Skip to main content

Автор: инфодеск

Виа Ферата Доброја веќе е во употреба

Post Views: 425 Пуштена во употреба првата Виа Ферата, безбедна патека за алпинистичко искачување на карпа со помагала, на Галичица. Патеката го доби името „Доброја“, локален назив за растението Питома Фоја, која е карактеристична за повисоките делови од националниот парк.Ова растение, посетителите ќе имаат можност да го видат веднаш покрај самата линија на фератата долга 535м. 145м се искачување на вертикални карпи, соодветно опремени со скалила, а останатиот дел, е пешачење по експониран терен со сајла. Поделена е во три раздели со различна тежина на качување и има три...

Продолжи со читање

Лозано и Некст Тајм со заеднички концерт во Охрид

Post Views: 526 Момците од Некст Тајм и Влатко Лозаноски-Лозано најавија голем заеднички концерт кој ќе се одржи на 30-ти јули на Антички Театар-Охрид. Несомнено, македонскиот туристички бисер, во екот на туристичката сезона, ќе биде домаќин на едни од најголемите музички имиња во моментов, на македонската музичка сцена.Лозано за кратко време на публиката и промовира две песни. За роденденот ја промовираше „Ме нервираш“, а претходно „После полноќ“. Со неговиот тим веќе работат на подготовки за снимање на видеоспот за уште една нова песна. Летово Влатко и неговиот бенд...

Продолжи со читање

Македонија европски шампион во Counter Strike

Post Views: 354 Македонија ја одбрани титулата европски шампион во „Counter Strike: Global Offensive“ (CS:GO), откако ја победи Украина со 2 наспроти 1 во мапи. Македонската репрезентација, односно тимот „BLUEJAYS“ го освои Европското првенство откако победи на решавачката мапа „Vertigo“ со 16 наспроти 13.Македонија изгуби на првата мапа, „Dust2“ со 5 наспроти 16, а потоа победи на мапата „Mirage“ со резултат од 16 наспроти 5.Репрезентацијата освои 10.000 долари на Европското првенство кое претходните неколку денови се организираше во романскиот град Орадеа, од...

Продолжи со читање

Кина воведува нови мерки против ковид 19

Post Views: 364 Голем број кинески градови воведуваат нови мерки против коронавирусот, од затворање на деловни активности до заклучување, за да се спречат нови инфекции, додека комерцијалниот центар Шангај се подготвува за уште една кампања за масовно тестирање откако регистрираше подваријанта на омикрон.Со оглед на тоа што Кина се држи до својата политика на „нулта ковид“ за брзо сузбивање на сите инфекции, строгите мерки на локалните власти доаѓаат и покрај малиот број случаи, во време кога голем дел од светот живее со коронавирус, коментираат светските агенции....

Продолжи со читање

Македонец предизвикал тешка сообраќајка во Србија

Post Views: 372 Припадници на МВР во Лесковац ќе поднесат кривична пријава против 26-годишен државјанин на Македонија поради сомнение дека сторил кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, соопштуваат српските медиуми.Како што се сомневаат, младиот маж од Македонија на автопатот кај Мала Копашница управувајќи „пасат“ се судрил со камион поради несоодветна брзина, пренесе „Танјуг“.Во таа прилика тој и уште тројца сопатници во двете возила се повредени – соопшти СВР Лесковац.Потоа, по пристигнувањето на екипата на Брзата помош, дошло до нова...

Продолжи со читање

Саем на книгата и бесплатна библиотека за странците

Post Views: 263 Од денеска и официјално за прв пат во Охрид, НУ Библиотека „Григор Прличев“ отвори бесплатно книжевно катче кое ќе функционира 24 часа.Трезорите на библиотеката се богати со странска литература особено на англиски и германски јазик, на јазиците на соседните држави и други светски јазици кои што гостите ќе можат да ги позајмат, но и да ги разменат со свои книги. Да зајмат или да остават. Тоа ќе биде ново искуство за нив при што одморот ќе можат да го поминат во дружба со книгата – велат од Градската Библиотека.Библиотеката за прв пат од денеска...

Продолжи со читање

Сончево со мала доумерена облачност

Post Views: 386 Денеска се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.УВ=8

Продолжи со читање

Сеуште се бара третиот македонец на Халкидики

Post Views: 423 И денеска продолжува потрагата по третиот исчезнат македонски државјанин, на првиот крак на Халкидики, во Посиди, откако вчера и завчера беа пронајдени неговите двајца пријатели живи.Вчерашната потрага во вода, од воздух и на копно не донесе никакви резултати.Откако не беше пронајден 28-годишниот од грчката крајбежна служба соoпштија дека потрагата ќе продолжи се до разденување, а за било какви новости ќе информираат со ново соопштение.Неговиот другар 30-годишниот Иван бил лоциран од хеликоптер на военото воздухопловство околу 15 часот во морската...

Продолжи со читање

Ќе се поставуваат рампи за инвалидизирани лица

Post Views: 522 После долгогодишните апели и последното барање на Здружението Мобилност Скопје, кое го пренесе Охриднет во петокот, на Охридското езеро ќе се поставуваат рампи за инвалидизираните лица. Утре, понеделник (11.07.2022) во 11 часот на плажата во Љубаништа ќе биде ставена во употреба пристапна рампа за лица со посебни потреби, а после поставувањето во Љубаништа, ќе се оди во Славија каде и таму ќе се постави иста таква рампа. Вакви рампи за прв пат се поставуваат во Македонија, а целта на нивното поставување е да и овие лица можат непречено да се капат во...

Продолжи со читање

Тепачка пред угостителски објект на ул. Железничка

Post Views: 618 На 10.07.2022 година во 04:35 часот, во СВР Охрид се приведени Д.Т.(32), Д.Џ.(35) и А.Т.(32), сите од Охрид.Тие, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т. од една, и Д.Џ. и А.Т.од друга страна. Притоа, Д.Т. се заканувал со остар предмет, но бил спречен од полициските службеници кои пристигнале на местото, со што бил избегнат поголем инцидент. Тие се приведени и по целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР.

Продолжи со читање

Контрола во угостителски објекти, пронајден пиштол

Post Views: 352 На 10.07.2022 година во 00:15 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е А.Н.(30) од струшкото село Велешта. При преглед извршен во угостителски објект во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа еден пиштол марка „Екол“ и два куршуми калибар 6,35 милиметри. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 10.07.2022 година во 02:00 часот, во СВР Охрид лишени од слобода се Е.П.(38) и О.С (39), двајцата од Струга. При извршена контрола во угостителски објект во Охрид, полициските службеници го затекнале О.С. како му...

Продолжи со читање

Пронајдени фалсификувани пари кај жител на Елшани

Post Views: 454 На 09.07.2022 година во 22:30 часот во СВР Охрид е приведен 16-годишник од охридското село Елшани, бидејќи кај него се пронајдени фалсификувани пари во вкупна вредност од 1050 евра и дрога.Имено, при преглед извршен на ул. „Гоце Делчев” во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа 21 банкнота од по 50 евра со ист сериски број и една ќеса со марихуана. По целосно расчистување и документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање