Автор: инфодеск
Post Views: 393 ЈУНП „Галичица“ Охрид на 23-ти мај ќе организира Отворен ден на „Националниот парк Галичица и пријателите“.На овој настан Националниот парк ќе ја презентира својата работа, ќе разговара и дискутира со заинтересирани странки за различни прашања од интерес за заинтересираните страни, за Националниот парк и за заштитата на природата.Вршителите на дејност ќе имаат можност да извршат промоција на своите активности, а на настанот се очекува да се вкусува и подготвува традиционална храна од страна на претставници на организации од локалното население.Една...
Божествена Ѓурѓовденска литија денес во Струга
Post Views: 629 Со божествена Ѓурѓовденска литија Струга денес се поклони на патронот Георгиј Победоносец.Голем број верници и свештеници, монаштвото од Бигорскиот манастир и манастирот во Рајчица со чудотворните мошти на светителот и Карниниската икона на Богородица го осветија градот на мостовите.Силно го излеваат својот благослов овде меѓу нас и придонесуваат за сеопштата радост. Велат сеопшта и сенародна бидејки околу оваа еордија е обединета целата наша земја и соседните простори. Христос Воскресе! – вели Ефимија, монахиња од Рајчица.Стружани од...
ЈП Комуналец и НП Галичица потпишаа меморандум
Post Views: 244 Општина Охрид, ЈП „Охридски Комуналец“ и Национален парк „Галичица“, потпишаа Меморандум за соработка.Заедно со сите заинтересирани организации, здруженија, клубови и друштва изразија подготовка да отпочнат соработка на полето на заштита на природата и животната средина, како и одржување на чист и зелен Охрид.Соработката помеѓу договорните страни ќе се однесува на заеднички активности и едукација за подигнување на еколошката свест, заштита и унапредување на животната средина, одржување на јавната чистота и справување со депониите на територија на Општина...
Ја турнал планината за својата вила, реагираат граѓани
Post Views: 674 Граѓани преку рубриката „Ти си твојот град“ реагираат на бизнисмен од Битола, во чија сопственост е вила на охридското крајбрежје.Тие велат дека тој ја „турнал“ цела планина за својата вила, која според нивните кажувања е дивоградба.
7-ми мај е Ден на македонската полиција
Post Views: 325 Во чест на 7-ми мај – Денот на македонската полиција, Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Македонија-огранок Охрид, потпишаа меморандум за соработка.Меморандумот го потпишаа м-р Стефан Димоски, претседател на ИПА Охрид и полковникот во пензија Добре Велјаноски.Според одредбите, меморандумот подразбира унапредување на меѓусебната соработка во областа на безбедноста, изведување и учество на заеднички вежбовни активности и организација на настани од областа на...
Да и помогнеме на Адријана Стефановска
Post Views: 542 Ане е самохрана мајка која боледува од тумор на мозокот и на која и е неопходна итна операција која е закажана за 17-ти мај во Аџибадем Систина.Целиот третман чини 10 000 евра, средства кои Ане не е во можност да ги обезбеди. Уште еднаш да покажеме дека Охрид е ХУМАН и да и помогнеме на оваа самохрана мајка!Кутии за донација ќе бидат поставени во локалните кафе барови, како и во просториите на Црвен крст.Сите кои што можат и сакаат да помогнат, истото можат да го направат и преку уплата на средства на следната жиро сметка:Адријана...
Стоп за питачењето и злоупотребата на децата
Post Views: 503 Охрид е еден од градовите во државава во кој има најмногу питачи. Во зимскиот период има до 5 питачи, но на лето бројката расте и над 70 лица од кои добар дел се малолетни. Можете да ги сретнете низ чаршијата, кафетериите, рестораните, по плажите, околу маркетите.Нивното „работно време“ започнува од 11 часот и трае до 2 часот наутро. Питачат и на минус 15 на зима и на 40 степени на лето. Тепани се и малтретирани, а дел од нив од мали стануваат зависни од наркотици. Парите од питачењето завршуваат во џебовите на организаторите кои ги трошат за свои луксузни...
Црвен Крст Охрид во чест на Анри Динан
Post Views: 490 Делегација на Црвен крст Охрид положи свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан пред седиштето на организацијата. Големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за Движењето на Црвениот крст е роден на 8-ми мај 1828 година. Во негова чест овој датум се одбележува како Светски ден на Црвен крст и Црвената полумесечина. Охридската организација по тој повод ќе спроведе низа активности.Во вторник ќе се спроведе крводарителска акција во Факултетот за туризам и угостителство наменета за студенти и за сите граѓани. Во среда ќе се одржи инфо ден кога пред...
Експлозија на брод во Истанбул
Post Views: 295 Најмалку пет лица се повредени во експлозија што одекна на брод во Истанбул, јави турскиот весник „Сабах“.Од канцеларијата на гувернерот во Истанбул соопштија дека во 10:54 часот е добиено известување дека работниците кои работеле на бродот Gulf Petrolyum4 под знамето на Либерија, кој бил на одржување во бродоградилиштето во округот Ајдинтепе, биле изложени на труење со гас.На местото на настанот се испратени итни здравствени, безбедносни и противпожарни екипи и извршени се неопходни интервентни работи.Според првите добиени информации пренесени се 5...
Битолчанец загина во пожар
Post Views: 464 Едно лице загина во пожар кој утринава се случи во стан на 12-ти спрат во зграда во Битола.Од СВР Битола соопштија дека истрагата за пожарот кој утрово се случил во стан во зградата викана „пензионерска“ што се наоѓа во непосредна близина на основното училиште „Кирил и Методиј“, е во тек и по завршувањето ќе биде соопштен идентитетот на несреќното лице и причините за пожарот.Екипи на територијалната противпожарна единица во моментов вршат контрола на зградата и станот кој по пријавата за пожар го изгаснале, но, за жал возрасниот битолчанец најверојатно со...
Војната ќе предизвика економска нестабилност
Post Views: 516 Членовите на работната експертска група за надворешна и безбедносна политика и извршната директорка на Институтот Преспа, Ивана Јорданоска, Ангелина Цветковска, Весна Попоска, Весна Шапкоски и Андреја Поповски направиле анализа, која ја презентираа на 22.03.2022, за важни прашања поврзани со руската инвазија на Украина и нејзиниот ефект врз Европа, но и врз Северна Македонија.Според анализата, фактот што клучните производи како природниот гас, нафтата и пченицата доаѓаат од Русија и Украина, покажува дека во земјата се очекуваат шокантни цени и...
Тунева : Во воени конфликти да бидеме внимателни
Post Views: 531 Откако започна руската инвазија врз Украина, во земјава е забележително ширењето на дезинформациите, пропагандата, говорот на омраза. На што се должи тоа?Појавата на дезинформации не е нешто ново, се очекуваше да продолжат кампањите со дезинформации, шпекулации, пропагандно информирање. Ваквите појави се случуваат од причина што граѓаните веруваат во своите извори на информации, особено во она што се пласира на социјалните мрежи. Кога исклучиво се следи својот извор на информации и не се прави обид да се размисли во однос на вистината преку консумација на...