Skip to main content

Автор: инфодеск

Oблачно со повремени врнежи од дожд

Post Views: 46 Во Охрид денеска времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе достигне до 10 степени.До четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Во четврток претпладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во пораст, особено во петок и за време на викендот кога на повеќе места ќе биде над 20 степени, информираат од УХМР.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Преполна сала за митингот на Бојан и Марјан во Охрид

Post Views: 55 Преполна сала, громогласна смеа, долги аплаузи. вака изгледаше  стенд АП митингот со Бојан Велевски и Марјан Ѓеоргиевски.Преку необичен и префинет хумор стенд ап комичарите ја доловија реалната политичка сцена во земјава.Ја претставија својата политичка кампања, митинг по текст на познатиот Божидар Божиноски. Пренесоа бројни празни ветувања од нашите политичари.За незаборавното шоу Можевме, мало сутра охриѓани ги наградија со громогласни аплаузи и честитки. Салата беше претесна за големиот број граѓани кои сакаа да бидат дел од...

Продолжи со читање

Се комплетираат листите за пратеници за претстојните парламентарни избори

Post Views: 43 Политичките партии ги комплетираат листите за пратеници за претстојните парламентарни избори кои ќе се одржат на 8 мај.  Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Димитар Ковачевски, на 28-от конгрес  на партијата ги објави носителите на претеничките листи. Во петтата изборна единица прв на листата ќе биде актуелниот собраниски спикер Јован Митрески, а коносител ќе биде потпретседателката на СДСМ и министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.ВМРО ДПМНЕ ги дефинира носителите на листите многу порано. Во ИЕ5 носител...

Продолжи со читање

Се намалува бројот на евтини летови на двата македонски аеродроми

Post Views: 37 Оваа летна сезона ќе биде намален бројот на евтини авио летови  во земјава. Од 31 март, со летниот распоред се очекува укинување на одредени  дестинации. Во недостаток на официјални иинформации, се зборува дека евтината авио компанија,  планираниот  обем на сообраќај  на охридскиот аеродром ќе го  намали за 48% додека на скопскиот за 25% .Моментално Виз Ер од Охрид, согласно  зимскиот распоред има  летови  само за Виена, Дортмунд и Менинген,  а од  Меѓународниот Аеродром Скопје, достапни се 27 дестинации....

Продолжи со читање

Жителите на „елитната“ Чекоштина и понатаму се без улица и број

Post Views: 59 Немање на уличниот систем во Чекоштина и понатаму претставува еден од главните проблеми на жителите на оваа населба која беше замислена како елитен сончев град, а две децении подоцна и понатаму е неурбанизирана со стотина куќи и викендици кои немаат ни улица ни број, ниту канализација.На годишното собрание кое се одржа викендов, жителите организирани во Здружението „Чекоштина Урбан“ одлучија до локалната власт да достават конкретен предлог, со графички приказ и имиња на неколку поважни улици во месноста.-Две децении чекаме да се уреди уличниот...

Продолжи со читање

Јованоска: Се’ во излагањето на Китески е ноторна лага, ВМРО ДПМНЕ  не може да се помири дека мојот стил на работа е чесно и посветено

Post Views: 78 Спектакуларната најава за  поднесување на некаква кривична пријава кон мене е класично замајување на јавноста и заплашување на народот пред избори во насока на нивната позната теза:  внимавајте, ако не сте со нас и не работите по наше ќе ве снајде истово, реагира Гордана Јованоска, член на СДСМ и поранешен директор на ЈП ,,Билјанини извори” на прес конференцијата на потпретседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, Александар Китески.Се’ во излагањето на Александар Китески од ВМРО ДПМНЕ е ноторна лага, тоа го знаат и самите и во целост ќе се докаже,...

Продолжи со читање

Променливо облачно време со услови за локален дожд 

Post Views: 50 Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди и услови за локални врнежи од дожд претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 13 степени.– До четврток ќе се задржи врнежливо и повремено нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и повремено засилен ветер. Од среда насекаде дневните температури ќе бидат позитивни, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст, информираат од УХМР.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Поднесена кривична пријава против поранешната директорка на ЈП „Билјанини Извори’’, Јованоска

Post Views: 49 Денес од страна на ЈП „Билјанини Извори“ поднесена е кривична пријава до ОЈО Охрид и СВР Охрид, поради основано сомнение дека пријавената Гордана Јованоска, како поранешен директор на ЈП „Билјанини Извори’’ извршила продолжено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, информираше на прес конференција,  потпретседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Александар Китески.„Пријавената Гордана Јованоска злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување на директор на ЈП „Билјанини Извори“, спротивно на законските приписи и тендерската...

Продолжи со читање