Автор: инфодеск
Post Views: 10 На 05.08.2023 година во 13,15 часот, на плажа на брегот на Охридското езеро, приведени се четири лица на возраст од 19 години, сите од Битола.„При извршен преглед, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа опојна дрога Марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – информираат од СВР Охрид.
Седум лица во Охрид останаа без дозвола поради возење под дејство на алкохол
Post Views: 14 На 05/06.08.2023 година од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени контроли во патниот сообраќај.„Притоа, полициските службеници затекнале 12 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-07, Струга-01, Кичево- 02, Дебар-02). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.“ – иноформираат од СВР Охрид.
Евтини Секс Приказни со Стрезо и Коле
Post Views: 21 Утре во JAZZ INN во 20 часот, на програмата на Summer Comedy Marathon ’23, на огромно задоволство на публиката, следува шоуто Евтини Секс Приказни со Стрезо и Коле. „Тазе орални евтини секс приказни. Одново ќе ги читаме, итерпретираме и коментираме пишаните секс фантазии и „реални секс случки“ од разни форуми, портали и пишани романи во орална форма. Ги раскажуваме нашите секс авантури и секс искуства БЕЗ ЦЕНЗУРА, БЕЗ ИСАФ, БЕЗ КОЧНИЦИ, БЕЗ УСУЛ, БЕЗ ДИКАТ. “- најавуваат актерите Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски.Неверојатна вечер на ултра...
Вечерва започнува “Културно лето Пештани“
Post Views: 12 Свеченото отворање на манифестацијата “Културно лето Пештани“ која прераснува во традиционална ќе биде на самиот брег, во центарот на Пештани со почеток во 20.30 часот.„Сите уметности: ликовна, книжевна,музичка и драмска ќе бидат споени во една целина. Љубителите на уметноста ќе можат да уживаат во миксот од серенадите, сериозната и народната музика. Исто така присутните ќе бидат почестени со поезиа и проза како и доза на хумор.“ – велат организаторите од Граѓанското здружение “ARTE AZZURRA”.Културното лето во Пештани ќе трае шест дена.На 07....
Свечено отворена Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца” – Белчишта
Post Views: 16 Синоќа свечено беше отворена Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца” – Белчишта. Нејзиното 38-мо издание е посветено во сеќавање на Ѓорѓија Целески, основоположникот на ликовната колонија.Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески поздравувајќи ги учесниците на Ликовната колонија и присутните гости истакна дека 38–те години творештво на колонијата покажуваат дека Ликовната колонија “Дебрца” не е обичен културен настан, туку највисок културен дострел на Белчишта , како седиште на општината и на општина Дебрца.“Основоположниците на...
Сончево и посвежо време со температура до 26 степени
Post Views: 11 Времето денеска во Охрид претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и посвежо време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен и северозападен правец.Максималната дневна температура ќе се искачи до 26 степени. UV=8.Времето во Македонија во следните денови ќе биде стабилно и посвежо со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.
Со изложбата “Низ детските очи” заврши летната сликарска школа наТактус
Post Views: 24 Со изложбата “Низ детските очи 4” Здружението Тактус ја заокружи годинашната летна сликарска школа.Оваа година школата ја посетуваа 48 деца, а за време на 6-те недели колку што траеше беше посетувана и од гости. Беа изработени преку 250 слики.На изложбата вчера која беше поставена на малиот плоштад кај Мини Маркет, беа поставени 50 слики.“Лично, многу ми е жал што немаме можност да ги изложиме сите слики, но многу се радувам што барем дел од нив беа јавно покажани, затоа што ние во Тактус – Здружение за развој на...
Во Охрид се одржа Меѓународен турнир со воздушно оружје
Post Views: 16 Во организација на Стрелачкиот клуб “Охрид” денес на стелиштето Бејбунар се одржа Меѓународниот турнир со воздушно оружје. Во име на Општина Охрид организаторите и учесниците ги поздрави советникот Наум Јамандиев и го прогласи турнирот за отворен.Ги упатувам моите честитки до Стрелачкиот Клуб „Охрид“ и Македонската стрелачка федерација за успешното организирање на денешната спортска манифестација, во која сите ќе уживаме.Ние како локална самоуправа, остануваме доследни на нашите заложби за континурано помагање на спортот и спортистите. Верувам дека...
