Автор: инфодеск
Post Views: 447 Станува збор за вонредни, наменски и привремени мерки преземени во многу посебен контекст и без преседан – руска воена агресија врз Украина. Овие мерки не се „цензура“ или „општа забрана“ и создаваат внимателен баланс: тие ги почитуваат основните права и ги ограничуваат само пропорционално како дел од режимот на законски санкции. Ова е дел од одговорот на ЕУ на јасна закана за мирот и безбедноста на Европа.Санкциите на ЕУ не ги спречуваат вработените да работат за овие медиуми, да ги извршуваат своите должности. Сепак, по руската инвазија на Украина,...
Охриѓанец нападнат од неколку лица во авто камп
Post Views: 337 На 05.05.2022 година околу 20:30 часот во СВР Охрид пријавено е дека во близина на авто камп лоциран на стариот регионален пат Охрид-Струга нарушен бил јавниот ред и мир.Пријавен е физички напад извршен од А.Г., Е.З. од Охрид и уште едно лице од Струга, врз С.М.(62) од Охрид. По целосно расветлување на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Приведени три лица кои нападнале полицајци
Post Views: 344 На 06.05.2022 година во 00:50 часот во СВР Охрид приведени се С.К.(37), Н.Т.(34), двајцата од селото Мешеишта, општина Дебрца и Љ.Н.(41) од охридското село Велгошти.Тие во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид агресивно се однесувале кон полициските службеници кои преземале службени мерки. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Поставување на урбана опрема за храна и сувенири
Post Views: 465 ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема се издава за следната намена:1. Урбана oпpeмa за продажба на храна и сувенириУлица Кеј Македонија – Вкупно 15 куќаркиГрафички приказ со нумерички ознаки на урбана опрема се дадени во изводот од годишната програма за поставување на урбана опрема за 2022 година бр.19-3264/2 од 15.03.2022.Урбаната опрема ќе се издава период на времетраење од 01.06.2022 до 30.09.2022 година.2. Почетна цена за издавање на урбана опрема на месечно ниво е:урбана опрема 4 м²...
Зголемени цените на угостителските услуги
Post Views: 390 Цените на угостителските услуги во април годинава се зголемени за 2,5 отсто во споредба со претходниот месец, а пораснале за 9,8 отсто во однос на април 2021 година.Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со март 2022 година зголемување е забележано во групите: Храна за 3,2 отсто, Алкохолни пијалаци за 1,4 и Безалкохолни пијалаци за 4,6 отсто.Цените на угостителските услуги, пак, за периодот јануари–април 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 6,3 отсто, додека во споредба со декември 2021 година...
Намален водостојот на Охридското езеро
Post Views: 714 За два сантиметри е намален водостојот на Охридското Езеро. Нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера.Согласно резултатите од последните мерења направени од УХМР, водостојот на Охридското Езеро е за седум сантиметри понизок од просекот за мај.Пониско од просечното и тоа за 1,79 метри е и нивото на Преспанското Езеро, додека на Дојранското Езеро е за 2,71 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината.Пониски од просечните се и водостоите на повеќето реки во земјава и речиси сите бележат намалување на...
Струга „опколена“ со отпад
Post Views: 434 Струга опколена со планини отпад, инспекторите најавуваат казни. Несовесните граѓани, со градежен шут и ѓубре ги затрупаа влезовите на градот и крајбрежјето. Пред туристичката сезона општината започна акција за расчистување на дивите депонии. Граѓаните добија налог да ги исчистат приватните имоти, во спротивно ќе ги расчисти општината на нивна сметка.Инспекторите најавуваат високи казни и запленување на возилата кои ќе се затекнат на лице место при одлагање на отпад.„Со цел да се минимизираат тие негативни влијанија, на два три пати ги имаме лоцирано сите...
Детска трка на 9-ти мај во Охрид
Post Views: 594 По повод Ден на Европа ќе се одржи „Детска трка“ на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Станува збор за неформална трка каде сите учесници (првачиња) ќе истачаат 100 метри поделени во групи. Трката е закажана за 9-ти мај (понеделник), со почеток во 12 часот.Нема победници на оваа трка, сите се победници како што и требиТ кога станува збор за дечиња од 6 години. Учеството на трката е секако бесплатно и за сите учесници, организаторот – АК Охрид трчаТ обезбедува маица, медал (финишер) и вода – велат организаторите.Оваа година покрај...
Крводарителска акција на ФТУ Охрид
Post Views: 648 Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузиона медицина-Охрид, на 10-ти мај (вторник) од 10-14 часот на Факултетот за туризам и угостителство, ќе организира крводарителска акција.Својата хуманост, дарувајќи крв ќе можат да ја искажат студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид, но и секој заинтересиран наш сограѓанин – информираат од Црвен крст Охрид. Крводарителската акција е во рамки на одбележувањето на Неделата на Црвениот крст под мотото „Биди човечен“.
Денес се празнува Свети Георгиј Победоносец
Post Views: 406 Oвoј славeн и пoбeдoнoсeн свeтитeл бил рoдeн вo Кападoкија какo син на бoгати и благoчeстиви рoдитeли. Таткo му пoстрадал за Христа и мајка му сe прeсeлила вo Палeстина.Кoга пoраснал, Гeoргиј oтишoл вo вoјска, кадe вo свoјата дваeсeтта гoдина дoстигнла дo чин трибун и какo такoв бил на служба при царoт Диoклeцијан. Кoга oвoј цар гo пoчнал страшнoтo гoнeњe на христијанитe, Гeoргиј излeгoл прeд нeгo и oдважнo испoвeдал дeка и тoј e христијанин. Царoт гo фрлил вo самица, нарeдил нoзeтe да му сe стават вo клада, а на градитe тeжoк камeн. Пoтoа нарeдил, та гo...
Свечено одбележан Денот на македонскиот јазик
Post Views: 239 Библиотеката „Григор Прличев“ Охрид со пригодна свеченост го одбележа 5-ти мај – Денот на македонскиот јазик. Развојот на денешната азбука, датира уште со појавата на Глаголицата и потоа со нејзината замена со Кирилицата.До Х век македонскиот јазик користел различни други писма, како грчкото. Но, појавата на Глаголицата, се стандардизирала и писменоста, истакна директорот на библиотеката Милчо Јованоски.Драго ми е што ја гледаме преполна нашата Прличева одаја, така ја личи. Се надевам дека ќе биде така и во сите наредни години кои доаѓаат заеднички...
Канализациона линија на крак од ул. Рашанец
Post Views: 498 ЈП „Нискоградба“ Охрид започна со градежни активности за изведба на канализациона линија крак на улица “Рашанец” во село Лескоец. Истата е во должина од 235 метри.Се поставуваат цефки со дијаметар Ф200 мм и изведба на 8 ревизиони шахти. Вредноста на овој проект изнесува 1,677,571 денари – информираат од претпријатието.