Автор: инфодеск
Post Views: 14 Од ЈП Водовод Охрид информираат дека утре ќе бидат изведени планирани интервенции на водоводната мрежа.„Поради две одделни поголеми интервенции на водоводната мрежа , на ден 16.08.2023 (Среда) од 08:00 часот , неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: “7ми Ноември” и “Егејска“.„ – известија од јавното претпријатие.
Промоција на “Македонија, Горна Река – Кичиница, историски видувања и записи“ од Драган Попоски-Стојнин
Post Views: 26 Вечерва, во 19 часот, во црквата „Свети Никола“ во Вевчани, во рамките на културната манифестацијата „Вевкул“, ќе биде промовирана монографијата „Македонија, Горна Река – село Кичиница, историски видувања и записи“ од Драган Попоски-Стојнин.Моногафирјата е издание на „Бата прес“ и на промоцијата за неа ќе зборуваат Мишо Китаноски, писател, новинар и публицист, Ефтим Клетников македонски поет, книжевен критичар, есеист и преведувач кој е и рецензент на делото, како и историчарот д-р Павле Митревски, универзитетски професор во пензија.Книгата е...
Промоција на книгата „Од архивите на Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј“
Post Views: 15 Денеска од 19 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана книгата „Од архивите на Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј“ од авторот Иван Трпоски.Промотор ќе биде д-р Виолета Ачковска а на присутните ќе им се обрати и авторот Трпоски.Инаку Трпоски е роден во Волино и од 1968 год. живее и твори во Сиднеј, Австралија. Тој е член и долгогодишен библиотекар и архивар во Литературното друштво „Григор Прличев“ од 1979 год., на Училишниот одбор за Нов Јужен Велс од 1980 год., на Друштвото на писателите на Македонија од...
Св Стефан летен
Post Views: 10 Православните верници денеска го слават откривањето и преносот на моштите на Св. првомаченик и архиѓакон Стефан.Бројни верници ја посетуваат единствената црква посветена на овој светител во Охрид.Малата пештерска црква во карпата, постоела и порано, но дури во времето на процутот на уметничката дејност во XV век била живописана. Црквата сега има реконструиран надворешен дел, со нова камбанарија и нови конаци, кои на верниците и туристите им пружаат неповторлив душевен мир и прекрасен поглед на градот Охрид и езерото.На овој ден Црквата се сеќава на...
Денеска променливо облачно време со температура до 28 степени
Post Views: 9 Времето во Охрид денеска ќе биде променливо облачно, со локална нестабилност проследено со краткотраен дожд. UV индексот 8.Максималната дневна температура ќе се искачи до 28 степени.Времето во следните денови во Македонија ќе биде претежно стабилно и топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Тренчевска: Минимална пензија од 18 000 е неправедна, а линерано зголемување е неуставно
Post Views: 12 Претставници на пензионерите по денешниот протест во Скопје барањата за линеарно зголемување на пензиите од 3 500 денари на основицата на пензијата и зголемување на минималната пензија на 18 000 денари и ги образлагаа на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Побараа министерката да се заложи за нивните барања и да ги пренесе во владата.Претставниците на пензионерите појаснија дека бараат линерано зголемување од 3.500 денари што ќе влезе во пензијата на сите 336 илјади пензионери во државава, и тоа да не биде еднократен надомест, а...
Пожар на влезот од населбата Гоце Делчев
Post Views: 28 Попладнево на влезот во населбата Гоце Делчев ( Бараки) дојде до пожар во шумата покрај патот во близина на детското игралиште.Се запалила сува ниска вегетација во боровата шума и огнот започнал брзо да се шири поради ветрот. За среќа интервенцијата на Територијалната противпожарна единица, според жителите, била експресна и пожарот бил за многу кратко време ликвидиран.Неофицијално, причина за пожарот бил електричен кабел.
Од полноќ поскапуваат горивата
Post Views: 9 Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.Според оваа одлука, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 86,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 88,50 ден/лит. Се зголемува и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ исто за 1,5 денари и ќе изнесува 81 денар.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 80,50 ден/лит.Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,801 ден/кг и од полноќ тој ќе чини 46,592...