Skip to main content

Автор: инфодеск

Не е точно дека Русија не гранатира цивилни објекти и дека снимките од Мариупол се лажни

Post Views: 1.373 Говорејќи за состојбата со руско-украинскиот конфликт и гранатирањето на цивилни објекти во украинскиот град Мариупол од страна на руската војска, амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Баздникин ја даде следната изјава:Ние правиме се за да спречиме какви било цивилни жртви. На почетокот на специјалната воена операција руското воено раководство даде јасна и недвосмислена наредба да не се напаѓаат населени места и цивилни инфраструктурни објекти. Нашите вооружени сили заедно со војниците на Доњецка и Луганска Република користат...

Продолжи со читање

ООУ Братство Единство го одбележа патрониот празник

Post Views: 514 Со свечена приредба и спортски активности и игри во школскиот двор ООУ „Братство Единство го одбележа патрониот празник. Оваа година мотото под кое училиштето го прослави патронатот е „Да си подадеме рака“.25-ти мај за нашето училиште е посебен ден. Овој ден е познат како Ден на младоста, братството и единството. Второто име за младоста се децата. Ние сме тука за нив, тие го исполнуваат нашето работно секојдневие, растат и созреваат пред нашите очи. Оваа година заедничкото мото под кое го славиме патронатот е „Да си подадеме рака“. Раката е симбол за...

Продолжи со читање

Граѓаните најмногу се жалат на правосудството

Post Views: 353 Граѓаните од Југозападниот регион бараат помош од народниот правобранител во најголем дел поради проблеми со правосудството. Во првиот квартал од годинава подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Кичево примила повеќе од 90 преставки од страна на граѓаните. Од нив најголем дел се однесуваат на жалби за работењето на правосудните органи, вели заменик народниот правобранител во оваа подрачна канцеларија, Илбер Руфати.Претежно се жалат на непочитување на рокот на донесување на решени пресуди од страна на судот, обвинителните акти од страна на...

Продолжи со читање

Пречистителна станица ќе се гради во Радожда

Post Views: 399 Со пречистителна станица ќе се заокружи колекторски систем од струшко Радожда. Ќе се намали загадувањето на Охридското Eзеро, како клучна препорака на Унеско, а водата ќе биде побезбедна за капачите.Наместо продолжување на постоечкиот цефковод на колекторот од Елен Камен, поради заштеда на електрична енергија, ќе се гради пречистителна станица.„Нашето размислување е Радожда да се реши со сопствена пречистителна станица со капацитетите кои што ги има Радожда. Пречистената вода да може директно да се влева во Охридското Езеро“ – вели Владимир...

Продолжи со читање

Наспроти изјавите на Бујар Османи, МНР било снабдено со руски горива ден пред војната во Украина

Post Views: 1.189  Во емисијата Клик Плус во ТВ21, Министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека купувањето од руски компании ја финансира руската војска.СПИН: „Мислам дека Русија, Руската Федерација, главно се финансира преку извори на енергија. Доминантните приходи на Руската Федерација се од гас, нафта, енергетски ресурси. Секако дека нивното купување ја финансира руската армија, за тоа нема дилема“ нагласи Османи.Тој истакна дека се разгледуваат можностите за блокирање на каква било индиректна или директна помош од РСМ за...

Продолжи со читање

Сцена од филм од 2017, невистинито претставена како од инвазијата во Украина

Post Views: 1.189 Рецензираме содржина споделена на социјалната мрежа Фејсбук, која содржи видео материјал за кој се тврди дека потекнува од руската инвазија на Украина која се случи на 24 февруари 2022 година.Во периоди на воени конфликти, видео материјалите кои го портретираат она што луѓето во погодените подрачја го доживуваат – предизвикуваат емоции особено внимание кај читателите и се врежуваат во меморијата. Откако почна воената инвазија на Русија врз Украина, македонските медиуми постојано објавуваат видео материјали, фотографии и сведоштва на воените...

Продолжи со читање

Нема докази дека загинала првата жена борбен пилот во Украина

Post Views: 332 Откако почна воената инвазија на Русија во Украина, на социјалните мрежи почнаа да се објавуваат и да циркулираат фотографии од луѓе, кои, наводно, го загубиле животот во битките што се водат на украинска територија. Таков е случајот со објавата за наводната смрт на првата жена борбен пилот во Украина, која починала откако била тешко повредена.Барем така се тврди во постовите споделени на социјалната мрежа Фејсбук, а ги има и на Твитер. Меѓутоа, оваа објава на Фејсбук за смртта на првата жена борбен пилот во Украина, е проследена со...

Продолжи со читање

Видео од телевизиска серија злоупотребено против Зеленски

Post Views: 323 Рецензираме пост објавен на Фејсбук, во кој е прикажано видео од украинскиот претседател Володомир Зеленски. Во објавата се тврди:Претседателот на Украина, Зеленски (идеолошкиот наследник на нацистот Степан Бандера), пред неколку години, го снимил овој видео спот за да го искористи во својата претседателска кампања, велејќи дека ќе се ослободи од проруските политичари.На видеото се гледа како Зеленски е во сала, која наликува и може да биде парламентарна сала, оди до лицето за обезбедување, зема два пиштола, ги вперува кон пратениците и...

Продолжи со читање

ХВА РАНГ ИТФ ќе учествува на силен турнир во БиХ

Post Views: 450 Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ викендов ќе учествува на Меѓународен Таеквондо ИТФ А класа турнир „3 Гран При Зворник 2022“ во БиХ. Најсилен турнир за пролетната натпреварувачка сезона на Балканот, каде што ќе учествуваат повеќе земји.„ХВА РАНГ ИТФ“ ќе настапи под водство на тренерот Марјанчо Лазаревски.На овој натпревар боите на клубот, а воедно и на Македонијада одлучивме да ги бранат 20 натпреварувачи, од кои 5 редовни натпреварувачи, а 15 дебитанти. Се надеваме дека добро ќе не претстават иако конкуренцијата е голема – вели Марјанчо...

Продолжи со читање

Театарската претстава за деца Хајди во Струга

Post Views: 540 Оваа сабота со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се одигра театарската претстава за деца „Хајди“. Драматизација и режија е на Ристе Миладин, а во претставата играат членовите на драмското студио Миладин:Хајди – Матеја Миладинова, Дедото – Милан Блажески, Дета – Дафина Дејкоска, Мина – Адријана Клечкароска, Петре – Христо Дејкоски, Бабата – Бранкица Петковска, Клара – Емилија Спасеска, Таткото – Даниел Спироски, Гувернантата – Михаела Касниоска, Силва –...

Продолжи со читање

Меморија најавува концерт за сите генерации

Post Views: 427 Култната скопска музичка група „Меморија“ за 11-ти јуни најавува спектакл под отворено небо. Картите за концертот на стадионот на АРМ се во продажба.Како што најави Петар Георгиевски за постарата генерација фанови на групата предвидени се 150 места за седење, но и тие се во слободна продажба. Меморија и овој пат како во 2017 година во Метрополис Арената ќе свири и пее за сите генерации кои музичкиот опус го следеа низ децениите постоење на македонската музичка сцена.Сакаме да поставиме нови стандарди за сите наредни уметници кои ќе одржуваат концерти на...

Продолжи со читање

Охридската касарна се враќа во својот сјај

Post Views: 311 „Енхелеус Лихнид” организираше голема еколошка акција во најголемиот парк во Охрид.Мисијата да ова култно место, кое за жал останало на забот на времето го претвориме во место за уживање и место кое ќе шири култура, полека полека станува успешна – велат од здружението.Заедно со активисти од Еколошкото друштво „Грашница„ „Чист Охрид” , ЈП „Охридски Комуналец” „Културолошка иницијатива 5 до 12″ , Kasarna Hub и највредните ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” и СОСУ „Св. Кирил и Методиј”, се исчисти просторот...

Продолжи со читање