Бога да ги лечат луѓето и животните од секоја болест и мака, и тоа со едноставно полагање на рацете врз нив. За својот труд не бараа никаква награда, од болниот бараа единствено да поверува во Господ Исус Христос. Наследија голем имот, но го раздадоа милостиво на бедните и неволните. Во тоа време во Рим царуваше царот Карин. Пред него гонителите на христијанството ги доведоа овие свети браќа...
Времето денес сончево и топло
Post Views: 103 Сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од15 до 32 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека продолжува периодот на сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен утре, кога во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Пуштена во употреба првата делница од автопатот Охрид – Кичево во должина од 20 км
Post Views: 253 После 11 години градба, денеска конечно беше пуштена во употреба првата делница во должина од 20 км од автопатот Охрид – Кичево. На свеченоста присуствуваа Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, но и други членови на Владата.-Проектот кој со години стоеше како симбол на застој, како срамна слика за држава што тапка во место, денес е симбол на новото време. Седум години траеше чекањето, ветувањата без дела, бесцелното трошење време, пари и нерви на...
Започна 65-то издание на фестивалот Охридско лето
Post Views: 90 Под мотото „Трансформација на сетилата“, вчеравечер на Античкиот театар беше отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“.Љубителите на уметноста и бројната публика имаше можност да ужива во прекрасниот концерт на американската пијанистка со блескава кариера Клер Хуангчи и уметниците од Националната филхармонија на Република Македонија под диригентската палка на маестро Едвин Оутвотер.На свеченото отворање на фестивалот го проследи и Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, заедно со претседателката на Република...
Денес се одбележува Свети Апостол Павле – Павловден
Post Views: 181 Светата Православна Црква денот по Петровден му го посветила на Светителот Апостол Павле – Павловден.Светиот апостол Павле особено е значаен за Македонците. Своето прво патување надвор од Азија тој го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера. Според тоа е смета дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и...
Сончево и топло со температури до 31 степен Целзиусов
Post Views: 125 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Во Охрид минималните температури од 15, а максималните до 31 степен Целзиусов.
Тстг: Ваква ,,галама” му прилега на Охрид
Post Views: 314 Наш сограѓанин од Месокастро ни ја прати снимкава со коментар ,,Ваква музика и ваква “галама” му прилега на Охрид. Секоја нота – посебна сила.”Инаку, ова е дел од 6. по ред најохридски настан на годината, ,,Ој љубов, љубов”, каде охриѓани во еден глас ги пеат традиционалните македонски песни.Настанот е во организација на Културолошка иницијатива 5 до 12, а во рамки на Алтернативното културно лето.
Пуштен во употреба целосно санираниот Музеј на вода
Post Views: 152 Денеска, во присуство на градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, премиерот Христијан Мицковски, вице-премиерот Александар Николоски, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и како и пратеници во Собранието, беше пуштен во употреба целосно санираниот Музеј на вода – „Заливот на коските”.-Минатата година овој музеј беше запуштен и заборавен – платформата на наколната населба и покривите на колибите оштетени, терасата пред музејот занемарена, системот за наводнување нефункционален, а условите за работа на вработените далеку од соодветни, рече...
Амбасадорите на ЕУ и Словенија во Охрид: Голф клубот како симбол на нов туристички потенцијал
Post Views: 298 Денеска во Охрид се одржа третото коло од Охридската Голф Лига, на кое почесни гости беа амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас и амбасадорот на Словенија во Македонија, Грегор Прескер.Со своето присуство, тие дадоа дополнителна тежина на овој спортски настан и испратија силна порака за поддршка на развојот на спортскиот туризам во земјава.Амбасадорите изразија задоволство од квалитетот на теренот, организацијата на натпреварот и нивото на игра, како и од целокупните можности што ги нуди голф теренот во Охрид. По завршување на турнирот, во...
Младите македонски едриличари до 14 години на Светското првенство Оптимист 2025
Post Views: 157 Од 26ти Јуни до 6ти Јули 2025 година, во Порторож, Словенија, се одржа Светското првенство во едрење во класата Оптимист, кое собра над 280 млади натпреварувачи од 64 држави.Македонија настапи со четири претставници, кои успешно ја завршија регатата, стекнувајќи вредно меѓународно искуство и спортска мотивација за натамошен развој. Како што информираат од Македонската едриличарска федерација, првенството се одржа во услови со умерени ветрови, што бараше од натпреварувачите голема концентрација, техничка стабилност и тактичка прецизност. Се одржаа вкупно 9...
Денес ќе се одржи традиционалната староградска пловидба „Ој љубов, љубов“
Post Views: 180 Денес традиционално ќе се одржи 6. по ред најохридски настан на годината.–Традиционално, во 17:30 часот е збирното место на сите пловни објекти, искучиво со веслање, е плажата Канео. Се плови до Старото пристаниште – Островче и во 18:30 часот настанот може да се посети и од копно. Дојдете и оваа година, во еден глас да ги испееме сите охридски и македонски песни и да останеме доследни на нашето, од традицијата подарено, велат организаторите.Настанот е во организација на Културолошка иницијатива 5 до 12, а во рамки на Алтернативното културно лето.