Skip to main content

Автор: инфодеск

Возило излетало од патот, двајца повредени

Post Views: 291 На 17.07.2022 во 07:35 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Врбјани и Сливово, општина Дебрца, патничко возило „Бмв” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А.(27) од Гостивар, излетало од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот, С.З.(21) и малолетен сопатник, двајцата од Гостивар, констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Започнува со работа Пајак службата во Охрид

Post Views: 1.393 Започнува со работа новата подружница на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, Пајак служба.За потребите на оваа посебна организациона целина на претпријатието со одлука на Советот, Општина Охрид му пренесе право на користење на товарно моторно возило за специјална намена пајак.Од ЈП „Билјанини Извори” ја известуваат јавноста дека од утре 19 јули (вторник) ќе започне да функционира Пајак службата и апелираат до сите корисници на автомобили да се придржуваат кон сообраќајните правила во делот на паркирањето на возилата.  

Продолжи со читање

Да се отстранат кајчињата од Сараиште и Канео

Post Views: 449 Општина Охрид го повторува повикот до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас на локалитетите „Сараиште“ и „Канео”, истите да ги отстранат во најбрз можен рок.Во спротивно од среда 20.07.2022 година Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците.Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој потег од општината, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите.

Продолжи со читање

Најуспешни на првенството во пливање во Охрид

Post Views: 337 Прогласени најуспешните пливачи на летното Национално првенство во пливање, кое викендов се одржа на отворениот базен на Спортско рекреативниот центар „Атина Бојаџи“ во Охрид.Помлади пионери:Влатко Цеков ПК Вардар 2018Неда Миленковска ПК МладостПостари пионери:Петар Цеков ПК Вардар 2018Сара Анастасовска ПК НептунКадети:Јован Јанковски П.В.К ОрионСофиа Дамјанова ПК Вардар 2018Младинци:Андреј Стојановски ПК НептунМиа Блажевска Еминова П.В.К.ОрионСениори:Андреј Стојановски ПК НептунМиа Блажевска Еминова П.В.К.ОрионНа Државното првенство...

Продолжи со читање

Профундис вечерва на Охридско лето

Post Views: 365 Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на камерниот ансамбл „Профундис“ од Скопје под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ. Солисти на вечерта се виолинистите Анна Кондратенко и Владимир Костов и пијанистката Весна Ангелова.Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Камерниот оркестар „Профундис“ е „млад“ уметнички состав, кој постои веќе три години и чии цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Во него...

Продолжи со читање

Пукање во трговски центар во Индијана

Post Views: 499 Три лица загинаа, а уште две се повредени откако вооружен маж отвори оган во ресторанот за храна во трговскиот центар Гринвуд, Индијана, во САД соопшти полицијата.Според полицијата неидентификуваниот напаѓач, возрасен маж, бил застрелан и убиен од легално вооружен 22-годишен маж кој бил присутен на местото на пукањето.Меѓу погодените има едно машко и четири женски, вклучително и 12-годишно девојче чии родители ја донеле во болница со полесни повреди по пукањето.Инцидентите со оружје во САД се зачестија, оваа година имало 350, според архивата за...

Продолжи со читање

Пожари во Словенија

Post Views: 360 Словенечките пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувна во северозападниот дел на Карс, во близина на границата со Италија.Повеќе од 180 пожарникари го гаснат огнот што избувна на тешко пристапен терен во долината Випава и поради ветерот и сувата вегетација брзо се прошири кон селото Темница.Командирот на Јавната противпожарна служба на Нова Горица, Симон Вендрамин изјави дека пожарот веќе ги зафатил Костањевица на Крас и Церје.Пожарот зафатил тешко пристапен или непрооден терен во должина од еден километар – рече тој....

Продолжи со читање

Тежок пристап до Kејот за лицата со хендикеп

Post Views: 655 Наши сограѓани преку рубриката „Ти си твојот град“ реагираат на проблем кој ги мачи лицата со хендикеп.Велат дека поради мал дел од патека на охридскиот Кеј, кој е несреден и нерамен, овие лица кои се во количка, имаат тежок пристап до езерото. Еве го нивниот коментар:Лицата со инвалидски колички велат дека со години не знаат како да постапат за да им се реши пристапот до езеро во најфреквентната улица кај старото одморалиште на ПТТ, на самиот Кеј на езерото, веднаш после хотел „Тино“. Со помош на други лица одат до езеро по истиот, нормално најкраток...

Продолжи со читање

Малолетници консумирале алкохол после 24 часот

Post Views: 326 На 17.07.2022 година од 23 до 03 часот, спроведувајќи мерки од кампањата „Безбедно лето 2022″, полициски службеници од СВР Охрид извршија контроли во угостителски објекти во централното градско подрачје во Охрид.Притоа, во повеќе угостителски објекти, после 24 часот, затекнати се малолетни лица кои консумираат алкохол. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 204 од Кривичниот законик, против правните субјекти ќе бидат поднесени пријави – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Претставата Демони одиграна пред охриѓани

Post Views: 563 Интимна модерна анти-бајка, духовита и истовремено сурова, одиграа актерите на Народниот театар Битола вчеравечер во рамки на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“.Носејќи ја театарската претстава „Демони“ на текст од Ларс Норен, а во режија на Васил Христов, актерите Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Марија Стефановска и Здравко Стојмиров одглумија  две двојки-сопружници преку кои ги извадија на површина скриените внатрешни демони што постојат во човекот.Илина Чоревска ја играше улогата на Катарина, жената којашто се повлекла во својот...

Продолжи со читање

Летно државно првенство во пливање

Post Views: 682 По пауза од две децении, Охрид повторно е домаќин на пливачки натпревар. Вчера на СРЦ „Билјанини извори“ започна Летно државно првенство во пливање, во организација на Пливачката федерација на Македонија и Пливачкиот Клуб „Акваспирит“ од Охрид, а под покровителство на Општина Охрид.Во името на градот домаќин, пред присутните пливачи и гости се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.Искрено сум возбуден што можеме да присуствуваме на првенство во пливање во Охрид, кој покрај сите епитети кои ги заслужува, сеуште како ехо на минатото го носи и...

Продолжи со читање

Пронајдена неексплодирана бомба

Post Views: 320 На 16.07.2022 година во 20 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското езеро , на охридското крајбрежје, пронајдена е неексплодирана бомба.Местото е обезбедено од полициски службеници по што, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, изврши подигнување за натамошна постапка – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање