Skip to main content

Автор: инфодеск

Вечерва изложбата Остров на осаменост

Post Views: 321 „Остров на осаменост“ е насловена изложбата со цртежи на авторите Мирко Вујисиќ, Лидија Вујисиќ и Сашо Блажес, која што вечерва ќе биде отворена во Куќата на Робевци во Охрид.Завод и музеј – Охрид соопшти дека ќе бидат изложени 40-тина дела изработени во различни цртачки техники и медиуми.Изложбата „Остров на осаменост“ си зема задача да ја отвори креативната лабораторија на цртежот кој неретко, од страна на современите текови во уметноста е сметан за конзервативен медиум, резистентен на иновативни идеи и екстензии, анализирајќи ја границата меѓу...

Продолжи со читање

Три брода со жито ја напуштија Украина

Post Views: 396 Три брода со десетици илјади тони пченка утрово испловија од украинските пристаништа, соопшти турското Министерство за одбрана.Овие бродови испловија благодарение на договорот постигнат со помош на меѓународната заедница за деблокирање на извозот на земјоделски производи од Украина и олеснување на растечката глобална криза со храна.Два брода тргнале од Чорноморск, а еден пловел во близина на Одеса. Вкупно превезуваат околу 58.000 тони пченка, пренесува Ројтерс.Турското Министерство за одбрана на Твитер објави дека бродот „Навистар“ под панамско знаме...

Продолжи со читање

Загинаа 4 лица во сообраќајка во Бугарија

Post Views: 417 Најмалку 4 лица загинаа, а 3 се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи кај селото Гавраилово во Бугарија.Како што пишуваат бугарските медиуми, се случил директен судир на два мини-автобуса, откако едниот од возачите изгубил контрола и влегол во соседната коловозна лента, удрил во другиот автобус, по што се запалил.Четворица починале на лице место, а еден се наоѓа на интензивна нега во живото загрозувачка состојба. Уште две лица од тешката несреќа се примени во болница со повеќекратни скршеници. Според bTV,  тоа се работници од блискиот...

Продолжи со читање

Во САД прогласена вонредна состојба

Post Views: 359 Властите во САД прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници.Подготвени сме да го подигнеме нашиот одговор на следното ниво и барам од секој Американец сериозно да ги сфати мајмунските сипаници – рече американскиот министер за здравство Ксавиер Бекера.Одлуката ќе биде во сила 90 дена, но министерот за здравство може да ја продолжи. Во последните 15 години во САД се прогласени 4 вакви закани.Во светот се пријавени повеќе од 26.000 случаи на инфекција со мајмунска сипаница, од кои повеќе од 6.600 се во САД.

Продолжи со читање

50-тина стари лица од струшко добиваат нега

Post Views: 450 20 негуватели, веќе девет месеци се грижат за старите и изнемоштени лица во струшко. Интересот за оваа мерка е голем. Причини се масовното иселување на младите и недостигот на дом за згрижување на луѓето во третата доба во целиот Југозападен регион.50-тина стари лица добиваат нега, а уште толку чекаат ваква помош, која е од непроценлива вредност за семејствата.Имаме околу педесетина стари лица кои се корисници на оваа услуга, ја добиваат негата во нивниот дом. Мислам дека е солиден бројот. Имаме тенденција на зголемување на барањата. Кај нас секојдневно...

Продолжи со читање

Трка на непокорот во Вевчани

Post Views: 430 Во чест на Вевчанскиот непокор под мотото „Терчаме непокорни и горди“ во сабота во Вевчани ќе се одржи Крос на поранешни и сегашни ученици на ООУ „Страшо Пинџур“ од Вевчани.Трасата е од трансформатор до центарот на Вевчани. Во трката ќе се вклучат поранешни и сегашни ученици во ОУ „Страшо Пинџур“ Вевчани. Овој настан е дел од програмата на манифестацијата „Вевчанско лето“ – информира градоначалникот Спасе Кочоски.Организатор на настанот е Вевчани Турист инфо, а покровител општина Вевчани.

Продолжи со читање

Неправилности во објект за одгледување канабис

Post Views: 386 На 03.08.2022, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога и Единица за финансиски криминал, полициски службеници од СВР Охрид, заедно со членови од Комисијата за оценување на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели, извршен е претрес во објекти сопственост на правно лице од Охрид, лоцирани во Охрид.За време на контролата на...

Продолжи со читање

Нема крај на охридската убавина

Post Views: 977 Прекрасни фотографии од Охрид и Охридското езеро имаме денес во рубриката „Ти си твојот град“.На фотографиите покрај езерото, има и неколку кајчиња кои уште повеќе ја разубавуваат глетката.Фотографиите ги направи нашиот сограѓанин Крсте Голабовски.

Продолжи со читање

Дрим шорт фестивал како Кула од вечности

Post Views: 676 Под мотото „Кула од вечности“ од 6ти до 9ти август во Струга ќе се одржи Шестото издание на Фестивалот на кратки филмови „Дрим Шорт 2022“.На годинешното издание ќе може да се погледнат филмови во четири натпреварувачки категории: студентска, регионална, интернационална и специјалната програма насловена „Соочување со минатото“, а на публиката ќе и биде понудена и нова креативна платформа вели Лидија Мојсовска, креативен продуцент на фестивалот.„Која што во принцип за прв пат ќе се случи во рамките на еден филмски фестивал во Македонија барем ние така...

Продолжи со читање

Пецаков на средба со шпанскиот амбасадор

Post Views: 357 Денес во работна посета на Општина Охрид беше амбасадорот на Шпанија во Република Македонија, Н.Е. Хосе Луиз Лозано Гарсија.На средбата со градоначалникот Кирил Пецаков, шпанскиот амбасадор истакна дека денешната посета на Охрид е дел од економскиот караван на амбасадорот низ Македонија, каде се бараат можности за поблиска соработка со општините во земјава.Високиот дипломат ја истакна добрата соработка на шпанската компанија „ИДОМ“ со ЈП „Колекторски систем“, што резултира со грант од еден милион евра за изработка на физибилити студија....

Продолжи со читање

Џокер 2 доаѓа во октомври 2024

Post Views: 628 Продолжението на „Џокер“ доаѓа во кината на 4-ти октомври 2024 година, објави „Ворнер брос“, при што треба да биде доста различен од мрачниот оригинал. Потврдено е дека Хоакин Феникс ќе ја репризира насловната улога во „Joker: Folie a Deux“, за која освои Оскар за најдобар актер пред две години.„Џокер“ имаше вкупно 11 номинации за Оскар, при што беше награден и за најдобра музика, а беше и голем хит во кината, заработувајќи над милијарда долари на светско ниво.„Ворнер брос“ не откри други детали за филмот, додека „Вараети“ објави дека ќе биде мјузикл, а...

Продолжи со читање

Промоција на книгата Интимно со пандемијата

Post Views: 324 Во сабота со почеток од 19:30 часот во просториите на „Култура 365“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Интимно со пандемијата“ од група автори.Промотори на книгата ќе бидат Лилјана Пандева и Мерсиха Исмајлоска.„Интимно со пандемијата“ е збирка од 26 раскази од 17 автори, кои ја споделуваат со читателот интимата на главните ликови во време на пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19. Се работи за шаренило на нарации и главни ликови кои заедно сочинуваат еден мозаи, едно дело кое по години би се читало како сведоштво на ова тешко време на...

Продолжи со читање