Skip to main content

Автор: инфодеск

Се асфалтира улицата Мурџеј Дрење

Post Views: 436 Продолжува градежната експанзија во Вевчани. Се реконструираат, санираат, асфалтираат нови локални улици.Деновиве започна асфалтирање на улицата „Мурџеј Дрење“. Продолжуваме со реализација и изградба на локалните улици во Вевчани – информира градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочоски. 

Продолжи со читање

Жител на Пештани повреден додека собирал чај

Post Views: 285 На 08.07.2022 во 09:50 часот, во СВР Охрид пријавено е дека од страна на Итната медицинска помош во Болница „Св. Еразмо” бил донесен повреден Б.С.(71) од с. Пештани, охридско, кој имал здравствени проблеми. Според пријавеното, Б.С. околу 05 часот заминал сам во Националниот парк „Галичица” да собира чај, при што паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Тој, бил пронајден во 09:30 часот од И.Т. од селото Смилево, демирхисарско, на патот Охрид-Стење-Национален парк Галичица. Полициски службеници излегоа на местото, се работи на документирање на...

Продолжи со читање

Пронајден жив уште еден од исчезнатите македонци

Post Views: 614 „(Новинар): Најдобриот роденденски подарок?(Иван): Да,да.. најлошиот подарок, би рекол.“Ова беше првата изјава на 30-годишниот Иван кој повеќе од 18 часа се бореше со немирните води на Егејското море. Воениот хеликоптер кој учествувал во акцијата го лоцирал исчезнатиот југозападно од полуостровот Касандра на Халкидики.Според грчките медиуми, Иван со часови пливал држејќи се на топка, која струите ја донеле близу до него. Со глисер на крајбрежната служба тој е однесен до пристаништето Неа Скиони, а оттаму е транспортиран до најблиската болница....

Продолжи со читање

Поплави во Грција

Post Views: 430 Невремето што од вчера зафати голем дел на Грција предизвика поплави и проблеми, особено во северните региони на земјата. Меѓу најпогодените беа Халкидики, Солун, Лариса, како и островите Тасос и Евија, каде што поради обилниот дожд се поплавија голем дел од улиците.Вчера, во период од шест часа противпожарна служба во Солун, Кукуш и Пела добила 340 повици за интервенција поради поплавите и невремето.Паралелно, удари на гром на три различни локации на Пелопонез предизвикаа помали пожари, а гром удри и во куќа во Лариса и го уништи кровот.Засега, освен...

Продолжи со читање

Маск се откажува од купувањето на Твитер

Post Views: 366 Главниот извршен директор на Тесла и најбогатиот човек на светот Илон Маск изјави дека го раскинува договорот за купување на Твитер вреден 44 милијарди долари, бидејќи компанијата не дала информации за лажните сметки.Акциите на Твитер во петокот паднаа за 5 отсто на 36,81 долари, што е многу помалку од 54,20 долари колку што во април понуди Маск да ги плати. Во меѓувреме, акциите на Тесла се зголемија за 2,5 отсто, односно на 752,29 долари.Претседателот на Твитер, Брет Тејлор изјави дека оваа компанија ќе покрене правна постапка.Одборот на директори...

Продолжи со читање

Промоција на романот Надеж

Post Views: 296 Во среда, на 13-ти јули 2022 година, во Градската библиотека „Григор Прличев” во Охрид ќе биде промовирана книгата „Надеж” од Ване Николоски, наш автор од Австралија – писател и голем љубител на природата и својот Охрид.Часовите искористени во пишување и читање, најмногу ме исполнуваат. Пишувањето, креирањето на карактери, настани, места, емоции се моја душевна храна без која не можам да функционирам нормално. Романот „Надеж” е една универзална приказна за љубовта, доблеста, пожртвуваноста и надежта – вели авторот.Почетокот...

Продолжи со читање

Тешка сообраќајна несреќа на улицата Железничка

Post Views: 941 Рано утрово на улицата Железничка се случила тешка сообраќајна несреќа, во која учествувале две возила. „Фолсваген Пасат“ со охридски и „BMW“ со струшки регистарски таблички, пишува порталот Охрид Прес.Неофицијално, повредени се две лица.Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.Фото/ОхридПрес

Продолжи со читање

Сообраќајна несреќа кај Велешта

Post Views: 457 На 8-ми јули 2022 година, во 18:45 часот, се случи сообраќајна несреќа на регионалниот пат Р1201 Дебар-Струга, во струшкото село Велешта, во која е повредено едно лице.Патничко возило марка „Рено клио“, со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 26-годишниот О.Д. од струшкото село Лабуништа, удрило во велосипед управуван од 81-годишниот Н.Ќ. од селото Велешта. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Известен е Јавен обвинител, а увид извршила екипа од Полициската станица од...

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков го честита Курбан Бајрам

Post Views: 326 Градоначалникот Кирил Пецаков упати празнична честитка по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам.Со најискрени желби за добро здравје, мир и благосостојба на сите граѓани од муслиманска вероисповед им го честитам празникот Курбан Бајрам!Овој голем празник ги потврдува универзалните вредности на човекољубието, носи поголема солидарност, не учи да помагаме и простуваме.Посакувам вербата и љубовта кон Бога да ни даваат сила за да продолжиме да чекориме по патот на соживотот, како една од главните придобивки на нашето мултиетничко општество. Само...

Продолжи со читање

Денес се слави Курбан Бајрам

Post Views: 376 Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан-Бајрам.На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња.Оние што принеле жртва потоа од месото раздаваат на сиромашните, соседите и на роднините.Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и...

Продолжи со читање

Ултра маратон на Ивана Илоски околу Охридското езеро

Post Views: 452 Охриѓанката Ивана Илоски вчера оствари несекојдневен подвиг, трчајќи ултра маратон околу Охридското Езеро во вкупна должина од 101,2 километри. За таквиот јуначки чин и’ беа потребни нешто над 11 часови константно трчање, во правец Охрид – Струга – Ќафасан – Поградец – Свети Наум – Охрид.Ивана скоро две децении живее во Сиднеј, Австралија и го користи секој слободен момент за тренирање и маратонско трчање. Досега учествувала во поголем број маратони со меѓународен карактер, а после двегодишните Ковид забрани конечно...

Продолжи со читање

Мобилност бара плажи за инвалиди

Post Views: 361 Повеќе од една деценија инвалидизираните лица бараaт адаптирана плажа.Изготвени се повеќе проекти, одредени се и неколку локации на брегот на Охридското Езеро, но надлежните немаат слух, се жалат од Здружението Мобилност.Со години се соочуваат со препреки, најново е образложението дека езерoто е под закрила на Унеско и не смее да се бетонира брегот, но постојат и алтернативни решенија по теркот на развиените земји, каде успешно функционираат капалиштата за телесни инвалиди.Повеќето од нас се здрави во горните екстремитети, кога би имало таква...

Продолжи со читање