Skip to main content

Автор: инфодеск

Улицата Кленоец повторно под вода и фекалии

Post Views: 1.007 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од Христијан Атанасов. Тој вели дека дождот кој заврна во текот на вчерашниот ден повторно го однесе целото ѓубре во нивните дворови. Ова е неговиот коментар:Повторно се соочуваме со проблем на улицата Кленоец. Дождот повторно ја преполна улицата, шахтите се излеваа. На сликите можат да се видат и фекалии по патот. Цела вода и ѓубре доаѓа во нашите дворови. Надлежните сеуште не преземаат ништо – вели Атанасов за „Ти си твојот град“.

Продолжи со читање

60 000 денари помош за турнирот Петровден 2022

Post Views: 422 Во моментов најзначајниот спортски настан во општина Дебрца е турнирот во мал фудбал “Петровден 2022”, во село Мешеишта, кој Општината и оваа година како покровител на настанот го помогна со 60.000 денари.Општина Дебрца даде свој придонес и на останатите одржани спортски манифестации во општината, како :-Меморијалниот турнир во фудбал „Кире Николоски-Камачо” во село Лешани, со 30.000 денари ,-Меморијалниот натпревар „Мирко Јончески-Мичула” во село Велмеј, со 15.000 денари.Согласно Годишната програма за спорт ќе бидат...

Продолжи со читање

Подобрување на заштитата на природните растенија

Post Views: 308 Општина Дебрца, ве поканува да учествувате на Финалниот Настан на проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓуграничната област – CONSE PP“.Финалниот настан ќе се одржи на 11-ти јули 2022 година, со почеток во 10 часот, во просториите на Општина Дебрца.Учесници на финалниот настан ќе бидат и претставници на останатите партнери во проектот, односно од Грција претставници на Институтот за одгледување на растенија и генетски ресурси (ПП1), Општина Терми (ПП2), и од Северна Македонија претставници од Општина Дебрца (ПП3), Јавното...

Продолжи со читање

Нови 355 случаи на ковид, двајца починати

Post Views: 480 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.129 тестови, а регистрирани се нови 355 случаи на КОВИД-19.Скопје – 156, Охрид – 32, Битола – 29, Кавадарци – 28, Куманово – 19, Велес – 18, Прилеп – 10, Тетово – 9, Струмица и Кочани – по 6, Гостивар – 5, Штип, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Валандово – по 4, Струга – 3, Крива Паланка, Делчево, Дебар, Пробиштип, Богданци и Кратово – по 2, Ресен и Свети Николе – по 1.Од вкупниот број на позитивни (355), регистрирани се 89...

Продолжи со читање

Приведен жител на Љубојно поради тешка кражба

Post Views: 328 На 06.07.2022 во 19:00 часот во Охрид, полициски службеници од Одделeнието за криминалистичка полиција при СВР Охрид го лишиле од слобода Ѓ.З.(31) од с.Љубојно, ресенско.Тој бил баран по централен распис од СВР Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик. Притоа, кај него биле пронајдени пари, во различни апоени и валути и повеќе други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде...

Продолжи со читање

Доделување грантови за развој на социјални услуги

Post Views: 353 Денес во големата сала на Општина Охрид ќе биде презентиран Вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво кој го спроведува Проектот за подобрување на социјалните услуги, имплементиран од Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка.Од страна на претставници на Проектот за подобрување на социјалните услуги, пред претставниците на општините и невладините и граѓанските организации од Југозападниот плански регион, на настанот ќе бидат презентирани роковите и постапката за идно аплицирање...

Продолжи со читање

Хуманитарен здравствено едукативен настан

Post Views: 420 Во рамките на своите здравствено-превентивни активности, Црвен крст Охрид во соработка со „Орифлејм Македонија“, Тим Татјана 421-Охрид, организираат хуманитарен здравствено-промотивен и едукативен настан на кој ќе биде претставена линијата за здрав живот.Охридскиот тим на „Орифлејм Македонија“ преку своите кратки корисни презентации за здрав живот, ќе ги понуди за дегустација производите од Wellness програмата, а ќе врши и мерење на Танита вага на која секој заинтересиран посетител, по промотивна и симболична цена ќе може да ја одреди својата телесна тежина...

Продолжи со читање

Работници од Турција за угостителскиот сектор

Post Views: 440 5.000 работници од Турција за пополнување на недостигот од кадар во угостителскиот сектор во државава, најави Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори.Кадарот може да се обезбеди во соработка со организациите од Турција, кажа на прес конференција претседателот на ТУК, Аркан Керим дообјаснувајќи дека тие квалификувани работници веднаш ќе почнат да работат во домашните капацитети доколку надлежните институции овозможат нивно вработување под условите кои важат и за македонските државјани.Во комуникација со секторските здруженија и...

Продолжи со читање

Заврши летната школа за млади уметници

Post Views: 571 Заврши првата летната школа за млади, идни уметнички надежи на Вевчанската колонија. Дваесетина деца од Југозападниот регион во земјава изминативе десетина дена ги откриваа тајните на сликарската уметност.Часовите по ликовна уметност се одржуваа во живописната природа на прекрасното Вевчани, издигнато на Јабланица, во рамките ма Меѓународната ликовна колонија Вевчански видувања, под раководство на професорката Лара Ташковска.Ташковска вели открила многу млади таленти кои лесно ги совладале техниките и основите на уметноста.Многу таленти...

Продолжи со читање

Почнува вакцинација со четврта доза против ковид 19

Post Views: 471 Четврта доза може да примат лицата над 18 годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид. Граѓаните од денеска можат да се обратат во вакциналните пунктови, за што не е потребно закажување, соопшти Министерството за здравство. Вакцинацијата со четврта доза, како што посочуваат од Министерството, е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на „Фајзер” или „Модерна”.Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци. Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично...

Продолжи со читање

Ријана стана најмладата милијардерка во Америка

Post Views: 576 Ријана официјално стана најмладата милијардерка во Америка која сама го стекнала своето богатство.Пејачката која годинава наполни триесет и четири години, неодамна беше прогласена за најдобро рангирана музичарка на листата на Форбс, а сега стана единствената милијардерка помлада од 40 години.Богатството на Ријана се проценува на 1,4 милијарди долари, што се должи на успехот на нејзините брендови „Fenty Beauty“, „Fenty Skin“ и „Savage X Fenty“.Не можев ни да замислам дека ќе заработам толку пари. Секако, и понатаму продолжувам да работам напорно,...

Продолжи со читање

Конкурс за најдобар расказ

Post Views: 621 По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот Конкурс за најдобар расказ.Услови за учество на Конкурсот:Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија;Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ;Авторското право се докажува со четвртиот примерок;Краен рок за доставување на трудовите е...

Продолжи со читање