Skip to main content

Автор: инфодеск

Теристичка дезинсекција против комарци во понеделник

Post Views: 100 Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение:Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 14.07.2025 година (понеделник) ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци....

Продолжи со читање

ЕУ амбасадорот Михалис Рокас оствари средба со членовите на Советот на Општина Охрид

Post Views: 100 Во рамки на својата прва официјална посета на Општина Охрид, амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас, денеска оствари средба со претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски и со членовите на Советот.На состанокот се разговараше за низа значајни прашања поврзани со европската интеграција на Македонија, соработката помеѓу Општина Охрид и институциите на ЕУ, како и за актуелни и идни инфраструктурни проекти кои се реализираат во општината.Советниците поставуваа низа прашања, на кои амбасадорот Рокас со внимание...

Продолжи со читање

Охрид доби уште една година рок за зачувување на статусот на УНЕСКО

Post Views: 132 Охрид доби уште една шанса, нов рок една година  за исполнување на препораките. На 47. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз, денес е усвоен  амандманот со кој се одложи нацрт одлуката за впишување на регионот  на Листата светско  наследство во опасност. Одложувањето е условено со низа обврски за кои државата има рок до 1. февруари идната година да достави извештај.–Оваа одлука е резултат на заедничките заложби на Владата на РМ и Владата на Албанија кои беа препознаени од членките на Комитетот и другите надлежни инстанци. Со една...

Продолжи со читање

Во вчерашната сообраќајка животот го изгуби 83-годишен охриѓанец, повредени уште две лица

Post Views: 154 На 9-ти јули 2025 година, во 20:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Оровник, Општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа во која животот го изгуби едно лице.– Незгодата се случи помеѓу патничко возило марка „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 83-годишно лице од Охрид и патничко возило „Ауди“ со албански национални ознаки, управувано од страна на 36 годишно лице од селото Синичане, општина Боговиње. На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош...

Продолжи со читање

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас во прва официјална посета на Охрид

Post Views: 113 Приоритетите на локалната самоуправа и на ЕУ во поглед на овој град се исти, истакна високиот гости. На работаната средба со Градоначалникот Кирил Пецаков во фокусот беа проектите кои Општина Охрид ги реализира со поддршка на европските фондови, предизвиците и плановите за во иднина.-На средбата ги истакнавме неколкуте проекти кои во минатото ги завршивме заедно како Општина и како Европска Унија и сето тоа што го поддржуваат.  Поразговаравме и за предизвиците кои се пред нас, меѓутоа и сето она кое за нас е важно во наредниот период, кои се најголемите...

Продолжи со читање

Утре на детскиот репертоар претставата „Во царството на другарството“

Post Views: 136 Утре во 20:30 часот, на сцената кај „ТЦ Амам“, ќе биде прикажана уште една театарска приказна за најмладите – „Во царството на другарството“, а во изведба на Театар Хит од Скопје. Претставата носи порака за пријателство, разбирање и заедништво.Автор и режија на претставата е Сашо Ристовски, а улогите ги толкуваат Магдалена Ризова Черних, Ема Давчева и Сашо Ристовски.

Продолжи со читање

Девет активни пожари во Македонија, најдени докази за подметнати пожари

Post Views: 195 Центарот за управување со кризи утрово информира дека во моментов се активни девет пожари.Активни пожари (9):Чучер Сандево – Блаце (ниска вегетација)Шуто Оризари – с. Визбегово (депонија)Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (мешана шума)Македонски Брод 1 – помеѓу с. Црешнево и с. Локвица (дабова шума и грмушки)Македонски Брод 3 – с. Рамне (ниска вегетација, пожар проширен од фабрика „Самоков“)Македонски Брод 4 – с. Слатина (мешана шума)Македонски Брод 5 – с. Ковче (мешана шума)Чашка – под Солунска Глава, м.в. Изворите на...

Продолжи со читање

Во сабота во Охрид наречение, а во недела востоличување на новиот Митрополит Георгиј

Post Views: 166 Со црковни церемонии претстојниот викенд во Охрид ќе биде востоличен новиот Митрополит на Дебарско – кичевската епархија Георгиј. По тој повод Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, ги повикува верниците верниците да земат молитвено учество во големите и настани.-Почитувани верни чеда на Македонската православна црква Охридска архиепископија,Со неискажлива духовна радост, ве покануваме да земете молитвено учество во големите и бележити настани на нашата Света Црква: Наречение на новоизбраниот архијереј Дебарско-кичевски, архимандритот...

Продолжи со читање

Тешка сообраќајна несреќа во близина на охридскиот аеродром

Post Views: 133 Вчера вечер се случи тешка сообраќајна несреќа во близина на охридскот аеродром меѓу две возила, ауди и цитроен, со албански и македонски таблички.Повеќе лица биле пренесени во Специјализираната болница “Св. Еразмо” во Охрид, а неофицијално, во несреќата животот го загубило едно лице.На местото на несреќата присутни биле екипи на брзата помош, противпожарната единица и полиција.Во текот на денешниот ден се очекуваат повеќе информации.

Продолжи со читање

Света Јоана Мироносица

Post Views: 213 Таа е жена на Хуза, дворјанин Иродов (Лука 8, 1). Кога му ја отсече главата на Свети Јован Крстител, Ирод ја фрли на нечесно место. Јоана ја зеде главата на Крстителот и чесно ја погреба на Елеонската Гора, на еден Иродов имот. Дури во времето на царот Константин Велики се откри чесната глава на светиот Претеча Јован. Света Јоана се спомнува и како присутна при страдањето и Воскресението на Господ. Мирно се упокои.

Продолжи со читање

Денес сончево и посвежо со температури до 25 степени Целзиусови

Post Views: 94 Сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Од УХМР информираат дека ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).Минималните температури во Охрид од 11, а максималните до 25 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Повик за организирање јавна анкета и јавнa презентација за Нацрт Детален урбанистички план за УЗ 2 УБ 2.4 опфат 1

Post Views: 99 Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02и 202/24) и член 34 од Статутот на Општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 08/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), а во врска сочлен 27 став (5) и член 50 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.Весникна РСМ“бр.32/20,111/23, 73/24, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), Градоначалникот на Општина Охрид, упатува: ПОВИК ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАЦРТ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЗ 2 УБ 2.4 ОПФАТ 1, ОПШТИНА...

Продолжи со читање