Skip to main content

Автор: инфодеск

Летен младински камп 100 % Црвен крст

Post Views: 585 Во период од 19-ти до 25-ти јули во Струга се реализираше уште едно издание на летниот младински камп „100% Црвен крст“ во организација на младите на Црвениот крст на Република Македонија. На кампот учество зедоа претставници од 32 клубови на млади од територијата на РМ.Целта на кампот беше зајакнување на капацитетите на новоизбраните раководни структури во Клубовите на млади.Преку сет од обуки младите се стекнуваа со знаења и вештини за организирање на младите во своите клубови, одржување на состаноци, креирање на активности, ефективно...

Продолжи со читање

Вкусете го Охрид

Post Views: 330 „Вкусете го Охрид“ е прв настан на конвивиумот „Слоу фуд Охрид“ кој ќе се одржи во сабота на плоштадот „Долна порта“ во Охрид.Посетителите, како што информира организаторот, ќе имаат можност да се едуцираат, дегустираат и купат домашна локална храна од охридскиот регион, органска храна, традиционални преработени производи, рачно изработени уникатни сувенири…Заедно да ги откриеме локалните вкусови од охридско, да ги промовираме локалниот биодиверзитет на храна и малите производители, чувари на традиционалното знаење во производството на автентична...

Продолжи со читање

Спектакуларно отворање на Мостот Пељешац

Post Views: 612 Со спектакуларен огномет и присуство на целиот политички врв на Хрватска и многу странски гости синоќа е пуштен во употреба 2,4 километри долгиот Мост Пељешац. Мостот кон Пељешац е еден од најголемите проекти во ЕУ и најголем во Хрватска финансиран од Унијата, официјално беше отворен во вторникот вечерта, а на полноќ започна редовниот сообраќај преку мостот што го поврзува југот на Хрватска со остатокот од земјата.Целодневната празнична програма, која се одвиваше од двете страни на мостот, кај почивалиштата Бријесто и Комарно, заврши со изведба на...

Продолжи со читање

Дизелот поевтинува за два денари

Post Views: 348 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42%. Според одлуката се намалува цената на дизелот за 2 денари, а бензините и маслото за домаќинство не се менуваат.Од вечерва на полноќ новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 94 денари/литар, додека бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе се продава по 95,5 денари/литар. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98 по 98 денари/литар.Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува 94,5...

Продолжи со читање

Градоначалничката на Измит во посета на Охрид

Post Views: 288 Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков оствари протоколарна средба со градоначалничката на Општина Измит, Република Турција, Фатма Каплан Хуриет.На средбата беше потенцирана веќе добрата воспоставена соработка помеѓу Охрид и институциите и општините од Турција. Соговорниците разговараа за размена на искуства во областа на туризмот, но и за воспоставување соработка и во други области.Договорено беше да се организира и возвратна посета на Измит од страна на делегација од Општина Охрид со цел унапредување на меѓусебната соработка, информираат од...

Продолжи со читање

Пет нови наслови во Градската библиотека

Post Views: 305 НУ Библиотека „Григор Прличев“ на полиците има пет нови книги, бестселери кои со сигурност ќе го привлечат вниманието на читателска јавност, особено на членовите во библиотеката.Од денеска може да ги побарате следните наслови:„Ќерката“ од Луси Досон издание на  Книгохоличари„Шефот од соништата“ од авторот Вај Киленд„Од жарјето“ од Али Мртинез„Очи од сребро, очи од злато“ Елен О Конел„Месечарот“ од Себастијан Фицек сите во издание на Сакам книги.Од Градската библиотека уште еднаш потсетуваат дека годишната членарина во библиотеката...

Продолжи со читање

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Post Views: 402 Најмалку две лица го загубија животот, а десетици се повредени во силниот земјотрес што денеска ги потресе северните делови на Филипините.Потресот со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Абра во северните планински делови на земјата, предизвикувајќи лизгања на земјиштето и оштетувања на објекти.Едно лице загинало во својата куќа во Абра, каде што се повредени најмалку 25 лица кои се префрлени во болница.Градежен работник загинал во урнатините во планинскиот град Ла Тринидад во провинцијата Бенге, каде свлечишта и...

Продолжи со читање

УЈП очекува до петок да се среди Мој ДДВ

Post Views: 334 До крајот на неделата очекуваме да се заврши процесот на прилагодување, тимот на УЈП е ангажиран со цел во најкраток рок да се заврши овој процес на прилагодување на апликацијата Мој ДДВ, велат од УЈП за “Фокус” по реакциите на граѓаните дека апликацијата не функционира на одредени сметки, но и дека дел од нив и немаат пристап до системот воопшто.Прво не ги скенираше сметките за гориво кои имаат поголем поврат, а сега воопшто не можам ниту да се логирам – коментираат граѓаните.Бурни се реакциите и на социјалните мрежи, каде се коментира дека ова не...

Продолжи со читање

Ohrid Calling oд 29-ти до 1-ви август

Post Views: 396 20-тина диџеи на годинешниот Ohrid Calling, од 29-ти јули до 1-ви август ќе ја претворат Касарна- Охрид во бастион на електронскатa музика и добрата забава.Во Охрид доаѓа Lost Frequencies со своите најголеми хитови, миленикот на македонската публика Vini Vici, најатрактивната ѕвезда Timmy Trumpet, пионерите на Big Room W&W, Dj`s from Mars, Will Sparks и многу други се дел од годинешното издание на фестивалот. Ohrid Calling по корона затишјето се враќа и ќе руши рекорди во посетеност, најави денеска сопственикот на Авалон Продукција, Бобан Милошески....

Продолжи со читање

Соработка на Касарна Хаб и Сефиданис

Post Views: 536 Денес во просториите на Касарна Хаб беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Касанра Хаб проект Ohrid Go, имплементиран од Општина Охрид и Друштво за истражување и развој Сефиданис Охрид.Хабот функционира веќе еден месец со активности за запознавање на јавноста со можностите кои ги нуди, а овој меморандум е прво официјализирање на конкретна соработка со институција која се занимава со научни истражувања од ИТ секторот, посочи Ѓоко Апостолов од ТЛЕР.„Целта на ова потпишување на меморандум е воспоставување на понатамошна соработка во однос на заедничко...

Продолжи со читање

УНЕСКО ќе финансира проект на НП Галичица

Post Views: 333 Во март 2022 година, Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа и добротворната фондација, објавија 3-годишно партнерство кое вклучува договор за финансирање проекти од локалитети назначени на УНЕСКО (биосферни резевати, глобални геопаркови и локации на природно светско наследство).Во друштво на избрани предлог проекти од првиот циклус од земји како Словенија, Грција, Италија и Велика Британија се најде и предлог проектот, „Изворите кај Св. Наум – Изработка на инвентар на биолошки и екосистемски услуги “, Биосферен резерват ОХРИД-ПРЕСПА и...

Продолжи со читање

Исплата на јулските пензии на 27 јули

Post Views: 281 Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ банка и Шпаркасе ќе започнат со исплата на јулските пензии од среда, (27.07.2022).Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од среда и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:Среда, 27.07.2022 година, исплата на пензии до 11.000 денари,Четврток,...

Продолжи со читање