Skip to main content

Автор: инфодеск

Сончево со умерена облачност и температура до 25 степени

Post Views: 11 Времето денеска во Охрид сончево со умерена облачност и услови за дожд. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. UV=7. Максималната дневна температура ќе се искачи до 25 степениСледува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

„Вода = живот“ во Касарна Хаб, изложба на еколошки фотографии

Post Views: 10 Во Касарна Хаб во Охрид од среда 16 август, во 19ч. ќе биде поставена изложбата на фотографии „Вода = живот“.Во 2022 година, во пресрет на климатскиот самит COP27 во Египет, Холандија ги повика ентузијастите за фотографија од целиот свет да создадат и споделат инспиративна и провоцирачка еколошка фотографија во фото натпревар „Вода = живот“. Од сите моќни слики, кои пристигнаа на натпреварот победи фотографијата на Томислав Георгиевски од Македонија направена во Црн Дрим во Струга.„Водата е неопходна за животот на земјата. Светот се соочува со невидени...

Продолжи со читање

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

Post Views: 18 Министерството за труд и социјална политика го демантира тврдењето дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во криза и дека државата доцни со исплатите кон банките. Од МТСП апелираат да не се креира страв кај пензионерите и да не се манипулира со недостатокот на информации кои го имаат, а се со цел да се обезбеди масовност на протестите кои, според министерството, се политички обоени.Изминатите години нема ниту еден ден доцнење на исплатата на пензиите, а растот на истите е континуиран и јасно забележлив. Трансферите кон ПИОМ се навремени и...

Продолжи со читање

Стружани се жалат на преголема бучава oваа сезона

Post Views: 9 Бучавата и оваа сезона не ги поштеди жителите и туристите во Струга. Најгласни се угостителските објекти на плажите и дискотеките во градот, кои го реметат мирот и сонот на сите, се жалат стружани.Бројните забави во шпицот на сезона до раните утрински часови предизвикуваат бучава над  дозволените 50 децибели.„И годинава сме сведоци во поглед на почитување на јавниот ред и мир.Посебно во делот што се однесува на гласноста на музиката. На тоа реагираат не само граѓаните на Струга веќе добиваме и сериозни реакции од туристите, кои го посетуваат...

Продолжи со читање

Фатена „бандата“ мечки која провалуваше во куќи во Калифорнија и крадеше храна

Post Views: 11 Мечката „Хенк тенк“ фатена во Калифорнија по повеќе од 20 провали во куќи. Полицијата трагаше по озлогласената црна мечка повеќе од една година. Мечката тешка 200 кг, на која и дадоа прекар Хенк Тенкот, е „осомничена“ дека упаднала во повеќе од 20 домови во областа Лејк Тахо од 2022 година.Хенк е регистриран како мечка 64F и ќе биде преместена во прифатилиште во Колорадо. Нејзините три младенчиња најверојатно ќе бидат префрлени во засолниште во округот Сонома во Калифорнија.Одделот за диви животни во Калифорнија соопшти дека биолозите „безбедно ја...

Продолжи со читање

Нова трагедија кај Лампедуза, загинаа 41 мигрант, меѓу кои три деца

Post Views: 17 Четириесет и еден мигрант загинале, а четворица ја преживеале несреќата кај италијанскиот остров Лампедуза, кога бродот со кој патувале од Африка бил целосно уништен, велат преживеаните. Преживеаните – тројца мажи и една жена – им кажале на спасувачите дека биле на брод што го напуштил Сфакс, Тунис, во четвртокот, но потонал за неколку часа. Во него имало 45 лица, меѓу кои и три деца. По потекло се од Брегот на Слоновата Коска и Гвинеја, а на италијанскиот остров пристигнаа денеска. Меѓу жртвите има и жена од Брегот на Слоновата Коска и нејзиното...

Продолжи со читање

Вечерва свечено доделување на дипломите на матурантите од ОСУ „Св. Климент Охридски“

Post Views: 25 Вечерва во дворот на Гимназијата ќе се одржи свечено доделување на дипломите на матурантите генерација 2022/2023.Свеченоста ќе започне во 20 часот.Во чест на генерацијата матуранти 2022/2023 година, Ве покануваме да присуствувате на свеченото доделување на дипломите во кругот на Гимназијата. Предвидени се награди, многу музика и забава. На матурантите им го честитаме матурирањето и им посакуваме многу поголеми успеси во текот на нивниот живот! – велат од ОСУ „Св. Климент Охридски“. 

Продолжи со читање

Иван Антоновски e авторот на наградениот расказ на конкурсот Живко Чинго

Post Views: 11 Иван Антоновски е писателот на расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ под шифра: „Обид на македонистот“, кој од страна на комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, м-р Перчо Божиновски, член и доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, член, беше избран за најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“. Иван Антоновски (1990) е писател, книжевен критичар, есеист и книжевен преведувач, асистент на Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Автор е на неколку книги со студии и...

Продолжи со читање