Skip to main content

Автор: инфодеск

Утревечер, во Велгошти, ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“

Views: 192 Утревечер, во атарот на црквата „Св. Петка“ во Велгошти, ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, посветена на еден од најзначајните македонски писатели.Програмата ќе започне со полагање цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго, по што ќе следува обраќање на претставник на Општина Охрид.Во рамки на манифестацијата ќе биде доделена и наградата за најдобар расказ, по што ќе следува кратко обраќање на годинашниот добитник, д-р Марјан Патлиџанковски.За ликот и делото на Живко Чинго ќе беседи академик Катица Ќулавкова....

Продолжи со читање

Вечерва во Охрид централна прослава по повод Меѓународниот ден на младите

Views: 222 Денеска во Охрид се одбележува Меѓународниот ден на младите, во рамки на „Недела на млади 2026″, која од 10 до 14 август ја организира Младински Центар Охрид.Централната прослава ќе се одржи вечерва, 12 август, на Paulaner – пред хотел „Палас”, со почеток во 20:00 часот, а официјалниот дел започнува во 20:30 часот.Во рамки на официјалната програма ќе се одржат обраќања по повод Меѓународниот ден на младите, по што ќе следува свечено доделување на наградите за најдобрите идејни архитектонски решенија за Младински Културен Центар...

Продолжи со читање

Пијано вечер на „Охридско лето“ со кинескиот уметник Сихенг Сонг

Views: 191Во црквата „Света Софија“  вечерва од 21  часот целовечерен концерт  на „Охридско лето“ ќе одржи кинескиот пијанист Сихенг Сонг.Кинескиот пијанист Сихенг Сонг е роден во Шангај во 1981 година и се смета зa еден од најдобрите пијанисти на неговата генерација. Студирал во Франција на Високата школа за музика во Париз во класата на Маријан Рубицки, а откако се стекнал со диплома за концертен пијанист, продолжува да студира на Парискиот конзерваториум со Оливие Гардон и приватно се усовршува со Доминик Мерле.Сихенг Сонг е добитник на награди на Меѓународниот натпревар...

Продолжи со читање

Светите апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник

Views: 191 Сите се од седумдесетмината апостоли. Свети Сила беше испратен од Ерусалим во Антиохија со Павле и Варнава да го решат спорот меѓу верните околу обрезанието, односно дека не треба да се обрезуваат незнабожците кои преминуваат во христијанство (ДАп. 15, 22). По ова, Сила патуваше со Павле по Азија и Македонија и беше поставен за епископ во Коринт, каде мирно се упокои. Силуан им помагаше на двајцата врховни апостоли (1Пт. 5, 12; 2Кор. 1, 19). Како епископ во Солун се потруди многу и многу претрпе додека не го замени земниот живот со небесниот. Крискент му беше сотрудник на...

Продолжи со читање

Денес сончево и многу топло, утре нестабилно со пороен дожд и грмежи

Views: 188 Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.Температурите во Охрид од 18 до 35 степени Целзиусови.Денес ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде...

Продолжи со читање

Меѓуврсничкото насилство во пораст, најстрашни се бруталноста и пасивноста на набљудувачите

Views: 188 Загрижувачки се бројките за меѓуврсничкото насилство, а особено тоа што насилството денес станува сè побрутално. Друг поразителен елемент е пасивноста на оние кои го гледаат, снимаат и го споделуваат на социјалните мрежи. Одговорноста за неговото спречување не е само на институциите туку на семејството, училиштето и целото општество. Ова се дел од пораките од дискусијата за меѓуврсничкото насилство и вандализмот, во пресрет на Меѓународниот ден на младите, што се одржа во Охрид.„Вознемирувачко е насилството. Јас се шокирав просто сега, кога ги читав...

Продолжи со читање

Асфалтирани паркинг просторите и пристапните улици во кругот на охридската општа болница

Views: 211 Нов изглед добиваат внатрешниот и надворешниот паркинг-простор во кругот на ЈЗУ Општа болница Охрид, откако во рамки на соработката меѓу болницата и Општина Охрид е извршено целосно асфалтирање на повеќе површини.Асфалтирани се двата надворешни паркинг простора пред влезот на болницата, просторот пред Институтот за јавно здравје и Одделението за инфектологија, како и паркинг просторот кај споредниот влез на болницата, во делот на старата зграда за ТБЦ.Дополнително, асфалтиран е и паркинг просторот во внатрешноста на болницата, како и улицата која води кон економската...

Продолжи со читање

Како правилно да ги третирате опекотините од сонце

Views: 244 Високиот индекс на УВ-зрачење значително го зголемува ризикот од сончеви опекотини. Иако најчесто не се животозагрозувачки, лекарите предупредуваат дека прекумерното изложување на сонце може да остави долгорочни последици врз кожата.Кожата „памти“ секое прекумерно изложување на сончевите зраци, а повторуваните опекотини го зголемуваат ризикот од оштетување на кожното ткиво и појава на различни заболувања, вклучително и карциноми на кожа.Затоа, особено во периодите кога УВ-индексот е многу висок, важно е сонцето да се избегнува во најтоплиот дел од денот, да се користи...

Продолжи со читање