Автор: инфодеск
Post Views: 32 На 02.08.2023 година во 03.40 часот, во близина на угостителски објект на булеварот „Железничка” во Охрид, приведен е 33 годишен жител од охридското село Велгошти. При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа нож. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Културниот бран и оваа година ќе го заплисне Пештани
Post Views: 21 Во недела, на 6-ти август во Пештани ќе започне годинешното културно лето. Манифестацијата “Културно лето Пештани“ која веќе стана традиционална ќе трае шест дена.„Сите уметности: ликовна, книжевна,музичка и драмска ќе бидат споени во една целина. Љубителите на уметноста ќе можат да уживаат во миксот од серенадите, сериозната и народната музика. Исто така присутните ќе бидат почестени со поезиа и проза како и доза на хумор.“ – велат организаторите од Граѓанското здружение “ARTE AZZURRA”.Свеченото отворање ќе биде на 06. Август 2023...
Сончево и топло време со температура до 33 степени
Post Views: 10 Времето денеска во Охрид сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=9Максималната дневна температура ќе се искачи до 33 степени.До петок во Македонија ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.
Параглајдерист кој падна на Галичица пренесен со хеликоптер на скопските клиники
Post Views: 18 Заврши спасувачкатa операција за пронаоѓање на холандски параглајдерист кој попладнево падна на Галичица. Спасувачите од планинарската спасувачка служба од Црвениот Крст – Охрид пристигнаа на падините на Галичица на местото на несреќата.“По имобилизацијата со хеликоптер на МВР повредениот холандски државјанин е транспортиран во скопските клиники.” – информираа од Планинската спасителна служба Охрид.Според ЦУК, параглајдеристот има сериозни повреди на р’бетот.“Поради сериозните повреди на р’бетот параглајдеристот е...
Традиционално за Илинден во Охрид нема каде игла да фрлиш
Post Views: 18 Традиционално околу Илинден Охрид го живее шпицот на сезона, главниот туристички центар е преполн со туристи. Гужви во охридската чаршија, на градскиот кеј, во стариот дел на градот, голема посетеност на плажите вдолж брегот на Охридското езеро.Туристичките работници задоволни од сезоната, велат во Охрид и Струга овие денови се бара место повеќе, а целосна исполнетост ќе има до средината на август.„Очекуваме како што е сега полн градот во август да биде до крај на август а може и септември ако не послужи времето, да остане полн со туристи. Цените на...
Шампионот Струга Трим Лум оди во следното коло од конференциската лига на УЕФА
Post Views: 15 Екипата на Струга Трим Лум го мина Будуќност и се пласира во третото квалификациско коло во конференциската лига на УЕФА.Македонскиот шампион славеше во Подгорица со резултат 4-3 и со вкупни 5-3 обезбеди пласман во наредната фаза на ова натпреварување. На реваншот Марјан Радески постигна хет-трик, а погодок имаше и Бесарт Ибраими.Следен противник на Струга ќе биде екипата на Есперанж од Луксембург која го доби двомечот со ТНС од Велс.
Ивана Неделковска и Евгениј Поп Ацев победници на Илинденскиот маратон
Post Views: 24 Повеќе од педесет млади пливачи и пливачки, кои несомнено се иднината на македонското пливање, денес учествуваа на Илинденскиот пливачки маратон. Станува збор за третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање . На „Илинденскиот куп“, учествуваа пливачи од Македонија и странство, кои се натпреваруваа во две групи-категории. Во првата група се пливачи постари од 16 години , родени во 2007 година и постари. Во втората група се натпреваруваа пливачи од 8 до 15 годишна возраст, односно родени 2008 година и помлади.Прв на целта пристигна искусниот...
Италијанска вечер на „Охридско лето“ со тенорот Лечезе и пијанистот Хаса
Post Views: 12 Традиционалната Италијанска вечер на фестивалот „Охридско лето“ вечерва нуди концерт на извонредните уметници, тенорот Џани Лечезеи пијанистот Екланд Хаса кои ќе настапат под акустичните сводови на црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин, од 21 часот.Лечезе е ученик на Вилијам Матеуци и Леоне Магиера. Џани Лечезе дебитира во операта „Палјачи“ од Р. Леонкавало во театарот во Пиза, по што настапува со истата улога во Гросето, Пескара, Витербо во рамки на театарските сезони и на фестивали. Неговата...