Автор: инфодеск
Views: 758 Во рубриката „Ти Си Твојот Град“, граѓани реагираат на состојбата на плажата „Горица 3“, каде, како што велат, посетителите се соочуваат со проблеми при користењето на слободниот простор на плажата.Според нивните реакции, проблемот се однесува на делот од плажата каде што нема поставено лежалки, но каде што се издаваат педалинки. Граѓаните тврдат дека издавачите ги спречуваат посетителите да се задржуваат на песокот околу реквизитите, на просторот кој е слободен за користење.„На плажата Горица 3 луѓето секој ден реагираат за педалинките. Не ги оставаат посетителите да...
Од 4 септември акција за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на Охрид
Views: 200 Од ЈП Охридски Комуналец информираат дека од 4 септември започнува есенскиот циклус за подигнување кабаст и зелен отпад во Охрид.Од таму информираат деа календарот е опфатена секоја урбана заедница во градот со цел надминување на проблемите кои граѓаните на општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад и апелираат до граѓаните да се придржуваат до календарот, а за сите потребни информации да се јават на дежурните телефони 075-495-428 и 075-397-944.
Без вода неколку часа ќе бидат жителите на Стар град и населбата Бараки
Views: 172 Поради настанати дефекти на водоводната мрежа, денеска повеќе часа без вода ќе бидат корисниците од стариот дел на Охрид и од населбата „Гоце Делчев“ (Бараки).Корисниците од стариот дел на градот се без вода од 10:00 часот, додека прекинот во населбата „Гоце Делчев“ започна во 09:00 часот.Екипи на ЈП „Водовод Охрид“ се на терен и работат на санација на дефектите.
34 години од усвојувањето на првото државно знаме и химната на Македонија
Views: 248 На денешен ден во 1992 година, Собранието на Република Македонија донесе одлука со која беа усвоени новото државно знаме и химната на државата „Денес над Македонија“.Со собраниската одлука беше утврдено знаме со црвена основа и златно-жолто сонце, составено од осум основни и осум споредни сончеви зраци. Овој симбол беше официјалното државно знаме на Република Македонија до октомври 1995 година.По политичките случувања и меѓународните реакции поврзани со изгледот на знамето, на 5 октомври 1995 година беше усвоено ново решение. Црвената основа и златно-жолтото сонце...
Барокна вечер со уметниците Владимир Костов и Цветанка Созовска во „Света Софија“
Views: 172Еминентните македонски уметници , виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка Созовска вечерва ќе изведат барокна музика во рамки на фестивалскиот репертоар на 66. „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Цветанка Созовска – чембалоЦветанка Созовска е родена во 1975 година во Скопје. Започнува да учи пијано на 7-годишна возраст и основното и средното музичко образование ги завршува во класата на проф. Кармен Костова во МБУЦ „Илија Николовски-Луј”.Во 1996 дипломира во класата на проф....
Светиот маченик Калиник
Views: 158 Родум од Киликија. Од малечок воспитан во христијанското благочестие. Остави сè и тргна да го проповеда Евангелието. Во Анкира беше фатен од некој незнабожечки кнез Сакердон. Кога кнезот му се закани со грозни маки доколку не им се поклони на идолите, свети Калиник му одговори: „Мене секоја мака за мојот Бог ми е добредојдена како леб на гладен“. По страшни измачувања и заплашувања, кнезот го обу во железни опинци со внатрешни клинци и нареди да го водат до градот Гангрски, затоа што не смееше веќе да го мачи ниту да го погуби во Анкира, бидејќи мнозина што го гледаа јуначкото...
До 34 степени во Охрид, од четврток нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Views: 152 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Денес и утре ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во четврток и во петок наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а температурата ќе опадне за неколку степени.Температурите во Охрид од 18 до 34 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски
Успешно реализирана крводарителската акција „Плаошник 2026“
Views: 241 На 8 и 9 август 2026 година успешно беше реализирана крводарителската акција „Плаошник 2026“, во организација на Црвен крст Охрид во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.Акцијата се одржа во спортската сала на Основното училиште „Свети Климент Охридски“, при што беа собрани вкупно 60 крвни единици.Од Црвен крст Охрид изразија огромна благодарност до сите крводарители, истакнувајќи дека нивната хуманост спасува животи.









