Skip to main content

Автор: инфодеск

Од денеска на подрачјето на СВР Охрид стартуваше велосипедската полициска патрола

Post Views: 16 Од денеска СВР Охрид, во редовната полициска работа низ градот и туристичките населби во околината, ја воведе велосипедската полициска патрола.Униформирани полициски службеници на велосипед се вклучија во редовните превентивни, но и репресивни делувања на терен, пред сѐ, за одржување на јавниот ред и мир, како и активности за спречување кражби и други кривични дела и прекршоци, откривање и приведување на сторители на разни кривични дела по плажите и паркинзите, како и во централното градско подрачје.Велосипедската полиција е современа форма на...

Продолжи со читање

Оглас: Тамаро има потреба од вработени за маркетите во Даљан, Лескоец и кај Крст џамија

Post Views: 16 „Тамаро“ маркети објавуваат оглас за вработување.Отворени се работни позиции во следните „Тамаро“ маркети:– Тамаро 4 (Даљан),– Тамаро 2 и 3 (Лескоец) и– Тамаро 10 (Крст џамија)Доколку сакате да станете дел од тимот на Тамаро обратете се за повеќе информации и закажување интервју на телефонот 078/459-929 (од 08:00 до 14:00 часот).

Продолжи со читање

Зголемен бројот на пожари во струшко

Post Views: 15 Струшката Противпожарна единица само во месец јули имала 15 поголеми интервенции на терен. Најчесто се работи за шумски пожари или спалени земјоделски површини поради палењето на стрништа.Струга има 40 пожарникари,  четири  опремени противпожарни, кои покриваат терен од над сто илјади жители. Од пожарната велат, зачестените пожари се должат на   високите температури и невниманието на жителите.„Има овој месец, летно време а ние знаеме кога иде летно време имаме повеќе пожари. По стрништа, по жумски пожари. Отприлика само овој месец...

Продолжи со читање

Целовечерен концерт на „Камерата Академика“ на Охридско лето

Post Views: 14 Камерниот  ансамбл „Камерата Академика” од Словенија вечерва  ќе има целовечерен концерт на музичката програма од фестивалот „Охридско лето“.Во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот ќе настапат флејтистката Каролина Шантл-Жупан, обоистот Матеј Шарц, кларинетистот Јоже Котар, Зоран Митев на фагот, Јоже Рошер на хорна и саксофонистот Миха Рогина. Составот во кој ќе се претстават на „Охридско лето“, секстет сочинет од флејта, обоа, кларинет, фагот, хорна и саксофон е особено интересен поради тонската различност на инструментите која овозможува...

Продолжи со читање

Утре ќе се одржи 44-от Илинденски пливачки маратон

Post Views: 12 Tрадиционално утре на 02.08.2023 год. (среда) ќе се одржи 44-от Илинденски пливачки маратон на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км, во организација на Клубот за спортови на вода Охридски бранови 2008 Охрид, а под покровителство на Советот на општина Охрид.На овој пливачки маратон учество ќе земат преку 50 пливачи од Македонија и странство, кои ќе стартуваат во две групи-категории-првата група (пливачи постари од 16 години старост – родени 2007 и постари), – втора група (пливачи од 8-15 годишна возраст, односно родени 2008 и...

Продолжи со читање

Надлежните ја затрупуваат со земја и третираат со алга депонијата Буково

Post Views: 14 Чад се издига од депонијата Буково кој се чувствува во пошироката околина на селата Куратица, Плаќе, Свиништа, Речица, Завој.Од ЈП Охридски Комуналец велат дека се преземаат мерки на депонијата која неколку дена е опожарена. Од јавното претпријатие се сомневаат дека пожарот е подметнат од страна на непознато лице.Од страна на екипите на ЈП е излезено на терен кои во заедничка акција со Противпожарната единица од Охрид и Ресен се превземаат мерки за локализирање и гаснење на подметнатиот пожар. Депонијата се третира со прскање на алги со цел...

Продолжи со читање

Во Крушево започнуваат чествувањата за Илинден

Post Views: 17 Под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината”, годинава, се одбележува 2-ри Август, Денот на Републиката – Илинден. Со отворањето на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ вечер на Гумење во Крушево и официјално почнува чествувањето на големиот празник Илинден.На отворањето на манифестацијата ќе се обрати претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.Во рамките на чествувањата за Илинден, делегација денеска во 10 часот ќе ја посети Спомен-куќата на Смилевскиот конгрес во Смилево, а пред споменикот на Дамјан Груев ќе положи свежи...

Продолжи со читање

Сончево со умерена облачност и температура до 31 степен

Post Views: 16 Времето денеска во Охрид сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=8.Максималната дневна температура ќе се искачи до 31 степен.До петок времето ќе биде стабилно со слаб до умерен јужен ветер и со пораст на температурата. Во сабота во попладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец, кој ќе предизвика опаѓање на температурата.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање