Автор: инфодеск
Post Views: 20 Ниската еколошка свест на граѓаните и бројните туристи и оваа сезона исплива на површина. Во утринските часови сликата е грда насекаде може да се видат расфрлани лименки, пластични шишиња и остатоци од храна,но најкритично е во центарот на градот, покрај кејот, во близина на пекарите и на оние локалитети, каде се организираат концертите. Од ЈП Охридски Комуналец велат условите се вонредни огромен е притисокот врз градот, механизацијата 24 часа се на терен, во текот на еден ден се собираат 80 тони најразличен отпад.„24 саати сме буквално на терен...
На 9 август ќе му биде доделена Светската Награда на Хуманизмот на Виктор Фридман
Post Views: 48 Светската Награда на Хуманизмот за 2023 година ќе му биде доделена на еден од најголемите американски и светски слависти проф. д-р Виктор Фридман, од Универзитетот од Чикаго, САД.Академик Фридман е седумнаесетти добитник по ред на ова исклучително признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, Романо Проди, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св....
Инфлацијата во јули изнесувала 8,4 проценти
Post Views: 15 Индексот на трошоците на животот во јули 2023 година, во однос на истиот месец минатата година, бележи зголемување од 8,4 отсто, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 4,9 отсто.Во јули 2023 година, споредено со претходниот месец, индексот на трошоците на живот е зголемен за 1 отсто, додека индексот на цените на мало пораснал за 1,6 отсто, покажуваат податоците од Државен завод за статистика.Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за...
Голем број медали за охридските стрелци на турнирот Илинден 2023
Post Views: 16 Заврши и овогодинешниот Турнир во гаѓање со воздушно оружје ,,Илинден 2023“ во организација на стрелачки клуб ,,Охрид” од Охрид, кој и оваа година беше под покровителство на Општина Охрид и Македонската спортска стрелачка федерација. И оваа година како и изминатите учество зедоа речиси сите клубови од државата и три стрелачки клубови од Бугарија: ,,Санел” од Сандански, ,,Пирин” од Благоевград и ,,Тракиа” од Пловдив со околу 60-ттина стрелци од сите возрасни категории. Од оправдани причини своето учество го откажаа клубовите од Србија,...
Охриѓанец пукал на свадба, двајца од гостите се здобиле со повреди
Post Views: 21 На 06.08.2023 околу 13.00 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на свадбена веселба во двор на улицата „Петрино” охриѓанец, кој бил гостин, испукал неколку куршуми од пиштол „Застава” калибар 7,62 милиометри. Притоа, 39 годишен гостин и неговиот малолетен син се здобиле со повреди, констатирани во Општа болница во Охрид. Полициски службеници од СВР Охрид извршија увид, при што биле одземени пиштол „Застава м57″ калибар 7.62 мм, пиштол „ЦЗ 99, карабин „Југословенски маусер”, ловечка пушка „Бајкал” и дозвола за оружјето, информираат од...
Започна Културното лето во Пештани
Post Views: 11 Синоќа во селото Пештани со пригодна свеченост започна културното лето и ќе трае шест дена. Во име на Општина Охрид присутните ги поздрави заменик градоначалникот Перчо Божиноски и воедно ја прими благодарницата што организаторите ја врачија заградоначалникот Кирил Пецаков, за континуираната поддршка.Љубителите на уметноста ќе можат да уживаат во миксот од серенадите, сериозната и народната музика. Исто така присутните ќе бидат почестени со поезиа и проза како и доза на хумор.“Денеска со почеток во 20.00 часот ќе има гастрономска вечер, каде присутните...
Дефинирани деталите за организација на првиот OHRID WATER FESTIVAL
Post Views: 14 Дефинирани се сите детали и деновиве финишираат завршните подготовки околу организацијата на првото издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival, која ќе се одржува во Охрид од 19-ти до 27-ми август.На денешниот заеднички состанок, организациониот тим на фестивалот и одговорните во клубовите за водени спортови го информираа градоначалникот Кирил Пецаков за поважните аспекти на предвидените спортски настани, како и за сите пропратни социјално-забавни содржини.Беше потенцирано дека за голем дел од спортските...
Четири лица повредени во сообраќајна несреќа на ул. Железничка во Охрид
Post Views: 37 На 06.08.2023 во 16.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Железничка“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Д.К.(56) од Охрид и патничко возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(50) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „фиат пунто“, Ј.Р.(75) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле возачот А.Р. и уште двајца негови сопатници, Г.Р.(45) и...