Skip to main content

Автор: инфодеск

Жител на Подгорци вршел јавен превоз без лиценца

Post Views: 452 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.С.(19) од с. Подгорци, струшко и против правно лице со седиште во с. Подгорци, сопственост на првопријавениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.На 25.02.2022 на регионален пат Струга–Дебар, при контрола на автобус било констатирано дека пријавениот го управувал автобусот со измината дозвола – лиценца – информираат од МВР.

Продолжи со читање

Свикана единаесеттата седница на Советот

Post Views: 334 Свикана единаесеттата седница на Советот на Општина Охрид на ден 20.05.2022 година (петок) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.ДНЕВЕН РЕД1.      Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2022 година за периодот од 01.01. до 31.03.2022 година.2.      Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за подршка на локалниот економски развој на...

Продолжи со читање

Во месец март 10 одобренија за градба во Охрид

Post Views: 255 10 одобренија за градба се издадени во Охрид во месец март годинава, објави Државниот завод за статистика. Од нив за 7 градби како инвеститори се јавуваат физички лица, а 3 одобренија се издадени на деловен субјект. Во Струга издадено е само едно одобрение за градење на физичко лице. Во Охрид бројот на станови расте, иако бројот на население се намалува. Според податоците од пописот 2021 година кои беа објавени од Државниот завод за статистика во март годинава, бројот на станови пораснал за 15,52%.На ниво на државава во март годинава издадени се вкупно...

Продолжи со читање

Бројот на бегалци од Украина надмина 6 милиони

Post Views: 284 УНХЦР соопшти дека повеќе од 6 милиони бегалци ја напуштиле Украина откако Русија ја започна својата инвазија на 24 февруари. Агенцијата соопшти дека бројот на оние што заминале изнесува 6.029.705 луѓе заклучно со 11 мај, од кои 90 отсто се жени или деца.Украинските власти на почетокот на конфликтот им забранија на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години да ја напуштат земјата во обид да ја зајакнат воената, цивилната и друга одбрана. Многу од милионите кои избегаа заминаа во соседните земји, а најголем број во Полска. Уште осум милиони Украинци се внатрешно...

Продолжи со читање

Илон Маск го замрзна купувањето на Твитер

Post Views: 293 Милијардерот Илон Маск изјави дека неговото преземање на „Твитер“ привремено е паузирано. Објасни и зошто.Договорот за преземање на Твитер привремено е на чекање за да видиме дали лажните профили навистина претставуваат помалку од 5 отсто од корисниците – рече Маск.За потсетување, на крајот на април, Маск објави купување на „Твитер“ за 44 милијарди долари. По тој повод се огласија и од Твитер.Твитер потврдува дека постигнат е дефинитивен договор за купување. Компанијата ќе биде целосно купена од ентитетот во сопственост на Илон Маск за 54,20...

Продолжи со читање

Доаѓаат пороен дожд и грмежи

Post Views: 326 Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.Во недела, претежно во западните делови, времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.Во почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање со пораст на температурата.

Продолжи со читање

Улогата на албанските партии во РСМ 

Post Views: 561 Со Охридскиот Договор и Спогодбата за стабилизација и асоцијација, државата тргна во евроатлантска насокаОбликувањето на евроатлантскиот пат на Северна Македонија започна по вооружениот конфликт во 2001 година меѓу Ослободителната Национална Армија (ОНА) и Армијата на Република Македонија (АРМ), кој траеше нешто помалку од 8 месеци – од 22 јануари 2001 г., кога се случи нападот на полициската станица во Танушевци, до 13. август 2001 г., кога се потпиша Охридскиот рамковен договор меѓу двете завојувани страни, кој во суштина...

Продолжи со читање

Си ја фрлила ќеркичката од трети спрат

Post Views: 442 Трагедија утринава ја потресе Србија. Српските медиуми јавуваат дека мајка од балкон си го фрлила детето, петгодишната ќерка, па скокнала по неа.Во улицата „Грге Јанкеса“ во Миријево утрово околу 8 часот мајката М.К, и нејзиното дете, паднале од третиот кат од ходникот на зградата, а сосетката, која била сведок на страотната несреќа, кажала дека глетката била шокантна, јавува kurir.rs.Слушнав дека нешто пукна. Таа прво го фрли детето, па скокна по него, а малата врескаше и плачеше. Кога стаса Итната помош, го довикуваа детето, но тоа не одговараше...

Продолжи со читање

Градскиот стадион ќе биде затворен за користење

Post Views: 341 ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека од 15-ти мај до 5-ти јуни, Градскиот стадион, односно фудбалското игралиште, ќе биде затворено за користење.Имено, во наведениот период на фудбалскиот терен при Градскиот стадион ќе се вршат тековни годишни активности (дупчење, садење на трева и фрлање на ѓубриво) кои се во насока на подобрување на условите на фудбалското игралиште – велат од Јавното претпријатие.Од ЈП “Билјанини Извори” и во наредниот период ќе бидат фокусирани согласно годишната програма за подобрување...

Продолжи со читање

Пецаков : Унеско не бара слободни плажи

Post Views: 290 И оваа туристичка сезона плажите на охридското крајбрежје ќе останат неуредени. Агенцијата за просторно планирање не го изработи Планот за уредување на плажите. И после година и пол, сеуште не е завршен овој процес.Уредени плажи по сите еколошки стандарди се очекува Охрид да има идната сезона, вели градоначалникот Кирил Пецаков.Тоа што Охрид нема уредени плажи е катаклизма во секаква смисла на зборот. Тоа најдобро го покажа моето присуство на саемот за туризам во Белград, каде што тур операторите кои ги организираат туристичките тури кога ќе слушнеа за...

Продолжи со читање

Афирмација на праисториското културно наследство

Post Views: 248 НУ „Завод и Музеј“ Охрид склучи договор за соработка со Центарот за истражување на праисторијата од Скопје. Соработката е со цел афирмација и популаризација на праисториското културно наследство од Охридскиот регион.Првата активност во рамките на оваа соработка е одржување на концерт на џез бендот „Next to Silence“, кој ќе се одржи на реконструираната наколна населба во рамки на Музејот на вода кај Градиште, со што ќе започнат активностите за популаризација на овој исклучително значаен локалитет од праисториските времиња.Концертот ќе се одржи на 22-ри...

Продолжи со читање

Предистражна постапка за даночни малверзации

Post Views: 233 Отворена е предистражна постапка за даночни малверзации од група даночни обврзници, соопшти денеска Управата за јавни приходи. Во нивното соопштение е наведено дека утврдено незаконско работење сторено од даночни обврзници кое УЈП го детектираше уште во јули 2021 година. УЈП ги демантира тврдењата на опозицијата дека станува збор за некаква афера и испумпување на пари од државната каса.Во интерес на предистражната постапка на Јавното Обвинителство, информираме дека сите потребни материјали и податоци од страна на УЈП се доставени до институциите и дека се...

Продолжи со читање