Автор: инфодеск
Post Views: 14 Во понеделник (07 август) од 19.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Авантурите на Космонаутко“. Се работи за првото прозно дело од авторот Денис Јанкуловски, познат во јавноста како Космонаутко.Со авторот Јанкуловски за книгата ќе разговара издавачот, Дејан Трајкоски.Јанкуловски ги објавува неговите приказни од Ковид времето, а тие се топли, искрени, секојдневни и вистинити, полни со надеж. За многумина, Јанкуловски е еден од најголемите и најискрените хуманитарци од Македонија. Како медицинско лице и...
Вечерва концерт за виолина и пијано на „Охридско лето“
Post Views: 10 Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт на американско-рускиот виолинист Игор Пикајзен и македонската пијанистка Илинка Манова. Тие ќе настапат во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Игор Пикајзен е роден во Москва и е внук на легендарниот виолинист Виктор Пикајзен. Дипломира на „Џулијард“ во Њујорк, а магистрира и се здобива со уметничка диплома на престижниот Универзитет „Јеил“. Во 2019 година е назначен за професор по виолина на Музичката школа „Ламонт“ при универзитетот во Денвер. Наградуваниот виолинист...
Вонредна состојба во Словенија
Post Views: 15 Во Словенија издадена е црвена тревога од поплави. Долготрајни поројни дождови и излевање на реките се очекуваат и денеска, објави Агенцијата за животна средина.Земјата е во вонредна состојба поради невремето кое предизвика досега невидени поплави. Потврдено е дека досега загинаа три лица, од кои двајца холандски државјани. Илјадници луѓе се евакуирани.Хидролозите најавуваат смирување на ситуацијата со реките во текот на утрешниот ден.Министерот за одбрана на Словенија, Марјан Шарец, изјави дека земјата ќе побара меѓународна помош заради справување...
Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи
Post Views: 9 УХМР издаде метео предупредување за дестабилизација на времето на целата територија на државата во попладневните часови .“Под влијание на атмосферски фронт во попладневните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.” – објавија од управата.Во Охрид претпладне сончево и топло со засилен југоисточен ветер. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и...
АХВ проверува дали чипсот со акриламид влегол на македонскиот пазар
Post Views: 12 Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) врши проверки дали чипсот произведен во Србија за кој алармира Европската комисија го има на македонскиот пазар. Проверките следат по алармот дека во чипсот е откриено високо ниво на акриламид кој го зголемува ризикот од некои видови канцер.Ако се потврди дека го има во земјата, производот веднаш ќе биде повлечен од продажба.„Во Системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ сѐ уште не е нотирано дека овој производ е забранет и дека треба да се повлече од пазарите, а дали е кај нас влезен или не, веќе...
Со брза интервенција на ТППЕ изгаснат пожар во приземни простории во нас. Христо Узунов
Post Views: 22 Пожар денеска изби во деловни простории во комплексот згради во населбата Христо Узунов. Станари од блиската зграда до приземниот објект пријавиле во ТППЕ дека се издига чад. За среќа, противпожарната единица делуваше исклучително брзо и огнот веднаш беше изгаснат.Просториите во кои избувна пожарот не се користат, запуштени се и во вечерните часови претставуваат собиралиште на млади лица и бездомници. Жителите на оваа населба кажуваат дека во зимските месеци бездомници престојуваат во овие простории и дека повеќе пати таа појава ја пријавувале до...
Во касарната приведени две лица од Косово кај кои бил пронајден кокаин
Post Views: 19 На 04.08.2023 во 00.05 часот од просторот на поранешната касарна во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа М.Р.(24) и Б.А.(23), двајцата од Косово, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
Фестивалот „Охридско Лето“ ќе го прослави 63-от роденден со фадо музика
Post Views: 19 Најголемата музичко-сценска манифестација во земјава, фестивалот Охридско лето, денес го слави својот 63ти роденден. Богатата историја на фестивалот е доказ за влогот на многу генерации и нивните напори да се исткае успешната приказна на врвната културна сцена, а уметноста создадена на сцените на фестивалот, има универзален јазик со бескрајна моќ и влијание, истакна на денешната прес конференција по повод роденденот на фестивалот, Директорката Наташа Поповиќ.„Охридско Лето е фестивал со голема традиција и меѓународен углед. Плејада славни музичари и актери,...