Skip to main content

Автор: инфодеск

Роднокрајни автори родени во август

Post Views: 316 Пред пултот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид веќе е поставена изложбата на книги од роднокрајни автори родени во месец август.Традиционално и на овој начин потсетуваме на нивните родендени и на нивното богато творештво – велат од Градската библиотека.Во август се родени: Радослав Петковски, Ангеле Грозданоски, Живко Чинго, Славе Николовски – Катин и Кристина Т. Рудевска.

Продолжи со читање

Пет нови книги во Градската библиотека

Post Views: 399 Од најновата набавка на книги оваа недела, НУ Библиотека „Григор Прличев“ ви предлага да ги побарате и да ги прочитате следните наслови:„Солта во морето“ од Рута Шепетис, „Моја до полноќ“ од Лиса Клејпас,„Тајниот говор“ од Том Роб Смит и„Умри за мене“ од Синтија Идн.Четирите наслови се во издание на Сакам книги и се најавуваат како бестселери на престижниот Њујорк тајмс.Во овој избор влегува и книгата „Пред да те пуштам да заминеш“ од Кели Ример.Библиотеката до почетокот на септември работи од 8 и 30 до 16 часот од понеделник до...

Продолжи со читање

Македонија и сухоите и ги подари на Украина

Post Views: 450 Четирите воени авиони „СУ-25“ што Македонија за време на конфликтот во 2001 година ги купи од Украина за четири милиони евра деновиве ѝ се донирани на Украина, дознава МКД.мк. Од Министерството за одбрана оваа наша информација не ја демантираа, ниту пак ја потврдија. Се работи за авионите што Македонија планираше да ги продаде уште во 2004 година.На прашањето дали е точна информацијата дека Македонија, по тенковите, ѝ ги донирала и воените авиони „сухои“ на Украина, од Министерството за одбрана одговориле: „Точните детали за сите три одлуки, нивната...

Продолжи со читање

Невреме во Јапонија

Во Јапонија 200 000 луѓе повикани на евакуација

Post Views: 308 Во обилните дождови во северна Јапонија има урнато мостови и излеани реки, а 200 000 жители беа повикани да ги напуштат погодените области.Две лица се водат како исчезнати, изјави владиниот портпарол Хироказу Мацуно, а властите предупредија на зголемен ризик од лизгање на земјиштето и поплави.На телевизиските снимки се гледаат паднати дрвја во калта во близина на планинската станбена зона, како и поплавени куќи и целосно урнат мост.Јавниот сервис НХК објави дека се издадени необврзувачки известувања за евакуација за 200 000 жители во петте префектури...

Продолжи со читање

Инспиративна вечер со Балинт и Милошевиќ

Post Views: 479 Инспиративен концерт со внимателно избран репертоар претежно со транскрипции имаа вчеравечер унгарскиот флејтист Јанош Балинт и српскиот пијанист Владимир Милошевиќ.Тие настапија на концертниот подиум во црквата „Света Софија“, изведувајќи ги „Унгарската пасторална фантазија“ од Доплер, „Сонатината оп.100“ од Дворжак, композицијата „Сиринкс за соло флејта“ од Дебиси, „Романски танци“ од Барток, „Медитација“ од Масне и „Кармен фантазија“ од Борне.Внимателно одбраниот репертоар изведен со висок виртуозитет од страна на уметниците донесе уште една вечер на...

Продолжи со читање

На фарма во Австралија убиени 3 лица

Post Views: 316 Полицијата во Северна Австралија трага по маж што утрово застрела и уби три лица на оддалечена фарма. Во престрелката уште едно лице е тешко повредено.Полицијата во Квинсленд го блокирала пристапот до местото на настанот, сточарска фарма во Боги, додека трага по „убиецот или убијците“, пишува Би-би-си.Тешко повредениот маж патувал многу, многу километри за да ги предупреди властите. Кога разговараше со нас, беше во состојба на шок. Добил прострелна рана во пределот на стомакот и беше пренесен во Градската болница Мекеј на итна операција – рече...

