Skip to main content

Автор: инфодеск

Прекрасен концерт на триото Инсендио

Post Views: 385 Одличен концерт приреди вчеравечер триото „Инсендио“ од Чешка на фестивалот „Охридско лето“.Младите и шармантни членови на овој музички состав, пијанистката Каролина Франтишова, виолинистот Филип Зајков и виолончелистот Вилем Петрас ја воодушевија публиката во црквата „Света Софија“ со прекрасна тонска проекција и виртуозност при изведбата на „Тристиа“ од „Долината  на Оберман“ S. 378c (S. 723) за пијано трио од композиторит Франц Лист,  Пијано трио бр. 3  од Бохуслав Мартину  и  Пијано трио бр. 2 оп. 26 од  Антонин Дворжак.Првпат сме во Охрид и многу ни...

Продолжи со читање

Санирана штетата направена врз клупите во градски парк

Post Views: 190 Екипа на ЈП „Градски Пазар“ Охрид изврши санација на оштетените клупи во централното градско подрачје, кои беа цел на вандалски чин.АПЕЛИРАМЕ за поголема граѓанска свест и одговорност при зачувување на урбаната опрема на Општина Охрид – велат од ЈП „Градски Пазар.

Продолжи со читање

Светски ден на борба против хепатитот

Post Views: 611 Речиси 3000 луѓе умираат од хепатитис Б и Ц секој ден. На секои 30 секунди еден човек го губи животот од хепатитис Б и Ц. Навременото тестирање и лекување на хепатитис Б, Ц и Д може да спаси животи.По повод Светскиот ден на борба против хепатитот, на 5 август на плоштадот во Охрид со почеток во 10:0 часот ќе се одржи едукативен настан во организација на Хепар Центар Битола во соработка со пациентска организација за ретки болеси “Ретко е да си редок” од Охрид, на кој пошироката јавност ќе биде запознаена со хепатитисот како болест и начините нја превенција,...

Продолжи со читање

Вечерва концерт на флејта и пијано

Post Views: 368 Во катедралната црква „Света Софија“ вечерва од 21 часот ќе настапат флејтистот Јанош Балинт од Унгарија и пијанистот Владимир Милошевиќ од Србија.На концертот што е во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ ќе бидат изведени дела од Доплер, Дворжак, Дебиси, Барток, Масне и Борне.Роден во 1961 година во Унгарија, Јанош Балинт дипломира на Академијата „Франц Лист“ во Будимпешта во 1984 година. Добитник е на бројни награди на меѓународни натпревари.Основач е на институтот „Доплер“ во Унгарија, а во моментот предава на Високата...

Продолжи со читање

Данче е единствената жена бакарџија во Охрид

Post Views: 500 Данче Наумоска е единствената жена бакарџија во Охрид. Занаетот го учела од татко и, кој цел живот бил казанџија, но и сеуште и помага во работилницита.За разлика од минатото кога се изработувале казани и садови, таа денес со своите вешти раце и креативност занаетот го претвори во уметност. Од бакар и позлата прави реплики на златната маска и ракавица, но и други автентични производи со охридски мотиви. Вели целта е пред туристите да се претстави богатото културно наследство на Охрид.Ги изработувам златните маски, автентични – нешто оригинално од Охрид...

Продолжи со читање

Јубилејно 50-то издание на Лице в лице

Post Views: 256 Постои одржливо решение за компаниите во Македонија кои се соочуваат со недостаток на работна сила, кое обезбедува повеќе бенефити. Отворените работни позиции може да бидат одговорени од постоечки работен потенцијал кој треба да биде соодветно насочуван.Најважната улога треба да ја имаат професионалниот и социјалниот ментор, чија цел, преку синергиската поврзаност, е успешно интегрирање на потешковработливите лица на пазарот на трудот.Ова е само една од пораките на јубилејното 50-то издание на списанието за одржлив развој „Лице в лице“, кое излезе од...

Продолжи со читање

Пронајдена марихуана кај Штипјанец во Охрид

Post Views: 252 На 01.0.2022 година во 22 часот, во граничната полиција на Регионален центар „Запад”, приведен е К.А.(22) од Штип.При преглед извршен врз него на улицата „Кленоец” во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Жител на Лешани го нарушил јавниот ред и мир

Post Views: 335 На 01.08.2022 година во 23:50 часот, во СВР Охрид приведен е А.М.(35) од селото Лешани-општина Дебрца.Тој претходно, во близина на угостителски објект лоциран на улицата „Стив Наумов” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување кон гостите и случајните минувачи. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Прогласени најдобрите на малиот маратон

Post Views: 439 Ивана Неделкоска во конкуренција жени и Кристијан Стојановски во конкуренција мажи, и двајцата од Пливачки клуб Скопје се победници на малиот пливачки маратон. Тие беа најдобри во конкуренција од 44 пливачи. Кристијан патеката долга 2.5 километри од плажата Горица до градскиот ја исплива со време од 31:38:74, а Ивана за 34:34:25. И двајцата учествувале повеќе пати на маратонот при што познати им се и патеката и условите.„Среќен сум што победив годинава, тоа ми е репер за понатаму да тренирам повеќе, имам поголеми цели и се спремам за подолги и поголеми...

Продолжи со читање

Охрид го чествува Илинден

Post Views: 335 Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјата на хероите од двата Илиндена и со пригодна празнична програма, општина Охрид го одбележа 2 август – Денот на Републиката.Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков и претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, се поклони пред спомен облежјата на Илинденците во Градскиот парк.Делегација на општината положи и свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците кај Прентов мост. Исто така, општинска делегација положи свежо цвеќе и на споменикот во село Плаќе, каде...

Продолжи со читање

САД воведоа нови санкции за компании

Post Views: 373 САД воведоа санкции за кинески и други компании кои велат дека се користени од еден од најголемите ирански петрохемиски посредници за продажба на ирански производи во вредност од десетици милиони долари во Источна Азија, додека Вашингтон продолжува да ја запре продажбата на иранска нафта во регионот, објави Ројтерс.Одделот за финансии на САД во соопштение ги обвини назначените компании дека се користени од иранската компанија за петрохемиска индустрија во Персискиот Залив за да се олесни продажбата на ирански нафтени и петрохемиски производи од Иран во...

Продолжи со читање

Чешко трио вечерва на Охридско лето

Post Views: 298 Чешкото трио „Инсендио“ ќе настапи вечерва во рамки на 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“.Триото составено од пијанистката Каролина Франтишова, виолинистот Филип Зајков и виолончелистот Вилем Петрас е основано во 2016 година во Прага.Националната установа „Охридско лето“ соопшти дека се наградувани на повеќе национални и меѓународни натпревари за класична музика, меѓу кои „Џани Бергамо“ во Лугано, „Куп“ во Кремона, „Марчело Понтило“ во Фиренца, „Бацевич“ во Лоѓ, „Масимилијано Антонели“ во Латина…„Инсендио“ е дел од Европската академија за...

Продолжи со читање