Skip to main content

Автор: инфодеск

УИНТ „Св. Апостол Павле“ формира Канцеларија за трансфер на технологии

Views: 191 Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид започна со процесот на воспоставување Канцеларија за трансфер на технологии (Technology Transfer Office – TTO), како една од клучните активности во рамки на меѓународниот проект COPILOT, поддржан од Европскиот институт за иновации и технологии (EIT) и Европската Унија (ЕУ).Во процесот на креирање и развој на ТТО, Универзитетот го користи искуството и добрите практики на своите проектни партнери – Данскиот технички универзитет (Technical University of Denmark – DTU), Националниот и Каподистриски...

Продолжи со читање

Пијаното под рацете на Сихенг Сонг постигна волуменозност на мал оркестар

Views: 182 Претходната ноќ на фестивалот „Охридско лето“ долго ќе се памети зашто беше вистински празник за пијаното. Во возвишениот амбиент на црквата „Света Софија“,  тој празник го приреди младиот пијанистички виртуоз од Кина Сихенг Сонг кој ги демонстрира не само неговата техничка супериорност што ја поседува секој врвен пијанист од висок формат, туку и  чувствата што извираа од неговата длабоко емотивна душа. Поради неговите маркантни динамички градации, на моменти, пијаното  постигнуваше волуменозност на мал оркестар.Со неверојатна леснотија, прецизност и висока...

Продолжи со читање

Свети Евдоким

Views: 168 Роден во Кападокија од благочестиви родители, Василиј и Евдокија. Во времето на царот Теофил (829–842) Евдоким беше млад офицер во војската. Но, и како војник вложуваше секаков напор за да живее според евангелските заповеди. Непорочно ја чуваше својата чистота и одбегнуваше дури и да зборува со која и да е жена освен со мајка си; беше милосрден кон бедните, грижлив во читањето свештени книги и уште погрижлив во молитвите кон Бога. Одбегнуваше суетни забави и празнословие. Беше „Среде метежот и суетата на светот, како крин меѓу трње и како злато насред оган“. Заради неговите...

Продолжи со читање

УХМР: Променливо облачно време со сончеви периоди

Views: 158 Променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува.Денес во Охрид температурите од 17 до 32 степени Целзиусови.Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст.

Продолжи со читање

Свр Охрид

Охриѓанка пријавила дека нејзината малолетна внука била допирана по телото од 17-годишник од Битола

Views: 280 На 11.08.2026 година во 12:20 часот во СВР Охрид, 63-годишна жена од Охрид пријавила дека пред неколку дена, нејзината 12-годишна внука била допирана по телото од 17-годишник од Битола, со привремен престој во Охрид, кого го познавала.Полициски службеници од СВР Охрид, во присуство на претставници од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Охрид, извршиле службен разговор со малолетникот.По целосно документирање на случајот, како што информираат од СВР Охрид, ќе следува соодветен поднесок.

Продолжи со читање

Свр охрид

Охриѓанка задржана во полициска станица по агресивно однесување во кругот на СВР Охрид

Views: 186 На 12.08.2026 година во 01:17 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, пред влезот на СВР Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ја лишиле од слобода 41-годишна жена од Охрид.Како што соопштуваат од СВР Охрид, жената со патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки се обидела да влезе во кругот на СВР Охрид, по што со врата од возилото удрила полициска службеничка. Потоа, според полициското соопштение, таа физички ја нападнала полициската службеничка, а се однесувала агресивно и им се заканувала на други полициски службеници кои извршувале...

Продолжи со читање

Брзата интервенција на охридските пожарникари спречи поголема штета од синоќешниот пожар во Месокастро

Views: 250 Во текот на вчерашните вечерни часови, екипите на ТППЕ Охрид интервенирале при пожар на отворен простор во Стариот дел на градот, во месноста Месокастро. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, спречено било ширење на огнот кон околните објекти и паркираните возила, со што биле избегнати поголеми материјални штети.Од ТППЕ Охрид посочуваат дека Стариот дел на градот претставува подрачје со висок безбедносен ризик од аспект на противпожарната заштита. Причина за тоа се бројните културно историски споменици, автентичната и збиена архитектура, како и ризикот од...

Продолжи со читање

Најубавите скриени плажи во Европа

Views: 374 Скриени заливи, недопрена природа и спектакуларни пејзажи, европското крајбрежје крие бројни плажи кои нудат мир и одмор далеку од туристичките гужви.Додека во текот на летото најголем број туристи ги посетуваат познатите дестинации, сè повеќе патници бараат помирни и помалку познати места. Токму затоа порталот за споредба на цените за изнајмување автомобили DiscoverCars.com состави листа на најубавите скриени плажи во Европа.На самиот врв се најде плажата Беритница на островот Паг во Хрватска, која со својот уникатен пејзаж, што потсетува на површината на Месечината, ги...

Продолжи со читање