Продолжи со читање

Изложба на цртежи Остров на осаменост

Post Views: 610 Овој петок во 20 часот, во галеријата во Куќата на Робевци, ќе биде отворена изложбата на цртежи насловена „Остров на осаменост“ од тројца автори Мирко Вујисиќ, Лидија Вујисиќ и Сашо Блажес.  На изложбата ќе бидат изложени околу 40-тина дела изработени во различни цртачки техники и медиуми.Изложбата „Остров на осаменост“ си зема задача да ја отвори креативната лабораторија на цртежот кој неретко, од страна на современите текови во уметноста е сметан за конзервативен медиум, резистентен на иновативни идеи и екстензии, анализирајќи ја границата помеѓу...

Продолжи со читање

Зградата кај Касарна Хаб без водоводна мрежа

Post Views: 407 Зградата во поранешната Kасарна во која функционира Центарот за паметни идеи „Касарна Хаб“ нема приклучок на водоводна мрежа.Хабот, кој спроведува активности веќе два месеци, за своите потреби обезбедил вода преку привремено решение. Цревото со кое во моментов се снабдува просторот со вода не ги задоволува стандардите и може да се смета дека водата која тече од чешмите во хабот е техничка, а не обезбедува ниту доволен притисок за проток низ цевките низ целиот објект.Иновативниот хаб е дел од проeктот на Општина Охрид, Ohrid Go, кој се финансира од ИПА...

Продолжи со читање

Се одржа настанот Вкусете го Охрид локално

Post Views: 309 На плоштадот кај Долна Порта се одржа манифестацијата „Вкусете го Охрид локално“ која наликуваше на голема гостинска софра каде што посетителите вкусуваа охридски специјалитети приготвени на традиционален начин.Присутните имаа можност да се запознаат со локалните производители на традиционална храна, а можеа и да вкусат домашни месни производи, комат, ѓомлезе, леб под сач, џемови и слатка. Беа понудени и органски производи, различни видови макала, намази, домашно вино и ракија.Покрај храната и пијалоците произведени од познати охридски фамилии свои...

Продолжи со читање

Засилено да се работи на пристапен туризам

Post Views: 330 Архитектонските бариери остануваат едни од најгорливите проблеми со кои се соочуваат лицата со телесен инвалидитет.Движењето се колички по улиците им е отежнато, пристапот до вториот кат, високите тротоари, рабниците на пешачките премини се пречка за нив, па поради тоа неопходна им е дополнителна помош.Тежок пристап до Kејот за лицата со хендикепИста е состојбата низ сите градови во земјава, но забележително е во туристичките центри, кога инвалидизираните лица одмараат на брегот на Охридското езеро.Од „Мобилност“ Скопје велат, изминативе десетина...

Продолжи со читање

Нови 178 случаи на ковид, починаа 4 лица

Post Views: 340 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.238 тестови, а регистрирани се нови 178 случаи на КОВИД-19.Скопје – 101, Прилеп – 11, Кавадарци, Гостивар и Охрид – по 10, Струга – 8, Тетово – 7, Битола и Неготино – по 5, Кочани – 3, Струмица – 2, Куманово, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш и Дебар-по 1.Од вкупниот број на позитивни (178), регистрирани се 33 реинфекции.Регистрирани сe 592 оздравени пациенти од: Скопје – 259, Битола – 42, Куманово – 34, Прилеп – 32, Велес...

Продолжи со читање

Тројца загинати при напад во градинка во Кина

Post Views: 317 Најмалку три лица загинаа, а шестмина се повредени во денешниот напад со нож во градинка во југоисточната кинеска покраина Џиангши.Напаѓачот со капа и маска влегол во приватна градинка во округот Анфу, соопшти локалната полиција.Осомничениот 48-годишен маж сè уште е во бегство, а полицијата не ја соопшти возраста на жртвите.

Продолжи со читање