Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес наречение, утре востоличување на новиот Митрополит Георгиј

Post Views: 124 Со црковни церемонии викендов ќе биде востоличен новиот Митрополит на Дебарско – кичевската епархија Георгиј.Денес, наречението на новоизбраниот архијереј Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј ќе се одржи во манастирот „Св. Климент Охридски и св. вмч. Пантелејмон“ на Плаошник, во Охрид, со почеток во 17 часот; а Божествена литургија со хиротонија и востоличување на новиот митрополит Георгиј утре во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 8:30 часот.

Продолжи со читање

Православните христијани денес го слават споменот на светиот апостол Петар – Петровден

Post Views: 162 Денеска е Петровден — православен празник што се одбележува секоја година на 12 јули. Празникот е посветен на Апостол Петар. Сe смета за еден од најголемите празници по Велигден. Именден празнуваат сите кои го носат неговото име: Петар, Петре, Петра…Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите.Црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот посветен на 12-те, т.е. на сите апостоли. Апостолот Петар се...

Продолжи со читање

УХМР: Следува период на сончево и топло време

Post Views: 120 Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Од УХМР велат дека следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.Денешните минимални температури во Охрид од 13, а максималните до 29 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

СВР Охрид со посебни безбедносни мерки за отворањето на фестивалот „Охридско лето“

Post Views: 160 СВР Охрид денеска и утре, презема посебни безбедносни мерки, со цел непречено одвивање на предвидените активности пред отворањето на годинешниот фестивал „Охридско лето“.Во делот на сообраќајот, на булеварот „Туристичка“, на булеварот „Македонски Просветители“ и кејот „Македонија“ од кружниот тек кон улиците „Цар Самоил“, „Коста Абраш“ „Илинденска“, „Кирил и Методиј“ и „Абас Емин“ како и кај паркинг просторот кај „Горна Порта“ и другите приоди кон Античкиот театар, ќе биде забрането запирање и паркирање на патнички и други моторни возила вклучително и на...

Продолжи со читање

Поднесено обвинение против две лица од Албанија кои ловеле незаконски во Охридското езеро

Post Views: 143 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против две лица, државјани на Република Албанија, за кои се обезбедени докази дека ловеле риба со мрежа во води во кои е забранет риболов, во Охридското Езеро на околу 6,5 километри од месноста Свети Стефан.-На 4 јули биле затекнати во кајче на наведената локација, со висечка рибарска мрежа и уловени три парчиња охридска пастрмка, со што како соизвршители сториле кривично дело – Незаконит риболов од член 229 став 1 од Кривичниот законик. Со поднесеното обвинение, јавниот обвинител...

Продолжи со читање

Новиот рок од УНЕСКО е крајна опомена пред црвен картон

Post Views: 119 Одлуката на Унеско со која Охрид доби нов рок за исполнување на препораките, е крајна јавна опомена пред црвен картон, сметаат еколозите. Време е за освестување, контролирана урбанизација на крајбрежието, да се сочува Студенчишкото блато, да се затвори депонијата Буково, да запре загадувањето на езерото со функционален колекторски систем, да се сочува автентичноста на Старото градско јадро.Но, кога се зборува за Охридскиот регион, се мисли и на крајбрежјето во Струга и Поградец за што е потребна  координирана и  билатерална соработка...

Продолжи со читање

Детската театарска престава планирана за денес „Во царството на другарството“ е откажана

Post Views: 137 Општина Охрид ги известува граѓаните и посетителите дека поради превземање на засилени безбедносни мерки, планираната театарска престава „Во царството на другарството” која требаше да се одржи денес во 19:30 пред ТЦ Амам, се откажува.Во интерес на јавната безбедност и согласно препораките од надлежните институции, претставата ќе биде одложена за друг термин.

Продолжи со читање

Одржана Втората лига на Македонија во шах

Post Views: 240 Од 04 до 10 јули 2025г во Хотел Дрим Струга, се одржа Втора лига на Македонија за 2025 год во шах, во организација на Шаховска Федерација на Македонија, на првенството учествуваа 10 екипи.ШК Ласкер Охрид учествуваше со своја екипа, првенството се играше на шест табли, по Бергер систем ( секој со секого), со темпо на игра 90 минути со 30 секунди додаток на секој потег. Екипата на ШК Ласкер Охрид го освои 6 место со осум бода, 26 меч поени освоени од три победи, две ремиа и четири порази.За екипата на ШК Ласкер Охрид настапија: Гоце...

Продолжи со читање

Утре започнува 65. „Охридско лето“

Post Views: 167 Под мотото „Трансформација на сетилата“ , утревечер од 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“.Честа да ја започнат 40-дневната фестивалска програма ја имаат американската пијанистка со блескава кариера Клер Хуангчи и уметниците од Националната филхармонија на Р.С.Македонија под диригентската палка на маестро Едвин Оутвотер.Клер Хуангчи е родена во Рочестер, Њујорк. На многу рана возраст започнува да учи пијано и во 1999 година е поканета да настапи во Белата куќа. Студирала со...

Продолжи со читање

Општина Охрид објави Јавен повик за работно ангажирање на 10 невработени лица за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина

Post Views: 129 Општина Охрид во согласност со оперативниот план за активни програми и мерки за вработување усвоен од Владата на РМ го објавува следниот јавен повик:ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЗА ЗА ЗАШТИТА И ПРЕВЕНЦИЈА ОД ПОЖАРИ И ЗАШТИТА И ОПЛЕМЕНУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНАПовеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

Пренос на моштите на мачениците, бесребреници и чудотворци Кир и Јован

Post Views: 172 Се празнуваат на 31 јануари. Под тој датум е опишано нивното житие и страдање. На 28 јуни се празнува преносот на нивните мошти од Канопос во Манутин и многубројните чуда што се случија притоа. Александрискиот патријарх свети Кирил истрајно се молеше на Бога да го уништи идолското нечестие во Манутин, кај што имаше идолски храм и владееше демонска сила. Тогаш на патријархот му се јави Ангел Божји и му рече дека Манутин ќе биде очистен од нечестието ако тој ги пренесе таму моштите на светите Кир и Јован. Патријархот веднаш го направи тоа: ги пренесе чесните мошти...

Продолжи со читање

Денес времето во Охрид сончево и посвежо

Post Views: 113 Сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Температурите ќе се движат во интервал од 9 до 26 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Продолжи со читање