Автор: инфодеск
Post Views: 50 На вчерашното изборно собрание на Регионалната занаетчиска комора Охрид, досегашниот претседател Сашо Богоески едногласно е реизбран за претседател на Комората.Ова ќе биде четврти мандат за Богоески како прв човек на охридските занаетчии.
Црвен Крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развој на крводарителството
Post Views: 88 Промовирање, развој и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебрца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, совесно и посветено ја спроведува во текот на цела година. Како резултат на хуманоста на крводарителите, постојаната ангажираност на вработените и волонтерите на Црвен крст Охрид и службите за трансфузиона медицина, преку организирање на крводарителски акции во текот на годината, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во нашиот град.„Хуманоста што ја...
Ќе го отстрани ли Општина Охрид „парапетчето“ на плажата Канео
Post Views: 72 Во рубриката „ТиСиТвојотГрад“ граѓани реагираат за бетонскиот ѕид на брегот на Охридското Езеро на плажата Канео. Реакции за узурпацијата на брегот на таа локација има и на социјалната мрежа Фејзбук.„Во близина на најфотографираната црква во целиот свет минатата година “никна парапетче”.Парапетчето” неколку пати е пријавување до надлежните институции кои излегоа на терен и споделија известување дека непознат сторител го изградил “парапетчето” и дека неговиот идентитет не може да се утврди. Немаме информации дека се превземени други законски обврски. „ –...
ИПА Охрид и Здружение на глуви и наглуви лица потпишаа Меморандум за соработка
Post Views: 61 Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид (ИПА ОХРИД) и Здружение на глуви и наглуви лица Охрид, денеска потпишаа Меморандум за соаботка. Меморандумот што го потпишаа претседателот на ИПА Охрид м-р Стефан Димоски и Славица Стефаноска, секретар на здружението, е знак за меѓусебно пријателство со цел, јакнење на комуникацијата меѓу глувите и наглуви лица со ИПА полициските службеници, воспоставување на системска меѓусебна соработка и едукација на теми од областа на безбедноста.Според Стефан Димоски, претседател на ИПА Охрид, меморандумот, има за...
Левица поднесе Иницијатива за бесплатен автобуски превоз на пензионерите во Охрид
Post Views: 51 На 12.03.2024 година, членот на Советот на Општина Охрид од Левица – Виолета Аврамоска поднесе Иницијатива за бесплатен автобуски превоз на пензионерите во градот Охрид.,,Економската состојба во Република Македонијa и во Охрид, придонесе видно да се влоши финансиската состојба на пензионерите. Со малите пензии одвај преживуваат и се без услови за пристоен живот. Бесплатниот автобуски превоз во голема мера би им го олеснил нивниот живот и би ги намалил нивните секојдневни давачки. Оваа иницијатива ја поднесувам по барање на поголема група пензионери од...
Сè повеќе странци купуваат станови на брегот на Охридското Езеро
Post Views: 47 Расте интересот кај странците за купување на станови на брегот на Охридското Езеро. Најатрактивни се локациите во централното градско подрачје, Стариот град, популарните Билјанини извори и вдолж брегот на Охридското езеро. Посебно барани се ексклузивните апартмани во новите населби во Елешец, Лагадин, Пештани и Рача.„Последнава деценија забележително е присуството на странците кои што го избираат Охрид како дестинација како алтернативно живеалиште или времен туристички престој . Имаме доста странци клиенти од Холандија, Германија, Англија, САД, Канада и...
Изложба на црно бела фотографија и графички дизајн
Post Views: 75 Во петок и сабота (15-ти и 16-ти март) во НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид ќе се одржи изложба на црно бела фотографија и графички дизајн.На изложбата ќе бидат поставени дела на Димче Коруноски, Димче Мајкоски и Слободан Циклевски.Изложбата ќе биде отворена во петок (15.03.2024) во 18 часот во изложбениот салон на Центарот за култура.
Во четврток ќе се одржи 39-тата седница на Совет на Општина Охрид
Post Views: 65 Градските советници во четврток (14.03.2024 год) ќе ја одржат триесет и деветтата седница на Советот на општина Охрид. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид со почеток во 09:00 часот.На дневен ред се 86 точки меѓу кои извештаите за финансиското работење и Годишната сметка за 2023 година на општинските основни, средни училишта и градинката, усвојување на Годишната сметка за работата на јавните претпријатија. Советниците треба да ги усвојат извештаите за реализација на годишните и развојните програми за 2023 година, годишниот...







