Автор: инфодеск
Post Views: 378 Полицијата на Алјаска пронајде четири деца мртви во нивниот дом во областа Фербенкс, во ситуација која делува како очигледно убиство и самоубиство, соопштија властите. Се претпоставува дека едно од децата, тинејџер (15) застрелал тројца млади луѓе, браќа и сестри во дом во близина на Фербенкс, Алјаска, а потоа се самоубил. Тој бил пронајден со прострелна рана, соопштија властите.Полицијата на Алјаска добила дојава за пукање во дом северно од Фербенкс околу 16 часот во вторникот. Кога пристигнале на местото на настанот затекнале четири деца со прострелни...
Изгаснат пожарот на Криволак
Post Views: 343 Пожарот кој вчера го зафати армискиот полигон Криволак е целосно изгаснат.Во текот на ноќта врнел силен дожд кој целосно го изгаснал пожарот, додека пожарот меѓу селата Владиевци и Требичино во општина Василево во текот на ноќта го намали својот интензитет – изјави за МИА директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.Тој посочи дека од рано изутрината има уште седум – осум жаришта, каде се гледа чад, но нема активно горење.На терен се присутни 27 лица, од кои 15 лица од општина Василево, осум лица од тим на Дирекцијата за...
Дојава за бомба на аеродромот во Софија
Post Views: 521 Поради анонимна закана за поставена бомба, од утрово се затворени двата терминали на аеродромот во Софија, јавија бугарските медиуми.Аеродромот бил алармиран околу девет часот по локално време, но не е прецизирано за кој од двата терминали станува збор.Поради таа причина и од двата терминали се евакуирани лица, соопшти прес-центарот на Министерството за внатрешни работи, што во моментот спроведува истрага.
Меморандум за соработка меѓу Вевчани и АППТ
Post Views: 403 Во просториите на општина Вевчани градоначалникот Спасе Кочовски и директорот на АППТ д-р Љупчо Јаневски потпишаа меморандум за соработка и дејствување во областа на туризмот. Со тоа Локалната самоуправа и Агенцијата за подршка и промоција на туризмот се обврзаа дека ќе работат на афирмација и креирање на услови за развој на туризмот.Потписниците се обврзаа дека заеднички ќе делуваат и меѓусебно соработуваат преку размена на искуства и најдобри практики, како и учество во настани и активности од заеднички интерес.Подготовка, развивање и учество во...
Анкета: Такси превоз во Охрид
Post Views: 357 Проблемите со такси превозот во Охрид се актуелни секоја летна сезона. Граѓаните кои користат такси превоз се жалат дека дел од таксистите одбиваат да возат на пократки релации во градот, наместо да вклучат таксиметар се пазарат со клиентите, не издаваат секогаш фискални сметки и друго. Градскиот совет, на барање на охридските такси компании, ја зголеми цената на такси превозот во Охрид. Но, советниците и градоначалникот побараа од такси компаниите да го подобрат квалитетот на услугите и односот кон клиентите.Во врска со тоа дали таксистите оваа летна сезона...
Илинденскиот викенд ќе донесе голем број гости
Post Views: 441 Угостителите задоволни од шпицот на туристичката сезона.Според нивните проценки на брегот на Охридското езеро има голем број посетители. Покрај домашните туристи, има голем број гости од соседството и европските земји. Овој продолжен Илинденски викенд традиционално се очекува рекордна посетеност.Како угостители можеме да кажеме дека сме многу задоволни, бидејќи посетеноста е голема за овој период на годината. Гости имаме од многу краишта на планетава. Најмногу се нашите европски, меѓутоа се чувствува прилив и на туристи од надвор. Профилот на гости е...
Казнети 6 возачи во Охрид
Post Views: 334 Синоќа во периодот од 21 часот до полноќ, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.Притоа, полициските службеници затекнале 18 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење. Според информацијата од МВР, во Охрид полицијата поднела казнени платни налози на 6 возачи, а во Струга казнети се 5 возачи за пребрзо возење.
Промотивна турнеја на НишВил во Љубаништа
Post Views: 421 „NiSu brothers” од Србија или Милан Саитовиќ Jazzysad и Дејан Собот познат како DJ Loptica утре во 17 часот со несекојдневен настап во Автокамп Љубаништа ќе ја пренесат атмосферата од најголемиот Џез фестивал на Балканот, НишВил џез фестивал.Нивниот настап во Автокамп Љубаништа е дел од од годинешната промотивната туренја низ Балканот со која го претставуваат започнувањето на годинешното изданието Нишвил Џез Фестивал. НишВил е основан во 1995 година и има голема традиција и важи за најпосетениот Џез фестивал во Југоисточна Европа истакнува Милан...
Летна школа по македонски јазик во Охрид
Post Views: 408 Започна Летната школа по македонски јазик во Охрид за децата на иселениците.Летната школа во Конгресен центар ја отвори Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, кој ги поздрави учениците, им посака успешна и плодна работа со надеж дека убавото искуство ќе биде поттик следната година повторно да се вратат на Школата и да го учат мајчиниот јазик.Оваа година на Летната школа учествуваат 34 ученици од Швајцарија, Хрватска, Србија, Шведска, Австралија, Словенија и Австрија.На Школата со времетраење од една недела, покрај учењето на...
Претставата Галеб вечерва на Охридско лето
Post Views: 448 Драмската програма на 62-то „Охридско лето“ продолжува вечерва со театарската претстава „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на Турски театар Скопје. Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.„Галеб“ е драма која зборува за театарот и љубовта. Во ова култно дело, Чехов на трагикомичен начин ни ја пренесува атмосферата за минливоста на животот, во која се испреплетува синџир од ликови со промашени животи, со несреќни судбини, невозвратени љубови, ставени во животни околности...
Вечерва концерт на пијанистите Каровски-Дучева
Post Views: 427 Музичката програма на 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт на пијано-дуото Кристијан Каровски и Мими Дучева. Двајцата македонски уметници ќе музицираат за фестивалската публика во катедралната црква „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин, од 21 часот.Кристијан Каровски е роден во Скопје во семејство на музичари-пијанисти. Уште од најмала возраст доаѓа до израз неговиот голем и невообичаен талент за музика. Музичкото образование го започнува во класата на проф. Људмила Романова, а го заокружува на Факултетот за...
897 новозаразени со ковид во земјава
Post Views: 337 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 1.828 тестови, а регистрирани се нови 897 случаи на КОВИД-19.Скопје – 384, Битола – 66, Струмица – 47, Прилеп – 43, Куманово и Кавадарци – по 41, Велес – 37, Охрид – 36, Тетово – 26, Струга и Неготино – по 19, Гостивар – 17, Штип – 16, Радовиш – 13, Кичево – 12, Дебар – 10, Гевгелија и Демир Хисар – по 8, Кочани и Крива Паланка – по 7, Валандово и Кратово – по 6, Ресен, Берово и Свети Николе – по 5, Пробиштип и Крушево – по 4,...
