Автор: инфодеск
Post Views: 14 Најмалку 23 лица се повредени во четвртокот вечерта во јужна Турција во земјотрес со јачина од 5,2 степени, шест месеци откако катастрофалните земјотреси го погодија истиот турски регион. Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа изјави дека повеќето од повредите се предизвикани од падови затоа што луѓе во паника скокале од голема височина.Shaking images taken by the camera in the earthquake with a magnitude of 5.3 that occurred in the city of Malatya, Turkey, in the evening hours, pic.twitter.com/Rb7yqIiuEb— Nico (@Nico00503) August 10, 2023...
Русија по пет децении се враќа на Месечината
Post Views: 11 Русија денеска го лансираше своето прво вселенско летало кое слета на Месечината по 47 години, во обид да биде првата сила што ќе изврши меко слетување на јужниот пол на Месечината, регион за кој се верува дека содржи џебови со воден мраз.Ракетата „Сојуз 2.1v“ што го носи вселенското летало „Луна-25“ беше лансирана од космодромот „Восточни“ на 5.550 километри источно од Москва во 2:11 часот по московско време. Лендерот треба да слета на Месечината на 23 август, објави руската вселенска агенција РОСКОСМОС. Вселенското летало „Луна-25“ има маса од 1,8 тони и се...
Сончево со умерена облачност и температура до 26 степени
Post Views: 13 Денеска во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. UV=7. Максималната дневна температура ќе се искачи до 26 степени.Во следните денови во Македонија следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Ќе дува умерен наместа повремено засилен ветер од северен правец.
Донации за помош на настраданото население од поплавите во Словенија
Post Views: 20 Катастрофалните поплави предизвикани од силното невреме, кое во изминатите денови ја погоди Словенија, на жал предизвика големи материјални штети и човечки загуби. Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови ширум Словенија.Црвениот крст веднаш стапи во комуникација со Црвениот крст на Словенија и согласно нивната проценка, понудена им е првична помош. Од своите резерви, Црвениот крст на РСМ издвои средства во висина од 5.000 евра, понудени се и волонтери, тимови за соодветна интервенција и во зависност од потребите веднаш ќе бидат ставени во функција....
Туристите со забелешки за лошата патна инфраструктура кон Охрид и Струга
Post Views: 16 Во ек на туристичката сезона патната инфраструктура до главните туристички центри во земјава потполно небебедна. Туристите и возачите на патот кон Охрид и Струга се соочуваат со раскопани небезбедни делници, лоша сообраќајна сигнализација, бетонски бариери и безброј пренасочувања.Најкритично е околу Подмолје, каде што се дели патот за двата градови. Возачите од регионот, но и големиот број туристи од странство велат патиштата се во очајна состојба.„Катастрофа, навистина е катастрофа. Дупка до дупка. Вакво нешто не сум...
Вечерва доделување на дипломите на матурантите од СОСУ „Св Кирил и Методиј“ Охрид
Post Views: 29 Вечерва свечено ќе бидат доделени дипломите на матурантите генрација 2022/2023 од СОСУ „Св Кирил и Методиј“ Охрид.Свеченоста ќе се одржи на летната сцена на Долни сарај со почеток во 19 часот.
ГРК Охрид на прием кај градоначалникот Пецаков
Post Views: 9 Пред продолжување на подготовките на Маврово, играчите, стручниот штаб и управата на ГРК Охрид денеска беа на прием кај градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, кој е најголемиот поддржувач на клубот..Пецаков на ракометарите им посака успешни подготовки и уште поуспешна сезона во која цел е излез во Европа, истакнувајќи дека градот цврсто стои зад клубот од кој во новата сезона се очекуваат добри резултати.Тренерот на ГРК Охрид, Стевче Алушовски, истакна дека подготовките се одвиваат во посакуваниот правец најавувајќи дека претстои финално...
„Сергеј е многу глупав“ вечерва на драмскиот репертоар на „Охридско лето“
Post Views: 7 Драмскиот репертоар на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со театарската претстава „Сергеј е многу глупав“ од Димитри Данилов, во режија на Дејана Николовска, а во изведба на НУЦК „Григор Прличев“ – Народен театар Охрид.Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот. Во неа играат Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Горан Стојаноски, Филип Кипровски и Леонида Гулевска.Во драмата „Сергеј е многу глупав“ се разигрува ситуација во која се кршат границите на реалноста во животот на...