Автор: инфодеск
Post Views: 392 Во текстот што го анализираме, порталот Инфомакс го користит насловот: Алармот се вклучи: НАТО се подготвува за голема војна со Русија.На почетокот насловот е бомбастичен и многу сензационален. Насловот остава впечаток дека веста содржи информации потврдени за оваа подготовка од НАТО бидејќи првично не пишува дека тоа е изјава на службено лице и да се цитира соодветно. Во насловот проблематична е и придавката „голема“, крајно хиперболизирање, од страна авторот на текстот, што не може да се најде никаде во оригиналната изјава на функционерот....
Непотребна медиумска хиперболизација на руска воена опрема
Post Views: 344 На 6 јануари 2022 година преку сензационален наслов, страницата “N-news Media” ги информира читателите дека Русија претстави нов борбен дрон. Во хиперболизираниот наслов дронот ни е претставен како „ѕвер на небото“ чија цел е да ги заштити интересите на руската држава од Америка. Меѓутоа, содржината на текстот, во ниту еден момент не му ги претставува на читателот тврдењата изнесени во насловот на медиумскиот производ. Содржината е сиромашна со информации и не дава релевантни извори за информациите што му ги прикажува на читателот.„Русија...
Високите увозни цени на гасот не се поврзани со владините преговарачки способности
Post Views: 318 Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во соопштение објавено на нивната официјална страница на 13 јануари 2022 година тврди дека Владата не успеала да издејствува поефтин гас за граѓаните на Северна Македонија.Спин: Доколку владата на Заев и пиунот Ковачевски се потрудеше да обезбеди на меѓународниот пазар како сите влади од регионот и светот да обезбеди евтин гас, македонските компании и граѓани сега немаше да плаќаат најскап гас. Граѓаните сега плаќаат поскапо парно, затоа што владата не обезбеди ниски цени на гасот, кога тоа го правеа владите на...
Снимка од Русија претставена како Света Гора
Post Views: 446 Според описот во текстот, видеото е снимено на планината Атос и го прикажува појавувањето на Пресвета Богородица.Околу фигурата за која луѓето веруваат дека е Богородица, светлината свети во правилен круг, а како што видеото напредува, таа станува се појасна и појасна. Се гледаат и нејзините движења, кои многумина ги потсетија на темјанот. Инаку, легендата вели дека Богородица ја открила Светата Гора, ја благословила и утврдила таа да биде свето место каде што ќе живеат изолирани монаси посветени на молитвата и дека на ова место нема да доаѓаат...
Републички натпревар на млади библиотекари во Охрид
Post Views: 366 Утре со почеток во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи 21-от Републички натпревар „Млади библиотекари“.Според пријавите за престижната титула „Млади библиотекари на годината“ ќе се натпреваруваат 20 ученици од цела држава кои претходно победиле на општинските натпревари и се здобиле со правото да учествуваат на Републичкиот натпревар.Охрид ќе го претставува Марија Ѓиноска, ученичка во деветто одделение од ООУ „Живко Чинго“од Велгошти под менторство на наставничката по македонски јазик Снежана Стојаноска.Во Охрид покрај...
Со вакцината не ви се менува геномот
Post Views: 552 Рецензираме пост на Фејсбук во кој е споделено видео од руски владика, кој, пак, вели дека „глобалните елити сакаат да избришат 6 милијарди луѓе“. Тој додава и дека светските лидери марширале под знамето на трансхуманизмот. Во постот кој го рецензираме се додава и дека Русија се наоѓа на историска раскрсница пред одлуката дали ќе ги прифати или не вакцините и трансхуманистичката агенда или не.Свештеникот вели дека единствен начин да се надмине оваа пеколна агенда е молитвата и постот, нагласувајќи дека молитвата без пост не би била доволна. Тоа е брилијантна...
Водата за пиење да не се користи за наводнување
Post Views: 389 Поради реакции на граѓани од недостиг на вода за пиење во с. Лакочереј, што не е последица од настанат дефект на водоводната мрежа или други активности на терен, ЈП „Водовод“ Охрид испраќа апел до сите корисници, посебно во населбите од околината на Охрид каде што има земјоделски површини, да не се злоупотребува водата од водоводната мрежа за наводнување на земјоделските насади.Воедно, со цел заштита на системот за водоснабдување, граѓаните кои регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски кон претпријатието, како и во согласност со сите законски...
Охрид работи на зачувување на статусот на Унеско
Post Views: 328 Општина Охрид засилено работи на зачувување на статусот на Унеско. Градоначаликот Пецаков вели, се работи на секоја препорака одделно. Набрзо ќе следи Планот за управување и заштита на Студенчишкото Блато. Започна и решавањето на еден од најгорливите децениски проблеми, тоа се дивите депонии.Југозападниот регион ќе формира ново, Јавно меѓуопштинско претпријатие за транспорт на смет.Со изградбата на депонијата во Новаци, во иднина ќе се затворат охридската и струшката депонија. Исто така ќе се отстранат и сите останати диви локации кои предизвикуваат...
Кон транспарентна, отчетна полиција во Македонија
Post Views: 323 Во општина Охрид беше презентиран проектот ,,Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Македонија” реализиран од Центарот за европски стратегии ЕВРОТИНК со финансиска поддршка од САД.Полицијата има незаменлива улога во одржувањето на јавниот ред и мир, спроведувањето на законите, заштитата на човековите права и безбедноста на државните граници.Со одлука на Советот на Општина Охрид на 10-тата седница (18.4.2022) е формиран Локалeн Совет за превенција (ЛСП) за подрачјето на Охрид кој има за цел да изгради безбедна средина за живеење на локално...
Хуманитарна продажна акција во сабота кај Чинарот
Post Views: 325 Во рамки на своите хуманитарни активности Црвен крст Охрид во соработка со компанијата „Комфи Ангел“ од Прилеп ќе организира хуманитарна продажна акција на високо квалитетните производи на оваа реномирана компанија. Акцијата ќе се реализира на 21.05.2022 (сабота) на плоштадот „Крушевска Република“ (Чинар).Во периодот од 9-17 ч. ќе бидат изложени надалеку познатите производи на компанијата „Комфи Ангел“, постелнини, перници, јоргани, душеци и др., а посетителите ќе имаат единствена можност истите да ги набават по промотивно-хуманитарни цени.Дел од...
Вршел јавен превоз без лиценца
Post Views: 395 ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Џ.С. (53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”.При контрола во патниот сообраќај, извршена на 26.04.2022, во 09:25 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, полициските службеници сопреле такси патничко моторно возило „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, управувано од пријавениот. Притоа, констатирале дека тој нема извод и лиценца за вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај издадена од надлежен државен...
Охриѓанец нападнал сограѓанин во близина на Пештани
Post Views: 350 На 17.05.2022 година околу 22 часот, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на селото Пештани, нарушен е јавниот ред и мир.Извршен е физички напад од Ј.Ц. врз С.Р. (43), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.