Автор: инфодеск
Post Views: 18 Деновиве, особено во вечерните и раните утрински часови, во Охрид и пошироката околина видлива е заматеност во воздухот и се чувствува непријатен мирис на чад, неофицијално, предизвикано пред се од горењето на комуналната депонија во Буково.Од Центарот за јавно здравје – Охрид апелираат до граѓаните на Охрид, гостите, туристите, додека не се реши проблемот со горењето на комуналниот смет на депонијата во Буково, во вечерните и утринските часови да не ги отвораат прозорците и доколку почувствуваат мирис на чад, да останат во своите домови.„Поради...
Печалбарите ја преполнија Струга
Post Views: 11 Печалбарите ја преполнија Струга. Во екот на летната сезона градот на мостовите е преполн со посетители. Најбројни се печалбарите, кои годишните одмори редовно ги минуваат во родниот град. Потоа гостите од Холандија, Полска, Албанија, Косово и Турција. Експертите велат Струга има голем потенцијал и треба да работи на развој на алтернативен туризам.Треба да се искористи еколошки здравата храна и недопрената планинска природи за развој на одржлив туризам.„Постојат голем број на можности меѓутоа не се се уште искористени. Или се недоволно...
АХВ: Пријавено труење со храна во детско одморалиште во Охрид
Post Views: 15 Во детско одморалиште во Охрид пријавено труење со храна, информира директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски во интервју за МТВ.Во разговорот за безбедноста на храната директорот на Агенцијата посочува дека се уништени повеќе од 200 килограми храна која не одговарала на одредбите на Законот за безбедност на храна. Месото и млечните производи се лесно расипливи, предупредува Бабовски.Тие мора внимателно да се чуваат и да се приготвуваат, посочува директорот на АХВ во интервју за МТВ.
Распишан последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за мерка 3
Post Views: 16 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик од ИПАРД II програмата, со што заинтересираните треба да достават барања за користење средства по мерката 3 – инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Краен рок за поднесување на барањата е 18 септември.Финансиската поддршка е составена од 75 проценти средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД), согласно Финансиската спогодба 2014-2020 и 25 отсто средства обезбедени од...
Високо ниво на канцерогена состојка пронајдена во чипс произведен во Србија
Post Views: 18 Европската комисија на својата веб-страница објави дека високо ниво на канцероген акриламид е пронајдено во чипс со вкус на пиперка, произведен во Србија.Известувањето се однесува на Хрватска и Србија, стои на веб-страницата на европскиот систем за брзо предупредување. Чипсот не влегол на хрватскиот пазар, а пратката била уништена.Акриламид не може да се најде во свежата храна и главно се формира при преработка на храна на температури над 120 степени, како и при ниска влажност, што значи печење, пржење и други форми на подготовка. Најчесто се наоѓа во...
Изложбата “Антологија 3” ќе биде отворена вечерва во Куќата на Робевци
Post Views: 12 Вечерва во 20:00 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Антологија 3“.Оваа трета едиција на изложбата Антологија е посветена на апстрактното сликарство и енформелот во Македонија и во бившите југословенски простори и воедно претставува избор од најзначајните автори на овој правец, содржани во збирката на современа уметност.Апстрактната уметност на тлото на бившите југословенски простори се појавува после педесеттите години на 20. век и е морфолошки поделена на два вида сензибилитети, од една страна конструктивниот геометризам, а од друга...
Сончево и топло со температури до 34 степени
Post Views: 13 Времето денеска во Охрид сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 34 степени целзиусови. UV=9.До сабота во Македонија ќе се задржи многу топло време со натпросечна температура и со умерен, а во сабота засилен јужен ветер. Под влијание на атмосферски фронт во сабота попладне и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за...
Млади луѓе од Свети Николе, Скопје и Куманово се тепале на плажа во Охрид
Post Views: 16 На 02.08.2023 година во 17.30 часот, на плажа на брегот на Охридското Езеро, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.С.(23), Т.Д.(21) од Свети Николе, С.Д.(21) од Скопје и К.С.(21) од Куманово, од една и три 17-годишници од Свети Николе, од друга страна. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.