Skip to main content

Автор: инфодеск

Субвенции за земјоделците

Post Views: 605 Одгледувачите на три житни култури и сончоглед ќе добијат субвенции од државата. За посевите засеани со сончоглед, пченица, пченка и јачмен, земјоделците ќе добиваат финансиски средства.Со парична помош ќе им се ублажат последиците од високите производствени трошоци, информира Билјана Ѓорческа, в.д.раководител на Агенцијата за поддршка и промоција на земјоделството.Финансиска поддршка за набавени вештачки ѓубрива, доколку земјоделското стопанство, барателите имаат набавено вешатачки ѓубрива во 2021 и 2022 година. До 31 мај може да се пријават во...

Продолжи со читање

Отворен ден во СОСУ Св. Кирил и Методиј

Post Views: 579 Утре во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во периодот од 10:30 до 14:30 часот ќе се одржи Отворен ден.Полуматурантите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со наставните планови, програми и можностите кои ги нуди ова средно училиште.Одличен избор на образовни профили, одлични технички и просторни услови. Квалитет и стручност. Ве очекуваме – велат од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

Продолжи со читање

Глобалното загадување убива 9 милиони луѓе годишно

Post Views: 310 Девет милиони луѓе во светот починале предвреме во 2019 година поради загадувањето, се наведува во студијата објавена во списанието „Лансет“.Еден од шест предвремени смртни случаи е поврзан со загадувањето, главно со лошиот квалитет на воздухот.Загадувањето и отпадот во воздухот, водата и почвата ретко убиваат директно, но се во основата на тешки срцеви заболувања, тумори, респираторни проблеми и акутни стомачни тегоби.Ефектите на загадувањето врз здравјето остануваат значително поголеми од оние на војната, тероризмот, маларијата, ХИВ,...

Продолжи со читање

Бензините поскапуваат за 2,5 денари

Post Views: 291 Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на цената на бензините за 2,5 денари/литар. Цените на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат.Од полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 94,5 денари/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 96,5 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,903 ден/кг и сега ќе изнесува 54,339 ден/кг.Дизелот и натаму ќе чини 86 денари/литар, а екстра лесното масло за домаќинство 84 денари/литар.Од РКЕ велат дека референтните цени на нафтените деривати на...

Продолжи со читање

Функционална проценка на попреченоста кај деца

Post Views: 521 Сојузот на специјални едукaтори и рехабилитатори на Македонија, ги повикува сите заинтересирани лица да го искажат својот интерес за учество на Јавниот повик за учество на сеопфатна обука за функционална проценка на попреченоста кај деца, втемелена на Меѓународната класификација за функционирање, попреченост и здравје (МКФ).Обуката се организира за потребите на стручните тела за функционална проценка по МКФ и е наменета за стручни лица: специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, лекари и социјални работници за територија на југозападниот плански регион...

Продолжи со читање

Изложба на дела од годишна ликовна работилница

Post Views: 427 Во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци” Струга, во сабота со почеток во 18 часот ќе се одржи изложба.На изложбата ќе бидат претставени дела од годишната ликовна работилница од основните училишта која се одржува во Улцињ, Црна Гора.Изложбата ќе биде поставена во фоајето на Центарот за културата.Во недела, изложбата е закажана со почеток во 17 часот.

Продолжи со читање

(ОБНОВЕНО) Пристигнаа холандските туристи

Post Views: 597 На охридскиот аеродром утрово пристигна првиот лет од Холандија. 155 туристи од Амстердам на седумдневен одмор дојдоа во Охрид.Холанѓаните се вљубени во Македонија. Некои гледале фотографии од одморот на свои пријатели, други каталози со натписи за нашата земја додека патувале на некоја друга дестинација. Па токму затоа решиле одморот да го минат на брегот на Охридското езеро.Сакаат да се запознаат со богатото културно и историско наследство, да го видат најголемото езеро во Европа, но и да уживаат во македонската традиционална храна.Ова ми...

Продолжи со читање

Армија од џуџиња војува против руската пропаганда

Post Views: 567 Откако пред седум години го анектираше полуостровот Крим и првпат ѝ се закани на Украина, Русија ѝ објави војна на Европа. Оваа војна сè уште трае и тоа особено на Интернет. Во Литванија, соседот на Русија и првата советска република што ја прогласи својата независност од блокот во 1990 година, онлајн армија од волонтери секојдневно излегува на Интернет за да се бори против постојаниот прилив на руски лажни вести и пропаганда, пишува FRANCE 24.Педесет годишен татко на две деца кој дење работи на „нормално“ работно место, неколку часа по завршувањето на...

Продолжи со читање

Од септември 15 отсто повисоки плати во образование

Post Views: 279 Учебната година ќе заврши нормално и без прекини во наставата откако СОНК и Министерството за образование (МОН) постигнаа договор.Платите ќе се зголемат за 15 отсто со почеток од септември годинава. На сите просветни работници ќе им бидат исплатени платите во целост, а ќе бидат потпишани и колективни договори за основно и средно образование.Конечно ги приближивме ставовите околу барањата кои СОНК ги достави до МОН. Во препораката од преговарачот ќе стои дека платите во дејноста основно и средно образование ќе се зголемат за 15 отсто. Овој процент ќе важи...

Продолжи со читање

Пристигнаа холандските туристи

Post Views: 355 Утрово на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, пристигна првата група туристи од Холандија.Како што беше најавено, со првиот чартер лет пристигнаа 160 холандски туристи. Според најавите предвидени се пет летови неделно од Амстердам.По две години пауза поради пандемијата, оваа туристичка сезона се очекува пораст на бројот на туристи од Холандија, кои со години традиционално летуваат на брегот на Охридското езеро. Погледнете го видеото на следниот линк

Продолжи со читање

Охриѓанец фатен со марихуана на ул. Аргир Маринчев

Post Views: 618 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.С. (32) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.При преглед извршен извршен на улицата „Аргир Маринчев” во Охрид, полициските службеници кај него пронашле опојна дрога Марихуана – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Ресенчанец нападнал девојка од Охрид

Post Views: 419 На 17.01.2022 година во 00:40 часот, во СВР Охрид приведен е Д.Т. (20) од Ресен.Тој, претходно ја навредувал и и се заканувал на неговата девојка од Охрид, а потоа физички ја нападнал. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање