Skip to main content

Автор: инфодеск

Грст награди за атлетичарите од АК „Охрид трчаТ“

Post Views: 413 Изминатиот викенд во организација на Атлетска федерација на Македонија во Скопје се одржа атлетски митинг „Светски ден на атлетиката” кој беше наменет за неколку категории на атлетичари и тоа сениори/ки, млади младинци/ки и Детска атлетика во двете категории 7/8 години и 9/10 години.На истиот натпревар членовите на АК „Охрид трчаТ” учествуваа со 42 атлетичари кои настапија во сите споменати категории. Претставниците на клубот забележаа значајни резултати и тоа во сите категории: 1. Детска атлетика категорија 9/10 години – екипно прво...

Продолжи со читање

Од инфо таблите не се гледа езерото

Post Views: 567 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“, граѓани се жалат на поставените инфо табли во центарот на Охрид. Велат дека таблите го попречуваат погледот кон езерото, паркот, пристаништето…Од табливе за инфо, не се гледа ни уредениот парк, ниту пристаништето, ниту пак езерото. Демек на две места за подобра информација. Ругло на Охрид – пишуваат граѓаните.

Продолжи со читање

Детско игралиште во лоша состојба

Post Views: 550 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ пристигнаа слики од детско игралиште во Охрид. Граѓани се жалат дека сеуште не е завршено реновирањето кое започнало пред околу три месеци. Паркот е оставен во лоша состојба. Ова е нивниот коментар:Сликите се од паркот меѓу ул. „Даме Груев“ и ул „Јане Сандански“. Овој парк се реновира скоро три месеци и никако да се заврши. Да видат граѓаните колку надлежните се „професионални“ во извршување на работите. Охрид не е само центарот – велат граѓаните за „Ти си твојот град“.Погледнете ги сликите во продолжение...

Продолжи со читање

Тепачка на улицата 8-ми септември во Охрид

Post Views: 559 На 15.05.2022 година околу 21:30 часот на улица „8-ми септември” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.М. (42) врз В.М. (74), двајцата од Охрид.Напаѓачот е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Македонија ќе примени блок тарифи за ел. енергија

Post Views: 393 Македонија станува прва земја во регионот која ќе примени блок тарифи за користење на електричната енергија. Ова го кажа на прес конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси Марко Бислимовски.Цената на највисокиот блок за домаќинствата ќе биде многу блиску до пазарната цена. Како причина за вовоедувањето на овие блоки тарифи, Бислимовски го наведе фактот дека 17 домаќинства во државата трошат 10% од вкупната потрошувачка на домаќинствата или 330 милиони Kwh или 30% од домашното производство од хидроелектраните во...

Продолжи со читање

75 години Институт за педагогија

Post Views: 585 Во организација на Институтот за педагогија при Филозовскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска започна Меѓународната конференција „75 години Институт за педагогија-Воспитно образовни предизвици и перспективи“ која до 18-ти мај ќе се одржува во Охрид.Во своето поздравно обраќање пред присутните градоначалникот Кирил Пецаков упати големо признание до организаторите за целокупниот придонес, како најстара високообразовна институција за едукација на педагози, наставници и воспитувачи во нашата држава.Одржувањето на овој академски...

Продолжи со читање

Над милион ковид случаи во Северна Кореја

Post Views: 382 Севернокорејскиот водач Ким Џонг-Ун ѝ нареди на војската да ја стабилизира дистрибуцијата на лековите за ковид-19 во главниот град Пјонгјанг во борбата против првото потврдено жариште на болеста во земјата, објавија државните медиуми.Минатата недела дојде првото признание на Северна Кореја за „експлозивната“ епидемија откако тој повеќе од две години тврдеше дека кај нив нема зараза. Експертите предупредуваат дека ова би можело да предизвика многубројни проблеми во земјата со ограничени медицински резерви и без програма за вакцинација.Лековите што ги...

Продолжи со читање

Нови цени на горивата

Post Views: 447 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 12.05.2022 година.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,258 ден/кг и сега ќе изнесува 52,436 ден/кг. Од 17.5.2022 година...

Продолжи со читање

Малолетник физички нападнат од две лица

Post Views: 247 На 14.05.2022 година во 21:30 часот, Л.Р. (36) од Охрид, во надлежната полициска станица пријави дека нејзиниот малолетен син, на 13.05.2022 година околу 21 часот на плоштадот „Крушевска Република” во Охрид, бил физички нападнат од две лица.СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот по што ќе поднесе соодветна пријава – се вели во соопштението.

Продолжи со читање

Нов проблем на рекреативната патека

Post Views: 557 Пред извесен период преку „Ти си твојот град“ граѓани реагираа на комунален проблем на рекреативната патека која води од каналот „Студенчишта“ до хотел „Парк“.Комунален проблем на рекреативната патекаОткако објавивме во нашата рубриката, комуналниот проблем беше решен, но сега се појави друг проблем.Водата ја нема, но сега ги има плочките оставени на милост и немилост, искршени половината се додека некој не ги собере за по дома – велат граѓаните, за „Ти си твојот град“.

Продолжи со читање

Жител на Лабуништа фатен со кокаин во Охрид

Post Views: 811 На 15.05.2022 година во 02:50 часот, полициски службеници од СВР Охрид-одделение за недозволена трговија со дрога, го лишија од слобода М.А. (28) од струшкото село Лабуништа.При преглед извршен на булеварот „Железничка” во Охрид, кај него пронајдена и одземена е кеса со опојна дрога Кокаин. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

11 возачи управувале возило под дејство на алкохол

Post Views: 367 На 14/15.05.2022 во периодот од 23.00 до 04.00 часот, на подрачјата на Охрид и Дебар извршени се контроли во патниот сообраќај.Притоа, полициските службеници затекнале 12 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-11, Дебар-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информираат од СВР Охрид.Сообраќајните контроли ќе бидат интензивирани на целото подрачје, со цел подобрување на сообраќајната безбедност. Апелираме на доследно почитување на...

Продолжи со читање