Skip to main content

Автор: инфодеск

Стоечки овации за тенорот Лечезе и пијанистот Хаса

Post Views: 11 Возвишено естетско доживување ѝ понудија на публиката италијанските уметници тенорот Џани Лечезе и пијанистот Екланд Хаса кои настапија на Италијанската вечер на фестивалот „Охридско лето“.Италијанската вечер на „Охридско лето“ е традиционална и се одржува со поддршка од Амбасадата на Италија во Република Северна Македонија. Амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри рече дека оваа вечер е посебна бидејќи се одржува на големиот национален празник Илинден, а од друга страна пак, годинава се одбележуваат и три децении од воспоставувањето на...

Продолжи со читање

Од полноќ поскапува дизелот

Post Views: 11 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87 %.Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ не се менуваат.Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 2,00 денари/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 2,50 денари/л.Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 1,489 денар/кг и сега ќе изнесува 45,031 денари/кг.Од 4.8.2023 година, од 00.01 часот,...

Продолжи со читање

Вевчани Би би си

Во туристичко Вевчани недостигаат сместувачки капацитети

Post Views: 9 Вевчани се поатрактивна  туристичка  дестинација. Расте бројот на туристи,  а со тоа и потребата од поголем број сместувачки капацитети. Општината го работи Генералниот урбанистички план во кои  предвидвидува повеќе локации за изградба на хотели, а веќе има заинтересирани  домашни и странски инвеститори.„Во процес сме на донесување на генералниот урбанистички план каде што се предвидени хотели. Нормално тоа зависи од инвеститорите од приватните инвеститори. Има заинтересирани инвеститори не само за сместувачки капацитети имаме заинтересирани и за лесна...

Продолжи со читање

Вонредна инспекција на Буково, пожарот на депонијата се гаси со дрон

Post Views: 13 Скоро една недела се крева чад од депонијата Буково. Службите на ЈП „Охридски Комуналец“ го санираат опожарениот дел, а во неколку наврати интервенирале и Противпожарните единици на Охрид и Ресен.Општински инспектор за животна средина од Охрид извршил вонреден инспекциски надзор во нестандардната комунална депонија во врска со опожарувањето, информираат од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).„Депонијата со механизација се затрупува со земја и се гаси и со беспилотно летало-дрон со течна алга, а до самозапалување е дојдено поради...

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков оствари средба со италијанскиот амбасадор Силвестри

Post Views: 16 Амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри, денес, оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков. Тие разговараа со туристичката сеозна и можноста за промоција на туристичката понуда на Охрид пред италијанскиот пазар.Соговорниците взаемно се согласија дека пилот проектот за изучување на италијански јазик во основните училишта помина одлично и затоа се планира оваа година тој да се надогради.Амбасадорот истакна дека ќе вложи напори за повторно активнирање на авиолинија од охридскиот аеродром до Италија.Во рамки на посетата, амбасадорот во...

Продолжи со читање

Француска вечер на „Охридско лето“ со пијано дуото  Дезомбре – Леклер

Post Views: 12 Француската  вечер на 63-тото „Охридско лето“  вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе  донесе концерт на четирирачно пијано со Дуото Дезомбре – Леклер.Француските пијанисти Ан Дезомбре и Уго Леклер ќе изведат класични композиции од Форе, Дебиси, Равел,Леклер и Ф. Пуланк.Родена во Париз, Ан Дезомбре започнува да свири пијано во родната Франција, а се усовршува во Монтреал, Канада каде студира пијано, пијано придружба и француска литература. Настапува на фестивалот „Карипски ноќи“ во Гвадалупе, на фестивалот во Нанси, на фестивалот...

Продолжи со читање

По бунтот на граѓаните против лежалките, засилени инспекции на грчките плажи

Post Views: 15 Граѓанско движење за слободни плажи „Пешкир бунт“ се шири во Грција, па власта најави засилени контроли против нелегално поставени лежалки.Протестите за слободни плажи започнале на Родос и Парос, но брзо се прошириле и на другите грчки острови со барања да се отстранат нелегалните лежалки кои ги поставиле баровите и рестораните на плажите и да има поголем простор за граѓаните.Движењето за слободни плажи реагира на тоа што има чувари на плажите, нема слободен простор и премногу скапи лежалки кои достигнуваат и до 120 евра. Лежалките во последните редови...

Продолжи со читање

Интернационалната уметничка колонија „Дебрца 2023“ посветена на Ѓорѓија Целески

Post Views: 30 Во сабота, на 5 август, во селото Белчишта, општина Дебрца, во 19.30 часот, свечено ќе биде отворена 38-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2023 “.Годинава, најстарата ликовна колонија во Македонија е посветена на нејзиниотосновоположник, неодамна починатиот педагог и ликовен уметник, Ѓорѓија Целески.Свеченоста, на која е предвидено ликовно изненадување, ќе се одржи во уметничката галерија која е отворена во 1985 година а обновена во 2005 година.На интернационалната уметничка колонија „Дебрца“, годинава ќе творат 10 ликовни уметници и тоа :...

Продолжи со читање