Автор: инфодеск
Post Views: 372 Брод со украинско жито го напушти пристаништето Одеса, прв како дел од договорот за деблокирање на пристаништата на Црното Море на Украина, изјави министерот за инфраструктура Олександр Кубраков.Првиот брод со жито од руската агресија го напушти пристаништето. Благодарение на поддршката од сите наши партнерски земји ОН, успеавме целосно да го спроведеме договорот потпишан во Истанбул – напиша тој на Твитер.Турското Министерство за одбрана претходно соопшти дека денеска од црноморското пристаниште Одеса ќе тргне првиот брод што ќе превезува...
Охриѓанец физички нападнал две лица
Post Views: 464 На 01.08.2022 во 03 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е Д.С.(38) од Охрид.Тој, претходно на улицата „Петрино” во Охрид, физички ги нападнал К.Д.(22) и С.Р.(19) двајцата од Охрид, а потоа ги нападнал и полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Одложена одлуката за регистарски таблички
Post Views: 393 Утрово на северот на Косово и Метохија е мирно, по бурното деноноќие. Приштина ја одложи одлуката за реципроцитетни мерки за 1 септември.Србите ја поминаа ноќта на барикадите. Вчерашниот ден започна со движењата на косовската полиција кои ги најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а потоа имаше барикади и пукотници.Причината за тензијата е што примената на реципроцитетните мерки требаше да почне на 1 август, поточно, како што соопшти косовската Влада, од полноќ на сите што ќе дојдат на премините со лична карта на Република Србија ќе им биде...
Езерска флота
Post Views: 845 Прекрасни слики ни испрати нашиот сограѓанин Коле Тасевски. На оваа убава глетка со езерска флота кај каналот Студенчишта, никој не може да остане рамнодушен.Езерска флота, припрема, старт. Новите жители во каналот Студенчишта во Охрид – напиша Тасевски под фотографиите наменети за рубриката „Ти си твојот град“.
Физички напад, пронајдена марихуана
Post Views: 335 На 31.07.2022 година во 01:10 часот во СВР Охрид пријавено е дека Г.Ц. од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата невенчана сопруга и со остар предмет се обидел да ја повреди. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 31.07.2022 година во 00:25 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е И.М.(20) од Битола. Полициски службеници кај него пронајдоа и одзедоа еден куршум и една чаура. Тој е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 30.07.2022 во 23:50 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишија од...
Најмладите се забавуваа со 5+ Фамилија
Post Views: 453 Најмладата публика на „Охридско лето“ вчеравечер пееше и се забавуваше на Долни Сарај со музичко-сценскиот перформанс „Немаме резервна планета“ на 5+ Бендот и јунаците од 5+ Фамилија.Овој настан во продукција на ОХО беше режиран од Сандра Ѓоргиева.По повод јубилејот на образовно – забавната платформа 5+, која цели 15 години успешно ги едуцира и забавува не само децата, туку и родителите, и тоа на македонски и на албански јазик, 5+ БЕНД и 5+ ФАМИЛИЈА подготвија ново музичко-сценско доживување, овојпат навраќајќи се на една од основните вредности на...
Маж од Пласница се удави во Охридското езеро
Post Views: 349 На 30.07.2022 околу 15:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на плажа пред хотел на охридското крајбрежје, од водите на Охридското Езеро бил извлечен Р.М.(77) од селото Пласница, Македонски Брод.По извршена реанимација, од страна на Итна медицинска помош кај лицето била констатирана смрт, без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на семејството – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Дипломатите презадоволни од Охридско лето
Post Views: 328 Традиционалните вечери на фестивалот „Охридско лето“ што досега се одржаа, Вечер на Европска унија, Српска вечер, Италијанска вечер и Француска вечер беа вистински празник за љубителите на културата.Концертите одржани во рамките на овие вечери ги донесоа најдобрите уметници од нивните земји, а во редовите на публиката беа и дипломатите кои несебично ги поддржаа настаните и изразија огромна благодарност до директорката на фестивалот за нивната организација.Отворајќи ја Српската вечер на „Охридско лето“, на која присуствуваше Н.Е. Амбасадорката на Србија ...
Македонски уметници вечерва на Охридско лето
Post Views: 322 Во црквата „Св. Софија“ вечерва со почеток во 21 часот ќе настапат сопранот Весна Ѓиновска Илкова – сопран и тенорот Ѓорѓи Цуцковски во пијано придружба на Кристина Светиева.Концертот е во рамки на музичката програма на 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“.Весна Ѓиновска – Илкова дипломира на ФМУ во Скопје, во класата на проф. Милка Ефтимова, а магистeрските студии ги завршува во Белград во класа на проф.Радмила Бакочевиќ. Во нејзината богата оперска продукција, остварува над дваесет насловни улоги.Дебитира како Микаела во „Кармен“ со...
Нападната охриѓанка во деловен објект
Post Views: 382 На 29.07.2022 година во СВР Охрид пријавено е дека во деловен објект лоциран на улицата „Партизанска” во Охрид, Ѓ.Л. го нарушил јавниот ред и мир.Тој физички ја нападнал Е.П.(42), двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Охриѓанка фатена со кокаин на концерт
Post Views: 436 На 29.07.2022 околу 22 часот, во СВР Охрид приведена е М.Ј.(20) од Охрид.При преглед извршен за време на музичка манифестација во Охрид, полициските службеници кај неа пронајдоа и одзедоа кеса со кокаин. Против неа ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Француска вечер со квартетот Агат
Post Views: 328 Квартетот „Агат“ од Франција вечерва ќе настапи во рамки на традиционалната Француска вечер на фестивалот „Охридско лето“.Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Во овој состав членуваат виолинистите Адриен Јуркович и Тома Декан, виолончелистот Симон Јашеме и Рафаел Пањон на виола.Квартетот „Агат“ е формиран е во 2016 година, а неговите членови студирале на високата школа за музика „Ханс Ajслер“ во Берлин, во класата на Еберхард Фелц и на Парискиот конзерваториум под менторство на...