Автор: инфодеск
Post Views: 16 На 09.08.2023 година од 16 до 22 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 42 прекршоци што ги направиле мотоциклисти (Охрид-17, Струга-15, Кичево-05, Дебар-05), информираат од СВР Охрид.
Струга секое лето со проблеми во водоснабдувањето
Post Views: 15 Струга и ова лето, се соочува со рестрикции и проблеми со водоснабдувањето. Или вода воопшто нема со часови и денови или е слаб притисокот. Најкритично е во ек на сезоната, кога потрошувачката и потребите се двојно поголеми.Стружани се жалат, велат во градот распослан на две води, со децении нема редовно водоснабдување. Поплаки има и од туристичките работници.„И тоа е дел од оваа гужва што одеднаш се случува. Одеднаш побарувачката е десеткратно поголема од вообичаено. Таа цела инфраструктура треба да се пренамени и да се направи...
Доделени дипломите на матурантите од ОСУ „Свети Климент Охридски“
Post Views: 15 На пригодна свеченост, вчеравечер во дворот на ОСУ „Свети Климент Охридски“ беа доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2022-2023 година.Пред присутните, во името на Општина Охрид свое обраќање имаше заменик градоначалникот, Перчо Божиновски.Сега, кога се наоѓате пред една од најважните крстосници во животот, кога треба да одлучите што понатаму, ве охрабрувам никогаш да не запрете. Запомнете дека успехот не е еднократно достигнување, туку континуиран стремеж кон учење и развој. И вечерва се слуша гласот на Свети Климент Охридски со моралната...
Царинската управа започна со кампањата „Стоп за корупцијата“
Post Views: 8 „Не замижувај и ти можеш да ја спречиш корупцијата – биди дел од прогресот на твојата држава“ е мотото на кампањата „Стоп за корупцијата“ што ја почна Царинската управа за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата со цел граѓаните или вработените кои ќе бидат сведоци на корупција или сомнителна активност, тоа да го пријават.Во рамки на кампањата, почнувајќи од вчера до 17 август, на граничните премини ќе се делат брошури преку кои ќе се информира за начините за пријавување корупција, како и за штетните последици што ги предизвикува...
Секторот за внатрешни работи Охрид ќе вработи 100 полицајци
Post Views: 11 Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за засновање на работен однос на 600 извршители на работно место полицаец, согласно своите организациски потреби, како и согласно одредбите од законите за внатрешни работи и за полиција, и соодветните подзаконски акти.Имено, за работната позиција полицаец во Секторот за внатрешни работи Скопје се бараат 300 извршители, во Секторот за внатрешни работи Охрид се отворени места за 100 извршители, прием за 30 извршители е овозможен во Секторот за внатрешни работи Тетово, по 20 во секторите за внатрешни...
Охрид е поубав отколку што го сонував и замислував, вели светскиот патник Дачешин
Post Views: 14 Охрид станува редовно место за посета од страна на блогери, влогери и инфлуенсери. Во низата млади луѓе кои преку своите профили на социјалните платформи го промовираат Охрид се впиша и Роберт Дачешин од БиХ.„Колку време имам слушано за Охрид луѓе мои. Не знам дали повеќе ми раскажуваа за него или сонував да го посетам. Имав малку страв пред да дојдам во Охрид, да бидам искрен, затоа што толку многу го идеализирав во моите очи, но на крајот излезе дека е уште поубав отколку што сонував. “ – вака започнува да ги опишува своите впечатоци од Охрид,...
Денеска ќе се врши дезинсекција против комарци од Подмоље до Св. Наум
Post Views: 16 Денеска ќе се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во четврток до 06 часот во петок.Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.„Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат.“ – апелираат од Општина Охрид.Во случај на...
„Drim Short Film Festival“ од 14 до 17 август во Струга
Post Views: 11 Под мотото „Неопходна убавина“ од 14 до 17 август во Струга ќе се одржи 7-то издание на Фестивалот на краток филм „Drim Short 2023“.Програмата и годинава ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во натпреварувачки категории и тоа регионална, интернационална, студентска и специјална програма „Соочување со минатото“, во селекција на режисерот Иван Бакрач. Покрај натпреварувачките програми, фестивалот ќе ја претстави специјалната програма „MK Special“ со цел промоција на македонскиот филм и младите македонски автори. Гостинските програми,...
